На моето само масажа му помогна. Ама упорно, со денови му го масирав внатрешниот крај на окото кај тоа како топче. На секое цицање. Излегуваше едно чудо секрет со солзи и после исчезна. Од раѓање се маткав со тоа, 6 месеци. Де капки, де маст, физиолошки, Иридиум марамчиња...
Оли моево има 3-4 пати на ден млеко по 150-170мл, и плус доручек и вечера од 150-190 гр.зависи кога како е расположен и плус ручек 220 гр. Ретко 190 јади за рулек секогаш јади голема тегличка.. Ваков рспоред има.. 6:30-7 Ад 9-9:30 доручек Околу 12:30-12 Ад 14:14:30 ручек Околу 17 му е вечерата И пред спиење 19-20 пак Ад.. Ретко измеѓу ручек и вечера пие Ад, а ако пие тогаш вечерата му е ококу 18ч.и пред спиење пие помалку млеко сит е..
Јас мислев мојот многу јаде ама не можам да му скратам кога си бара. Сега кога ве читам колку млеко пијат вашите си викам да не му треба уште една ужина Зашто вака ич не е дебелко, напротив кога стои исправен баш ми е згоден дечко Не знам што да направам веќе да пие ад барем пред спиење.
Леле колку ми олесна за млекото, фала што пиша и ти. Гледам распоредов ни е ист, саатите се поклопуваат Дремки има една од 10-10:30 до кај 12 и уште една после ручек околу 15 до кај 16:30. Ноќе не пие млеко? Знам дека ја преспива ноќта, но како ја поминува? Се буди ли за вода или за млеко? И моево кога стои е шланг, ама кога ќе седне, мало меше напрчено има Да пробаш со чавче да му дадеш? Знам дека си пие вода и нема гајле, па можеби ќе сака и млеко. Мојов го обожава Аптамилот, се тресе кога ќе види шише Твоето цица, нели повеќепати ноќе се буди, па можеби доста му е, а и мислам дека тамам си напредува со килажа. Јас ич не сакам да го прејадувам. Два-три дена му давам каша 150 гр и гледам не се буни, како доста да му е, значи не морам да му давам додека зинува
Купував и јас Аптамил, сега земав Бејби лав и не ги сака и двете освен во каши. Јас си направив филм дека ќе пие млеко од шише додека му читам приказни и така ќе заспие (зашто јас така заспивав како мала) ама јас сум била бубачка, ова додека не ми го расчепка носот и не ми ги изброи забите не заспива. А да, и прво мора да го изгмечи татко му со газот на лице. Ептен тешко заспива Што викаш си напредува добро, да не го форсирам, ќе си покаже сам кога ќе сака плус ужина или млеко. Tnx
Ме изнасмеа И јас сум била мирна, глас не ми се слушало, ама мм не бил баш и како што гледам, и личи на него и немирен е како него Ме изнасмеа со расчепкување нос, истото ми го прави, ми брца прсти внатре и ми го гмечи, ми дрпа уши и само ровари. Какво мирно седење, какви приказни Само што ова не ни го прави за заспивање бидејќи фала богу сам заспива во креветче Вам јака ви душа Ама можеби се мали, можеби има надеж и за приказни таму накај 6-7 години.
Јас и купив мали книги со приказни на Ема и едната ја искина,другата ја изеде Се надевам нема вака да се однесува со книгите во школо Тоа заспивање со смирено поспано бебенце,го спушташ и си затвара очи насмеано,сум го видела само на реклама. Мојава се џитка и превртува низ нашиот кревет и нијзиното како да е на батерии.Па се фрла со лице во душек и се смее Се пентери по мене,се наведнува и така цица,изгребана сум цела,некни ми брцна во око капилар ми пукна... Иначе е бајче
Да ве прашам, вие што патувате почесто со бебињата со кола, одма заспиваат или им се игра хахах. Од кога почна да разбира, не сака ниту да седи во транспортерот ниту да спие, на секој можен начин го занимавав залудно Има некоја цака со возењево или дачекам да порастит
Исто скроз. Го ставам во седиште и обично стигаме до патарината Велес (кога идеме надвор од Ск) и готово, почнува да се тегне, да ме влече и морам да го земам. Разгледува некои 15мин, цица и заспива, па го враќам во седиште. А сега скоро бев сама со него на пократка релација и си седеше мирен. Дали е лигав кога сум до него не знам. За низ град издржува да седи цело време, не се буни, 9 месеци е.
Како се одрази 6тиот скок кај вас? Дали заби му искачаат, дали е скокот не знам. Не може да заспие, плаче. Сака само во раце...
@0ли немам многу време за тел.па затоа каснам со одговориве Па горе долу тоа време јади зависи некогаш и кога заспал па можи да е пола саат-саат порано или покасно..И исто 2 дремки има едната од 1 саат и наредната 2-3 саати.. За млеко не се буди преку ноќ, со исклучок на периоди кога го мачи нешто скок,заби па само со млеко презаспива иначе не писледното млеко му е околу 19:30-20:00 и наредното сабајле Ужина сега засега не воведувам нека тера со млеко.. Иначе колку кила е твојот? Моево 8.400..
И јас не планирам засега ужина, добар е и вака. Околу 8800 gr е, 74-75 cm долг. Се мислам ноќново да му го тргнам, но страв ми е, па најверојатно прво ќе се консултирам со педијатар бидејќи инсистираше ноќе да пие млеко, мал бил за цела ноќ да не пие. А веќе заби има, што знам да не му се расипат од толку шишиња и млеко.
Јас па не се согласувам со тоа, а и Др.Фидановски од систина кога бевме на преглед ми рече бебе што си расте и напредува добро нема потреба да се буди ноќе за јадење, ноќта е за спиење.
Машала помал е мојов 72cm е долг ама активен е премногу не е застанат на едно место да игра..Свеки ме чека на врата ко ќе си идам од работа и ми го предава па се испружува и вели, нека е здрав и жив ама цел ден си бара трчање по него Ее па ќе си трчаш нели баба си
Бебуш мој ја прескокна фазата на влечење и тргнува директно да лази. Ама ептен го има оптеретено ова што сега му се случува плус нели заби и 6 скок во најава... Ноќе закенкува со замижани очи. Се врти на меше и право се крева на колена и почнува да лази, а мижи Држење во раце е научна фантастика. Ако е свртен нанапред ги крева двете нозе, ги фаќа со рацете и така си седи во вис. Кога е свртен кон мене се оттурнува со раце и почнува да се пентери по мене со ножињата ептен со страв го држам, многу е непредвидлив Ама ептен сака кога му читам од некоја сликовница не дека разбира, но тоа се единствените мигови во денот кога седи смирен, инаку е турбо Не знам што може да се очекува од тој 6ти скок и дали лесно минува, бидејќи некако се одеднаш се струпа.
Така е, се согласувам и јас со тоа, но на 6 месеци ми рече да давам ноќе поради напредокот, не качуваше многу килажа. Ама сега си качува, па можеби треба да пробам да му го тргнам. Богами не е лесно цел ден со динамично дете, а на постариве потешко им е, толку им е силата. Да морав да одам на работа и да требаше некој друг да го гледа, ќе ангажирав и жена да и' помага на свекрва ми ако сакаше да го чува. Со терапии, реуми, болки во тело жал ми е да се мачи, напорно е. @WonderGuurl Ти посакувам лесно да помине 6-ти скок
Помош!!!!! Заспивање!!!!!! Ќе се распукнам веќе, многу тешко почна да заспива навечер. Спиеме на спална, лази скока се врти се исправува одимпо креветот оди по ѕидот. Ни песни ни звуци ни дождови ништо не помага. Ни во раци сака ни во кревет ни со цицање заспива. Дури когА ќе се измори ептен тогаш заспива. Ме гриза додека цица, у нос у уста уши, цела сум изгребана. Дајте некој совет или идеа како да ја научам да заспие. и дали има скок на годинката?? 11+
Ваљда е до скокот, зошто истото ни се случува. Не може да заспие, се буди на секој пола саат- саат, па во раце нишкање или доење, па пак заспива...