Исто и кај моево е така. Ништо нема на грло, не кашла, ама понекогаш толку многу му се збира секрет, се задавува во цицање дури. Му прскам аквамарис влечам со аспиратор и бели се проѕирни. Ама пак се збира секрет за неколку часа. Особено во цицање нервира, како преполн да е. Само на вакцини еднаш го прегледа д-ката, рече нема ништо, да прскам со синомарин, затоа и не ја прими тогаш.
Од лигите е, така беше и мојата на 3-4 месеци, пишував тука, цел месец траеше тоа со секретот и кашлањето, на 3 лекари ја носев, ништо на гради, грло добро, нос не и течеше, а хрчеше ауу како полна со секрет како да беше. Ми рече докторката тогаш дека е од лигите и се собираат и затоа така било. Ставав физиолошки, инхалации и правев, топла бања секој ден правев и ништо. Помина само по себе постепено.
Ноќеска првпат во три месеци не го разбудив за млеко, ја преспа цела ноќ. Заспа во 19 и се разбуди во 6. Тој убаво наспан, јас цело време на штрек и повеќе будна отколку заспана и веќе од 4:30 воопшто не заспав Вие на коишто малите ви спијат цела ноќ, како правите? Спиете раат?
Не, немам раат спиено долго време, се сум на штрек. Ги слушам кога претаат, и се си мислам ќе станат.
Потребен ми е совет за спуштање на количка по скали во зграда во која нема лифт. Дали некоја од вас има вакво искуство и како го изведувате тоа кога сте сами со бебуш?
На кој спрат живееш? И колкаво е бебето? Имаш можност на пр да го оставиш бебето во џампер или креветче да е безбедно и да ја симнеш прво количката, па после бебето? (Така за назад мораш да имаш помош) Јас живеам во зграда без лифт, ама премногу скали се во прашање, па затоа ја чувам количката во гепек
Девојки за месец дена го пуштам бебето во градинка, на неполни 9 месеци. Не стравувам, знам дека лесно ќе се адаптира, но ме загрижува дневното спиење... Навечер е супер си преспива ноќ во креветче, ама денски нема шанси без цицање да заспие дома и многу често се буди ако ја легнам во креветче, а и веќе стои, се исправува во креветче и нема теоретски шанси да заспие сама, не седи мирна Како се справуваат со такви бебиња во градинка?
На 3ти спрат, ама има доста скали. До сега така и правевме, но мм се враќа на работа и колата ќе ја користи, така што се јави овој проблем А бебе има 8 м.
Спијам кома! Дури чудна работа, ме буди само нејзиното плачење, ама баш ништо друго Не сум на штрек затоа што знам дека секако ќе ја чујам ако стане и 15 мин да трае мојот сон, пак е подобро од ич
Добро е, не си на 5-ти како мене Го ставаш детето во количката, го врзуваш, и ја креваш на задни тркала и полека скала по скала почнуваш да симнуваш. Фактички, на детето ќе му дојде како да лежи. Днг днг днг ќе му биде додека се симнува, ама е лесен начин. Истото и за качување, се качуваш ти наназад, и ја влечеш на задни тркала. Не прашај како знам
Леле зарем ова го правиш 5 ката? Јас сум го носела во раце со се количка и после жените понежен пол. My ass
Лелееее браво супер мајка и јас би сакала такаа, ама мојава количка сама по себе е многу тешка, а не па плус 9 кила внатре, страв ми е дури и да пробам
Баш оти е голема мака ќе нема,постабилни се. Не е страшно ( сем за тие од страна што гледаат) . Лека полека само. Јас така имам симнувано со двете колички. Имам една голема зимна, со големи тркала е, и имам уште една мала летна со мали тркалка,мака немаат