Уф, се потам дур читам ова, жими се бравоо ама ќе се пробам еве, следен пат кога нема да ми е достапна колата
Бевме ние 2019, во Шпанија на повеќе месеци,сопругот работеше од таму. Демек биравме место блиску плажа, и бевме блиску, арно ама немаше за количка пат направено, и мораше само преку скаливе. Јас со 10 месеца дете, и штотуку останата бремена со второто, тоа ми беше единствена опција. Секој ден одев на плажа така. Беше мачно, посебно големава и врзана ми стануваше од количката, а мене за нагоре кога требаше да тегнам ми беше тешко. Не чувал господ,и детето во количката, и другото во стомакот. Тргни застани бевме, ја лажев со грицки за да седи мирна да не станува. Така што, немаш потреба да се плашиш П.С.Немав друга плажа блиску, за жал
Мајки кога отприлика преоѓаат од 3 на 2 дремки? И по колку саати ви спијат ноќе тие што имаат 2 дремки денски?
Не знам дали возраста конкретно игра улога, јас ја забележав промената кај ќерка ми кога почна да лази, да станува поактивна и откако и воведов вечера (скоро 8 месеци) - Спие после појадок, после ручек и финално заспива час два после вечера, а во текот на ноќта спие околу 10 часа без будење
@BejbiBlu @Dikinzi ноќното го скрати на 10 часа со будење за цицање, ама денски уште има 3 дремки (за недела дена 8 ќе полни) Се мислам да не му се малку тие 10 часа, ама толку спие А очекувам наскоро да скрати на две денски
Во мојот случај зголеми на 10 часа (кога имаше три дренки спиеше и помалку од 10, ама па секогаш различно... Од 4 до 6 месеци хаос беше со спиењето, безредие живо и сама си смени после 7миот месец)
Хелп мамии Бебе е 8 ипол месеци.Од шише пие исклучиво само млеко.Вода воопшто не сака ќе смукни една две голтки и кога ќе осети дека е вода одма се трга.Пробав со сокче дека благо,со вкус мислев дека ќе пие но повторно исто.Пробав со лажиче но повеќето завршува на лигарник отколку што ќе испие. Некое искуство како да ја научам и навикнам да внесува течности. И купив чаша со клун и од неа не сака само ја гризи со непцата пластиката (сеуште нема запче) Еве ваква на Нук и зедов Сега се мислам да и земам од оние другите силинконски што се. Се извинувам на долгиот пост но загрижена сум бидејќи веке јаде по три оброка а меѓувреме грицка смоки а не внесува други течности освен АД
Ќерка ми исто не сакаше вода и сок од ништо, па пробав со чашка за ракија и сега само така. Ме гледа мене кога пијам
Душичка И мм ми даде таков предлог така да пробиме но страв ми е да не ја засркнам Баш синоќа си сеткаше со дубак низ соба и мм зеде чашата сок да пие и она дојде застана пред него и упорно во чашата гледаше
Женички, ве читам и искрено неможам да замислам како изгледа спиење подолго од 2 часа Близначкиве мои имаат скоро 9 месеци, и ноќе сеуште се будат 2 пати за млеко...ај да е само тоа би било добро, но воопшто не спијат мирно, се будат со плач, вознемирени и некогаш треба и пола саат за да презаспијат. Па таман сум ја средила едната, почнала да кенка другата Денски уште спијат по 3 пати, од кои едната после пола саат е веднаш будна, другата знае и подолго да спие. Пробав и со две дремки, кризираа уште повеќе Навечер имаме рутина, капење, млеко во темна просторија и спиење...и заби имаме...стварно веќе незнам како да им фатам ред повеќе да спијат...
Навали ја чашата во прав агол на устата за само да си регулира колку ќе се напие, не ја навалувај чашката и нема да има гајле. Без страв само
Не си сама мајка Моево 9 месеци е, се буди безброј пати за цицка и тоа многу пати само 2-3 пати ќе повлече и презаспива ама доволно е да ме разбуди. Се што прави преку ден, прави и ноќе лазење, исправање, седнување, мавтање со раце. Е нешто многу убаво што ми се случи ноќеска и никогаш нема да го заборавам е кога ја извади цуцлата, кажа мама и си заспа гушнат во мене Ајде ќе пораснат уште малку и полесно ќе биде. Ти дупла среќа имаш
Мајка пробај со цефка. За да не трошиш пари од почеток за џабе пробај со обична цевка прво види дали ќе трга, но скрати ја малце да не му дојде наеднаш многу воздух, во некоја пониска чаша стави ја и види дали ќе сака такa. Па после можеш шише со цевка да му купиш ако сака да пие на тој начин.
После 8 и пол месеци полека раната утринска дремка почна да ја прескокнува и сега веќе од скоро има две, сега направи 9 месеци. Ноќе спие 11 часа сигурно, а денските дремки му се по саат или саат и 20 мин. Освен во скок што спие најчесто по 45 мин. Сите ги пробав, не сака вода во ништо освен од чаша или со лажиче. Пробав со цуцла, со тврдо клунче, последно со силиконско, со магична чаша... И крајно сега порачав од Томи Типи шише со цевка, мислам дека @BY<3 ми го кажа и шише што ми го препорача мислам @elcezelce Уште со тие ќе пробам и немам веќе што друго да купам, сè сум пробала.
Точно, дупла среќа се сепак напорно е што сеуште се измолзувам, па тоа е обврска плус. Па кога се будат некогаш не чекаат ни 1 минута да се затопли млекото, па пазиш да не се разбудат меѓусебе...се на се 3-4 саати сон ми се собира. Сакав само да чујам совет од мајките на кои им преспиваат бебињата ноќе, па можеби нешто ќе успее и кај нас знам дека се ќе пројде и ќе пораснат, ќе ги бараме некогаш овие денови пак
Многу би сакала да правев нешто посебно и конкретно, па да ти помогнев со совет... Мене ќерка ми така ми правеше првите три месеци и спиеше со мене и буквално ми беше како привезок на цицка, па после почна да се буди само еднаш, некогаш цицаше, некогаш само колку да шмукне (нејќе цуцла) и два месеца по саат и пол се успивавме, дури цицаше додека ја нишкам и пеам, никако не сакаше да седнам одма урлањеи се будеше на секое спуштање во креветче, па ајде пробувај по 100 пати. Ама се тоа одеднаш се смени, од прилика периодот кога повеќе почна да јаде тврда храна и беше денски поактивна, па сега е како друго бебе...