Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Софијана

    Софијана Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Моиве пак обратно, околу 5-6 месеци спиеја помирно, ќе се разбудеа за млеко и си презаспиваа одма, но како што кажав претходно време ми одземаше измозувањето па свесно си кратев од сонот. Но очекував веќе да спијат подолго, ова скроз обратно испадна. Иначе и ден денес заспивањето ни е со нишкање и пеење, иако пијат млеко од шише лажливки не сакаат, а и неможам да ги оставам да кенкаат, ќе се разбудат една со друга...
     
  2. BejbiBlu

    BejbiBlu Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2021
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Леле да не сум ти во кожа... Особено што се две, јака ти душа
     
    На Enci201 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Софијана

    Софијана Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Па рипам од кревет со брзината на светлината за да не почнат да плачат силно. Се случувало и да се разбудат една со друга но не толку често.
     
    На BejbiBlu му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се близнаци. Година и пол ми се разлика. И јас така рипав од кревет кога малото ќе заплачеше, и на крај на 9 месеца и правев тренинг за да спие цела вечер, оти душата ми испадна. И реков дека нема да ми биде гајле дали ќе ја разбуди големата. И за неколку дена се се среди. Големата престана да станува, си рече ич не ми е гајле и си спиеше. И сега сум раат раатосан :rofl:
     
    На Enci201, MinnieM, babyboy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Софијана

    Софијана Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Мала разлика се вашите, нека се живи и здрави. А како успеавте да ја истренирате малата? Потешко би било со две на иста возраст, но можеби треба да се жртвуваат неколку ноќи за после да биде полесно
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Земи сокче на нутрино со цефка.. И ти сама че и стискаш со сокчетот оно че течи.. Од ден ма ден ќе се навикнува .. Пробај ништо не губиш
     
    На Dance27 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  7. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Сама и правев тренинг, бидејки секаде каде што читав нема шанси да се помине без плачки. Требаше на 7 месеца, ама се одложував, за кога направи 9 месеца да ставам крај, бидејќи стварно не можев више да издржам. Стануваше само да лижне цице, и да презаспие, и на неполн час стануваше некогаш. Тренингот беше следниов : Кога ќе станеше , не ја земав во раце, него и давав цуцла , ја вртев на страна , и ја покривав. Стануваше и ме бараше, бидејќи знаеше каде спиев. На секои 5 - 10 мин, ќе станев ќе ја наместев и си легнував. Првите денови, не се сеќавам сега точно баш, најмногу плачеше по 40мин, што беше за менњ среќа,оти очекував плачки по саат време. Значи, ќе станам ќе и дадам цуце, ќе ја наместам, и покријам. Она пак ќе стане, и така се во круг, на секои 10 мин.

    Потоа ќе заспиеше, и кога ќе станеше истото го правев. Мислам дека за 3 дена се намали плачењето, и времето на станување. Стануваше на 2- 3 саати, и плачеше по 10- 15 мин.
    За на крај, за една недела да дојде до станување само еднаш во текот на ноќта, и тоа само за цицање, бидејќи и оставив само еден подој навечер. Еве од тогаш, 1 година и недела дена е, станува за цицање. Може да се деси да стане и порано, и така да си седи во креветчето, и да си игра, и знае дека нема да ја земам, се додека нњ дојде време за цицање. Ќе ја сетам дека се разбудила, ама ја оставам , и по некое време кога ќе станам, гледам продолжила со спиење.
    Да знаев дека за недела дена ќе биде маката, ќе почнев уште на 7 месеца. Сега, каде-каде сум поодморена.
     
    На MinnieM, Софијана, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    @Dikinzi ух ова звучи доста храбро :D браво! Ќе пробам во секој случај, зошто друг излез немам доколку сум сама, нема кој да ми помогне. Само не верувам дека ќе успеам, тешка е количката доста, страв ми е дека нема да успеам...
    А во врска со тренингот за спиење, се повеќе сум на ум да направам нешто такво, зошто ненаспаноста мислам почна на здравје да ми влијае... Проблем ми е цуцлата, бебе не ја прифати од почеток, и сега на 8м ми е некако не ок да му ја воведувам, а мислам дека ќе ми биде спас за навечер .
     
    На Софијана му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Пробај прво на помалце скали, да видиш како ќе оди, ако не..не знам друго решение, освен да купиш кола за 100 евра па да те служи како подрум:rofl: Не се шалам, мислев и на таа опција :D

    За цуцла, касно е веќе. Кај мене уште на почетокот дека ја фанаа, затоа и со неа терав. Ти сега нема поента за малце да почнуваш:D
     
    На dunika и Филотеа им се допаѓа ова.
  10. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Пиши го ова на Youtube, ќе видиш на видеото за како ти викам :D

    @Филотеа
     

    Прикачени фајлови:

    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Во врска со спиењево, ние сме 9+, ама малиов ноќе воопшто не спие мирно. Првиот час можеби да, ама после тоа само се врти и превртува, оди нагоре во креветчето до самата преграда, па ќе закемка некое време и се' така. Ако му ја ставам цуцлата се смирува до нелое време. Два пати го земам за цицање бидејќи не се смирува со цуцлата,како да му се плачи. Од страна на запчиња долу ги имаме двата кеца,нови не ми се на повидок. Не е жешко, не е наоблечен. Појма немам зошто се превртува толку. Едно време како на колена да се потпира, главата настрана и спие. Освен , преку ден што е активен па и тоа нешто ако сонува, како да пробува да стани, да се крени. Како се вашите бебуши со спиењето на оваа возраст?
     
    На MinnieM, Софијана, WonderGuurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. BejbiBlu

    BejbiBlu Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2021
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Ова ми звучи како скок во развој, башка како што знам во тој период е еден од најизразените скокови
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Откачена :rofl: :rofl:
    Но! Не ти е лоша идејата!!! :!:
    Да имав проблем со скали, сигурно ќе ти ја украдев :rofl:
    Мојов не спие многу немирно, но се врти на страна и на стомак, на грб не спие никогаш. Во текот на вечерта полека полека оди нагоре и нагоре во креветчето сè до крајот и таму останува. Понекогаш и хоризонтално се врти, но поретко. Знае да се залепи и на мрежата од креветчето, па среќа мрежа е и може да дише.
     
    На Филотеа, Dikinzi и lavinija28 им се допаѓа ова.
  14. anitka-fifa

    anitka-fifa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    384
    ич не ми текна... немаме, а потечени му се непцата доле :)
    фала
     
    На prinstongirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски

    :rofl:
     
  16. Sandra456*

    Sandra456* Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    518
    Пол:
    Женски
    Majki koja maslena kupka bi mi ja preporacale ? I osven eucerin bioderma mustela, dr nekoi od ovie poeftinive koja e podobra
     
  17. Софијана

    Софијана Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Браво за таквиот потег и тенинг, и јас со сопругот баш разговаравме за нешто слично, да спијам прво со едната во дневна и да ја истренирам да спие подолго, па после со другата. Како што спомнав претходно, лажливка не користиме па би било потешко :| стискање заби и издржување...фала на советот :)
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.025
    Пол:
    Женски
    Ич да не се секираш. Таму ќе се измори и ќе си легне сама. Ако плаче, ќе ја нишнат и ќе си заспие. ;)

    Јас ја оставам долу под скалите, пред подрумите. Порано ја склопуваше мм кога одеше на работа сабајле, после возење ја расклопував и ја пикав во подрум. Па еден ден, еден комшија ми рече дека многу се устручавам, има 3 детски точачиња, и 5-6 детски и точаци за возрасни, потпрени кај ќе стигнат во влез, па сега така ја оставам, наместена.
    Уште малку да се стопли, имам О ла ла од првото дете, таа ќе ја ставам во употреба. 3,6кг е тешка и се склопува ептен мала и лесно о со една рака.

    Оли, од кај го нарача шишето? Енци? Никаде нема по аптекиве.
     
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Од Бебе Супермаркет го порачав.
    Многу е убаво и цевчето се вовлекува внатре кога ќе го затвориш капачето.

    Овде види ги.
     
    На Leo_29 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Бебе 8 месеци и 10 дена. Јас ќе го пуштам миксерот или нутри булетот, синко се плаши, вришти.
    Сакав сега чипс да отворам, бебе цело исплашено.
    Дали имате вакво искуство или да барам чаре?
     
    На Frosty! и mal.ecka им се допаѓа ова.