И јас незнам зошто. Пробував се, топло, ладно, менување текстура, комбинации и пак ништо. Затвара уста и се трга или пак ќе плука . Ептен е за никаде, да пукнеш од нервоза... Се надевам дека е период но можеби ќе треба да се помирам со тоа дека е такво детето.
Дали некој од вас ја има користено програмата за спиење на др. Гуднајт, и ако да може ли да сподели искуство и дали се задоволни од нивната услуга?
Оладени глодалки во фрижидер може да помогнат, јас се пробував, ама со горните кецови мислам ништо не му помогна додека не пробија...
Уфф те разбирам ама ептен. Исти сме ти викам од почеток ние, почнавме со дохрана за никаде, со запечатена уста и еве 5 месеци е се така, ретко кога ќе се залажеме некако па да пројдат неколку лажичиња. Ќути ич не збори. Среќа бар не стагнира во килажа, некни се меревме дома за 2 недели од последното мерење има качено околу 180 гр, што за мене е супер според тоа што не јаде ништо, само цица и тоа преку ден на 3,4 часа цица, не и давам често за да изгладне и да јаде, ама ништо не ја изгладнува изгледа неа И јас се нервирам и чекам да дојде денот кога ќе пројаде и сама ќе ми бара
Децата се многу превртливи. Има деца што јадат се, а потоа уста не отвараат. А има деца што не јадат ништо, а потоа пројадуваат.Како и да е, за неколку години се ќе се среди
Ооо поминаа 8 години и ист е син ми, се е со молење од бебе, значи со лажичката по него сум била и ете до ден денес е ист, ќе јадеш? Не сега, попосле. Попосле-ајде А, што бидна ти се јаде? Не уште мама, попосле. Ептен попосле- абе ајде сине веќе од сабајле не си јаден, како не ти се јаде не ми е јасно? Офф доброооо ајдее стави ќе јадам, лелеее( ама тоа како на сила го терам, разбираш, као услуга да ми прави, ајде добро ќе јадам) Така да,нема правило или ќе јаде или не. Јас мислам таму во пубертет може ќе се разјаде, до тогаш ќе
Калиас,за тоа реков по неколку години Алал ти вера како издржуваш, ама и дечково ќефови ти праи Така малце да каснел, колку атер за тебе
Да, добро ти качува. Мислам дека 60 и нешто грама неделно веќе од 9 месец натака е нормата. А кога треба да се триплира родилната тежина?
Лрлеее и со него и со сестра му проблеми уште од бебиња со тоа јадење, исти се, само првата ми јадеше се, немав проблем што и да и дадев А син ми е легенда, ќути. По цеел ден не му текнува за јадење, само да си игра ете 24 часа на ден нема да му текне, да ми рече, мамо ми се јаде, никогаш.
До 1 година. Мојата 3.300 се роди, сега на 10 и пол месеци има 9.200, не верувам до годината да ја триплира, уствари може и да, здравје ќе видиме.
Јас сум многу загрижена, синко ич не качува на килажа, а јаде само по 120гр на оброк. За 8м мислам повеќе треба да јаде. Во висина е добар, расте ама тежинава не знам. Инаку не личи слабо, баш е океј. Крвната слика перфектна. Хемоглобин топ. Мм ми вика како да се здебели кога по цел ден шета. Значи цел стан по сто пати го кружи. Педијатарот вика да не се секирам, не било битно тоа.
Јас мислам дека немаш потреба од грижа. Ова што го кажуваш е супер за бебе од 8 месеци. Ние сме 10 и стоиме на таа килажа повеќе од два месеци. Воопшто не јаде. Крвна слика немаме проверено .
Растат, висината се качува, плус трошат многу дека се движат. Веќе од годината па нагоре, слабо ќе качуваат на килажа. Ова второво мое скоро и да ја стаса килажата на првото, а година и пол се разлика. Очекувам сега да стагнира, и бавно да качува, ама во сантими да расте. Ич не се сеќирај.
Исто и нашиов 3.300, тешко дека ќе триплира. Сега е 8,550. Ете гледаш тој јаде, не големи порции, ама јаде. Ама не цица добро. Уште од бебе така, не беше цицач.
Ете гледаш, не се сите деца исти. Мојава изгледа се што цица и тие 2-3 лажички дневно се фаќа за неа, здрави и живи да се само па сега, тоа е
Дали може мислење за резултатите? Од ноќеска малку и е затнато носето. Докторот рече како што не јаде добри биле резултатите . Ми рече ацерола 40мг и сирупот wellbaby.
Да, како што не јаде, супер е крвната слика. Јас ги давам овие витамини на мојата скоро еве 2 месеца, мислам дека ги има и во Мк да видиш
Офф јас имам исти вакви две дома што уста не отвараат, син ми 3ипол години што до година ипол си јадеше се без проблем сега нејадач страшен, бебе 7 месеци ни доручек ни ручек уста не отвара луѓе коса ми побеле од нервоза мислам дека деновите ми поминуваат во правење храна и зборејки ајде отвори уста, ајде те молам зини ништо не помага со ништо неможам да одвлечам внимание, бебе намерно ја изгладнувам не и давам да цица подолго време за да јаде нема шанси, денес пробав и со парчиња храна да и дадам и се ги фаќа, стиска храната ама накај уста не ја принесува, земав малце и поставив во уста да и покажам дека е храна... не и не... Се надевам дека е период само и дека ќе пројадат.