Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Ве читам за јадењево и смеа ме фаќа. Братучетка ми не јадеше ништо.
    Паметам кога имаше 3-4 годинки ја караа зошто не јадела, а таа силна силна вика :"Јадев како не сум јадела."
    Мајка ѝ изненадена ја праша: "Што јадеше?"
    Она и вика:"виршли."
    Мајка ѝ: "Е кога?"
    Малата вика: "Па вчера"
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Исто и мајка ми нас не молеше па ние никако не сакавме. Истава братучетка кај нас на гости ја слушаше мајка ми како не убедува да јадеме бидејќи греота било дечињата во Африка биле гладни и немале ништо, а ние ќе сме се молеле и ќе сме фрлале храна. Па братучетка ми на тоа викаше: "Тогаш да не фрламе, да им дадеме на гладните деца во Африка, ние и онака не сме гладни."
    :clap::lol::clap::clap::clap:
    Што ме чека и мене со синкооо... Само со песни јаде.. Јас да пеам он да јаде. Или со плачки и молење. Он да се шета во дубак јас да трчам по него со лажичка, или да глумам дека јас јадам и он тогаш одма бара.
     
    На Snowflake92, MinnieM, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Да, тоа е, некои во должина некои во ширина одат :) , само да се живи и здрави.
    Ние мн се туфкавме со мм, го меревме стално, и цело време на некој минимум качуваше. Сега пак е ок да речам.
    Ама да чукнам во дрво, не сме имале никаква настинка, температура или не знам што. Многу е жилав.
    Денес од клечење се исправи на две нозе, без држење за ништо. Јас цела сум возбудена.
     
    На kjofti4, Dikinzi, eta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    3.991
    Лелееее за бебето исто исто скроз и мојата од почеток беше така, никако да отвори уста, што и да и понудев ја вртеше главата и запечатува уста. Па пробав со blw ни тоа па ништо, само ги гмечеше во рака и лом се правеше така по 3 пати на ден и баталив. Пак почнав со блендирано и кога сака маалку барем проба, кога воопшто не сака ништо....тоа е.
    Сега е погоголема, разбира и сака се тоа што не треба, отвара уста за глупости, а за јадењето што и го правам не. Се нервирав ама сега веќе не, понекогаш кога почне новиот ден, се мислам дали да правам воопшто тој ден овошје или ручек, по секако нема да јаде, јас ги јадам наместо да ги фрлам, ќе се јачам со витамини, наместо она да ги јаде ама ајде, ќе биде подобро, надежда последна умира :)
     
    На MinnieM, elcezelce, Thallia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    3.991
    Хаха срце, и мојата почнува да прави чекорчиња се држи и од еден до друг крај на креветот, така за да се пушта сеуште мислам не може, не знам, ќе си каже она кога ќе биде спремна :)
     
    На MinnieM, Sexybaby86 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.920
    Допаѓања:
    12.078
    Пол:
    Женски
    Да, задоволна сум, има големо подобрување. Ќе ви даде посебна програма според вашата ситуација, поблага е методата, не е страшна како онаа cry it out. Подобрување има од првата недела.
     
  6. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Мајки нешто за затнато и растечено носе освен чистење?
    Прскам со спреј и чистам со чепкалка. Цела ноќ се врти и слушам како и крчи.
    Кива и еве несака да јаде ништо. Пелената сува цела ноќ.
    Јас незнам стварно што повеќе да правам. Многу ми е страв кај не јадеше па и настина. ;(
     
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Има лепенки со еукалиптус Спиранто, се лепат на пижамата.
    Има и балсами за гради но консултирај се со лекар дали е дозволено за возраста.
    Прави му купки со морска сол и гледај воздухот кај што спие да не е сув.
    Некои мајки викаат дека може исецкан кромид до глава кај што спие да се стави дека помага,јас немам пробано.
    Чисти со аспиратор и ако имаш инхалатор може и инхалации да му правиш со физиолошки раствор.
    Не форсирај храна,давај течности и супи. И ти кога си настината не ти е баш до јадење.
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. new-mom

    new-mom Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    Мајки да ми кажете некој сируп на природна база што го има во слободна продажба да не бркам рецепти.
    Фатен ни е гласот ептен и како да се мачи со дишењето. Пробав со кромид ама не помогна. Фала ви многу
     
  9. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Звучи како ларингит да има, обично фатен глас е показател за тоа. Мој совет, однеси го на преглед обавезно, не е баш наивен ларингитот, таму ќе ти кажат што да даваш.
     
  10. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Прашање до тие што имаат машки деца.
    Ви се мочаат ли надвор на кревет?
    Мојот 10++ го легнувам, вадам памперс и тој се врти седнува/ се исправува на перница и така моча.
    Исправен, највеќе сакат

    Навечер редовно, а сега почна и преку ден да ни прави вака :)
    Денес двапати :)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Мајки дали ги бањате вашите бебиња додека се настинати ?
    Не сме бањати три дена .
    Растечено и е уште носето ,не дава да и го чистам па се мислам со бањање дали ќе се исчисти малку или полошо ќе направам?
     
  12. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Баш треба да ја бањкате. Јас ставам и лажиче морска сол, и потопла вода. Главче не му мијам само ако има температура. Во никој случај не правиш полошо. Ќе и олесни од топлата бања.
     
    На MinnieM и srce-9 им се допаѓа ова.
  13. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Од обична сол за готвење така ?
     
  14. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Крупна морска, во Кам имаше 1кг за 10 денари. Ја има по маркетиве, ама мислам дека е иста со оваа што ја користиме за храна. Ако некој знае точно нека ме исправи или потврди.
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Не ставив сол но важно ја избањав. Се трудев со водата да и се исчисти носето но еве кога да цица пак крчи ли крчи и и смета . Длабоко пак има мрсули а во ноздрите ќе исчистам после спрејот колку успеам.
    Шлапаше во водата, среќна што се бања.

    Но приметив горниот лев кец ептен и е побелен уште одамна но сега она ептен и како топче набабрено. Дали е можно ова да е и од запчето или се и се собрало , настинка,скок,запче?:(
     
    На Enci201 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Запчето кога се спрема да излезе, долу на непцето како сивкасто изгледа. Такво му беше на моево за десниот кец, а гледам сега и левиот таков му станува, значи се спрема да пробива. Набабрено и ептен црвено е непцето.
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    3.991
    Утре пушти да тече топла вода неколку минути или во сад стави да испарува топла вода и еукалиптус, ако ти е страв за еукалиптусот, само вода стави, тоа овозможува да се отворат дишните патишта и носето и поубаво да дише после тоа. Седете внатре во купатило некое време, да дишите од пареата, многу помага, испробано (fingers)
    Може се да и се собрало, ќе се среди, не се секирај.

    Еве мојот син па сега пред малку одеднаш ми се пожали на мешето, го боли па ајде му викам да не ти се кака, беше ама ништо и му дојде нагон на повраќање, поврати еднаш и сега заспа. Офкаше малку и заспа.
    Мир да се нема, така е со деца, се што дојде да пројде, јас така викам.

    Заборавив да кажам за крчењето на носето, јас и ставам физиолошки со шприц, ставам од 10 мл полн шприц во едната па уште еден полн во другата ноздра и над лавабо во купатило, во едната кога ставаш истекува од другата, и обратно и се што има внатре ќе излезе. И после вадам со пумпица ако нешто не доизлезе. Така на 2-3 часа и за 2-3 дена мине.
     
    На MinnieM и srce-9 им се допаѓа ова.
  18. Sandra456*

    Sandra456* Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    518
    Пол:
    Женски
    Majki krema za pelenska regija ?nafrlana mi e malata no samo napred na usnite pozafi nema.nisto na gazeto. Mozno e da e od jaka mokraca ? Peleni menuvame cesto ne brisam so vlazni samo mijam no sepak ne pominuva. Mackav so pavloviceva , so krema za potpareno ( taks se vika ) i so sudo no niso ne ni pomaga ...
     
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ако не поминува со креми за таа намена, консултирај педијатар дали можеш Канестен да мачкаш. Мојата беше еднаш исто така нафрлана на усничките само, со ништо не поминуваше, па ми рече матичната Канестен и одмивање со хиперманган раствор. И’ помина одма од ова, ама најубаво ако можеш прати слика на педијатарот да види за каков осип се работи, не се сите исти :)
    Мојава на пример не реагираше никако на осипот, не ја болеше и не ја печеше, беа баш како бубулички.
     
  20. Sandra456*

    Sandra456* Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    518
    Пол:
    Женски
    Ne reagira ni ona ne ja boli ja brisam ja mackam nema reakcija. A kako go koristis hipermanganot?