Тоа е прашак во кутивче, се раствара многу малку во литар вода (со врв од лажичка ќе земеш), водата треба благо да се обои розева, не да стане црвена. Значи малку ќе ставиш, и со тупфери ќе ја тапкаш. Можеш и да ја избањаш цела, ама многу ја суши кожата, па вака со тупфери јас на дундичката ставав. Ќе почекаш убаво да се исуши, па ќе намачкаш Канестен. Секој ден правиш нов литар вода со малку од правот, за ден два треба да се исчисти
4 заби ги извади за месец дена и сите прво му беа набабрени и црвени ептен ден 2 и потоа како стаклено му се познаваше па излегуваа
Редовно, односно секојдневно не, нема потреба. Кога биле болни сум давала Пико Ц, вкусни се и ги сакаат. Мислам и двете ми беа над 6 месеци кога имам давано
Знам дека има посебна тема ама сакам да ве прашам за врсничињата што планирате за прв роденден и како ќе го прославите?
Ако прашуваш за луѓе, јас освен мајка ми и татко ми никој друг не викам, ние ќе си прославиме дома. Не сакам да ризикувам ничии живот, а најмалку на нас дома
Давам од 6+ месеци на pharma vital околу 200 денари се. Јас мислев да седнеме на ручек со најблиските и со мала слатка маса да викнам фотограф да остане спомен но фативме корона и дома останавме. Сите сакаме да дојде подобро време како што личи но немаме избор нека се добри само.
Мајки, што прават и како се однесуваат вашите 7 месечни бебиња, за десетина дена полни 8 месеци. Моето уште не знае да седи и да оди, оди со дубалка, напред, назад, си врти со дубалката, но почнува во последно време се почесто да скока, со двете нозе, и телото му оди напред назад, ми е страв да не се повреди. Исто и во раце или кенгур кога е нозете интензивно ги движи, но и телото со главичката го движи напред назад. Мислам дека тоа го прави кога се радува, но се плашам да не се повреди, дали да не го ставам во дубалка кога скока? Какво е вашето искуство? Кога си лежи си игра со играчки, им гуга, ако нема играчки во рацете не знае да мирува, си "тропа" со рачето врз ногата.
Дубак и џампер не се препорачуваат, дури и се забранети во некои држави. Детето се учи лошо да оди, со глава напред и после паѓа на глава а не на газе. И друго, тоа е изнасилено исправање и проодување на детето. Исфрлете тоа, и ќе си се развива детето по природен пат. На 7месеци треба да лежи на меше, да се врти околу оската на папокот, да си ги става стапалата во уста, а не да седи и да оди
@Silvi00 Дали бебето кога лежи на грб си ги фаќа стапалата и си ги става во уста? Дали се врти од грб на меше и обратно? Од вртење во круг на меше, ќе проба да застанува на колена и на две раце, па ќе се клати напред-назад во место. Сето тоа води до зацврснување за да може да си седне и после да стане. Раце, нозе, грб, стомачни да извежба. Потоа ќе пробува да седне, странично на пола газе ќе седи потпирајќи се со едно раче, па дури откако убаво ќе ги зацврсне стомачните и страничните мускули, после ќе седне на цело газе стабилно со исправена кичма. Можеби и ќе ползи прописно, а можеби само ќе се влече војнички. Потоа ќе пробува и да се исправува, да се држи за нешто во место и ќе паѓа додека не научи на газе да паѓа. Ќе се движи држејќи се на креветчето, на мебел, на ѕид и сл. Тргни дубак, прескокнати се некои фази и затоа така нанапред ќе му оди телото. Остави го на земја на подлога, остави го да извежба самото и да прооди без дубак. Не го паткај, не го ставај во помагала, набљудувај го и уживај во глетката колку се интересни кога сами си успеваат во сè. Машинчиња прекрасни се бебињата, како само упорно вежбаат
Се повлече, изгледа од топло беше. Утре ќе го носам на вакцина и да поминат неколку дена пак ќе дадам наут да видам дали ќе има нешто.
Оф, па не знаев дека не треба да се става во дубалка, а толку многу се радува, сега и е тоа омилено, оди насекаде, сака се да дофати со рачињата. А дали може сега кога ќе затопли да се шета во количка во седечка положба. Си ги става стапалата во уста, но не сака сега многу да лежи на меше, почнува да се крева со рацете, рацете исправени, па после главчето во кревет го забива, малку го крева газето, како да сака да лази, па почнува да кенка и плаче.
Мајка, се ти објасниле погоре убаво да не се повторувам, само и јас ќе ти кажам не му ги прескокнувај фазите на учење лазење, седнување, исправање. Дубакот скриј го некаде. Замисли сега детето сака да оди и да си земе некое топче на 2 метри од него. Наместо да се потруди да стигне до топчето со влечење/лазење/исправање, тој знае дека мама ќе го стави во дубак или ќе го патка или ќе го земе во раце и ќе му 'помогне' до целта. Нема начин да вежба со дубак туку може да ги искриви нозете, плус може побрзо ќе научи да оди, но ќе ја прескокне фазата на паѓање, па ќе ти падне надвор на улица и полошо ќе биде. Многу е важно да научи да паѓа и да се чува. Седење може само доле да научи, лазење исто. Со дубакот ништо од ова нема да прави. Во количка можеш слободно да си го шеташ. Ете пробај мотивирај го за лазење, легни го доле и подавај му играчки во близина за да се повлече да ги дофати, мора да се мачи малку. Ќе зацврсти убаво и ќе лази брзо, нема ни да приметиш кога отишол во друга соба
Нормално е да кенка и плаче во таа положба, не е цврста и не и' е пријатно, но со мрдањето додека кенка, таа всушност и вежба така. Што повеќе ставај ја на цврста подлога, брзо ќе зајакне. Сега е и поголема и сè ја интересира, па мотивирај ја со разни играчки околу неа и ќе се врти, ќе се поместува за да ги дофаќа. Со нозете во уста вежба за да седи. Тоа што ги прави исправени рацете и што се крева со газето, ќе биде чекор до положба на колена за да лази. Ден за ден и поцврста ќе станува и ќе ги усовршува положбите. Не ја седнувај веќе во дубак, не ја седнувај со перници наоколу или во ќош, само на грб на земја и да прета, да се врти, сама ќе седне и ќе заоди. Во количка и во хранилка за да јаде може да ја ставаш. Во количка на 45, а додека јаде на 60 степени. Трпение и ќе биде, но спакувај го дубакот. Едит. Пишав во женски род бидејќи колку што сфатив, за девојче станува збор.
Можеби јас згрешив, според вториот пост си помислив дека е девојче. Затоа најчесто пишувам во среден род бидејќи не памтам многу
Да, кога лежи си ги става стапалата во уста. Се врти од грб на меше, а обратно не. Кога лежи на меше се крева на рацете, па почнува главата во к Девојче е, само пишував во среден род, за бебенцето, не девојчето Ви благодарам на сите на дадените информации, мене ме исплаши педијатарката, на последната контрола пред еден месец кажа седи ли, а зошто не ја ставате со перници околу неа да седи, и веднаш штом почне да седи да ми јавите да закажеме на ортопед. И мислев дека до 7 месеци најдоцна треба да седат бебенцата, а не да лежат или на меше.
Ич да не се секираш за седењето, нашиот ортопед ми рече дека не мора ни да седне. Некои бебиња од лазење директно се исправале и проодувале. До 9 месеци треба да се тркала, да лази/да се влече. Ако ја ставаш со перници фактички ја форсираш да седне, а мускулите уште не се цврсти за да ја држат тежината, ќе седи како кифла и може напред ребрата да се искриват. Нема потреба. Ставај ја само доле, биди до неа да не се повреди и ќе се изненадиш колку брзо ќе почне се да прави. Прво ќе се влече, ќе ги свитка нозете, па ќе се клати напред назад, ќе почне едната нога да ја става под газето, па ќе седне, а со рацете ќе се држи на страна и така полека ќе почне да седи. И после почнува исправањето на мебел. На ортопед треба да ја однесеш околу 8-9 месеци.