Има органско млеко кај нас.. тетрапак.. Иначе не препорачувам директно од крава од непознати Ама ако го сварите убаво и не е од непознати, онда ок.. Има фарми каде што внимаваме ..ама до ск тешко тоа така би стигнало, природно најприродно. А одгледано во околина на скопје, мене искрено ми е дискутабилно со што се хранети кравите...концентрат најчесто ..
Баш истово размислувам деновиве, кое млеко да му го давам бидејќи и мене ми е намалено. Хумана користам за каши, ама не сака да го пие.
Јас Аптамил зедов, ама наредно ќе го сменам на Холе ќе земам. @Jana06 рече имало и козјо органско АД.
Мајки, мислам дека има една тема за игри на деца, но од 1 до 3 години. Моиве имаат 9 месеци и некогаш немам идеја со што да ги заиграм. Едната повеќе се внесува во играњето, имаме една коцка со помали делови и научи сама да ги става внатре во коцката, па на крај да ги истури. Исто и оние конусите со кругчиња, ако се сконцентрира знае да го погоди, односно да намести тоа што ќе и го дадам. Со какви други играчки си играат вашите на таа возраст?
Со музички играчки, меки книги разлистува, масичка со активности, хартивчиња, кутии, амбалажа од кремови, музичко чеканче, ќеса, меки коцки, топчиња, прстени, чаши, тркала шишиња, лажичиња, чинии, играчки со навивање и тегнење за да свират, разни глодалки, шишиња со ориз, семки и разни работи внатре. Сака да ги проучува работите и внимателно ги врти низ раце и со прсти ги допира, па ги турка, фрла и растура, мава едни со други, ги шутира, лапа во уста, ги фрла од висина преку креветче. Тоа ми текнува сега. Едит. Се научил со устата, широко ја отвора успорено ма-ма, така прави балончиња од плунка и интересно му е кога му пукаат на усните. И лом, жива вода се прави. Сака и ,,ѕе" да играме.
Моево за 7 дена ќе прави 9 месеци Обожава се да става во уста, кога ќе ја викнам на име се врти , и ми се смее онака до шест , ама само непцата и наѕираат, ко бабе хахах. Играме плес плес рачиња ама таа во вертикала ги плеска. Пеам тапшин тапшин и таа почнува...веднаш ... Од хранилка буквално што да ставам фрла и се подава го бара. Си игра со кукли , дури со рачето ги повикува и веднаш ја ставам покрај нив. Музички играчки ,синтисајзер,прстени, капачиња од аптамил , книга на допир и звук, сликовници подискина, имаме сликовница со огледалца смешки со неа, топчиња, даљинско обожава домашни папучи исто ,лази нананзад . Моево вика мам мам баба дека најлесно иде на устето . Веќе цел месец одам на работа, и многу ми фали . Кога ја земам тааакаа искрено ми се радува уфффф се топам
Далинекој има вадено с вооедно и снимано заб а дои? После колку време доевте од вадењето? И на снимањето исто како поминавте
Бебе 6 месеци и некој ден. Долните кецови и двата ѕиркаат,значи излезени се. Одвреме навреме ми поткашлува т.е денес почна и кога цица само како да грчи ... И ми кака зелено како спанаќ да јадела...три столици такви имаше (тогаш пробуваше слива) после тиква јадеше и имаше портокалова. Дали е можно да е од забите или е настинка ? Или каката од јадењето е ?
Доењето со вадењето заб нема поврзаност, односно нема да штети на доењето. Освен анестезијата , од која бебе може да ти биде поспанко. Па затоа измолзи се по интервенцијата, бебе да не го пие тоа млеко.
Снимањето нема врска со доењето, нормално си доиш. Ако примиш анестезија се одмолзуваш и чекаш некое време. Мене ми рекоа 5 саати да почекам. Ама ми работеа на два заба, и две анестезии ми дадоа.
Ми рекоја безадреналинска ќе стват некоја но бидеќи имам болка онака кко здрвен ми е при допир ми рече можи д те боли при вадење бидеќи е безадреналинска... Рече подобро да го снимиме прбо да види дли иколкав е гнојот над забот паче одлучи дали да го вади тогаш.. З снимањето незнам дали е дозволено да снимаат заб
Феминки, син ми имаше едно топче на рачето, прво помало па се направи поголемо. Да речеме дека беше прво како сусам, а сега како леќа. Жолто-портокалово беше. На дерматолог ни рекоа дека не е опасно, нормално е, после годинката само ќе се исчистело. Дијагнозата ја заборавив, имаше нешто со "жолто" Вчера се направи потемно и црвено. Изгледа како да пукнал капилар. Не знам дали пак да одиме на дерматолог или почнува да се чисти. Знае некој нешто на оваа тема?
И мене безадреналинска ми ставија. Не ме болеше. Не вадев, туку друго нешто, лечење на каналот. Слободно снимај, нема гајле
Јас пред 1 месец правев заб со безадренелинска анестезија и тоа пола ми ја стави јас му реков не цела, а ми гарантираше дека е безбедна ама сепак.... издржувам болка јас му реков. Само што станав од столот во чекална ме чекаа маж ми и децата, одма и дадов да цица на.малата. Никаков проблем.