Леле, истото со едната рака, ме фаќа и игра Исто прави клекни стани, сигурно така се зајакнуваат за исправање. Почна и многу често да застанува со рацете и нозете доле, газот горе не знам тоа што му значи, дали вежба за исправање. Стварно како по книга се, прави машинчиња Spoiler: Рецепт за мафини 1 рендан морков малку рендана тиквица (исцедена) едно јајце (може само жолчка) 2лаж кисело млеко Моцарела по желба (јас немав сега и не ставив) 20гр путер стопен на пареа (може и маслиново) Обарена блитва или спанаќ На страна мешаш една чаша (околу 100мл) пченкарно брашно и една чаша мелени овесни снегулки (јас сега ставив овесни трици), па ги додаваш во смесата. По потреба додај вода за да се направи убава смеса. Печев 25 минути на 200 степени.
@Jana06 и мојата така се трти со газот и стои на раце,но не се исправа сеуште,и не се движи по мебел. Заљубена е во татко ѝ,по цел ден го пее,тата тати,мама јок.И викам кажи Ма-Ма,таа тата Едно време макаше по мене,сега некако. А да,и цице и е омилен збор,ок Ц-то е неправилно,нешто помеѓу Т и Ц e,ама кога сака доаѓа кај мене,и крева маица или удира со рачињата и вика цице. Да ви кажам случка од пред некој ден. Креветчето што и беше споено со нашиот брачен и го заградив,спуштив ниво и го преместив во аголот на спалната,еден метар оддалечено. Вечерта заспа,ја почекав да зацврсти и ја спуштив доле. Леле луѓе ко во оган да ја фрлив.Дека е ептен мирно бебе,ме изненади од каде тоа плачење.Ај ја кренав,пак ја успав во скут и ја спуштив повторно.Иста песна,крокодилски солзи.Ја галам,ја молам Нан-нан да легне,никако.Дојде татко и,ја крена,не може тој да слуша да плаче и ја стави на спална.Остана свртена кај него и пикната во него,ја с ја викам,не се врти,ама ни малку не мрдна со главата.Си реков за заспивање ке се сврти да цицне,но не,по 20 тина мин сама ја пикна главата накај перницата на маж ми и заспа.Цела вечер не ме побара,а цица по 2-3 пати,тек сабајлето дојде во мене. Не можев да се начудам како знае бебе да се лути и да покаже карактер.
Златна И кај нас иста песна, по цел ден ме бара за основни потреби, а инаку за забава е тата. Ноќе спие цела ноќ свртен накај него, мене може само некоја нога да ми даде. Вториот ден во болница кога се породив, сестрата ми го носи и ми вика Ауу мајка, ова твоево родено со карактер. Сите се смируваат, само него го држиме во раце (јас ваква да бе, бебе со карактер се родило, мислев напорно им е, па ми го носат со тој изговор). Мхм, од тој ден навака, мора едно 10пати на ден да го кренам во раце, ми легнува на рамо и се гушкаме. Со татко му го нема тој момент, до душа со никој не се гали, многу е див пред луѓе ама права мамина маза е. Така да, си имаат карактер уште од раѓање, само твојава мирничка е изгледа, па сега ти покажала заби
@Jana06 Тоа со газот нагоре го прави од пред да седне цврсто и не знам зошто го правеше тоа. Леле тоа гушкањето и легнување на рамо ми е омилено, но и образ на образ кога ми е залепен. Само мене ми легнува така на рамо и се гушкаме. Или ќе дојде до мене кога сме на земја, ќе ги истегне рачињата, ми ги тегне рацеве и ми легнува на гради така исправен на нозе. Па ќе го земам, ќе ми легне и ако ни се доближи татко му, се врти на другата страна. Ме гушка бе! И само си приплакувам А со мм се паѓа од смеење @dunika Кога го спуштив долу креветчето и кога првпат го ставив во него, беше денски. Легна на душекот, свртен со главче накај мене, со раче на мрежа и како да тагуваше што сум го ставила така. Се преплакав колку ми беше тажно, така како ужален лежеше. Но ќе се навикне претпоставувам, како навредена реагирала
и јас почнав да ги користам овие во комбинација со памперс премиум обичните пелени. Задоволна сум од гаќичките, полесни ми се за облекување.
Јас користам 4 премиум , а овие од бејби лав 4 беа, исто . Сестра ми ,меѓу другото, ми ги имаше пуштено од странство . Пробно по 2 беа во пакување. Ама ете незнаев дека странично се кинеле
Хахахаха и јас сум со иста забелешка ...мам мам ама ко ќе го види татко и ,мене ме занемарува, ма не постојам . Него му се радува подава рачиња. Прави плес плес рачиња , во вертикала плеска Е тоа ти е сите маки на мајка , а по тате озарени. И ние лазиме , се што и е на дофат тегне, и кога сама ќе тресне не плачи . А богами многу се треска .Па во креветче тоа думкање .... сношти со мм зазборено слушаме дум трес...(тегот мој 1кг потпирач за врата е) го поткрева го спушта , го лижи мм вели ,ќере бар ти да го искористиш И многу ми е интересна трепка со очиња и шмрка со носе-ме задева со мимики . Ангелчиња најмили
Да, и мојот така прави, ќе земе и ќе застане. Ние му викаме "стој боре" така ни рече свекорот дека викале кај него в село,и ни се виде интересно. И сега се научи, а му речеш стој боре одма станува. А инаку, запишана сум на нјуслетер од една физиотерапевтка, и баш ми стаса преку некој ден дека може ќе почне самостојно да стои, но не го брзајте да тргне напред, одењето странично по мебел е многу важна фаза, за колковите и бедрата.
За прв роденден ќе правите ли здрава торта што може да ја јаде и детето или обична, само за возрасни? Ако имате некој рецепт пишете
Тука сум сега Ве читкам повремено, ама имам и други обврски и низ дома домаќинлоци, па ме снемува чат-пат. Арни сите таман? Ние супер, со малиов дома е позабавно секој ден, па му спремам за роденденот, идеи разгледувам и тоа е. Вие се спремате генерацијо? Леелеее конечно кога му велам да направи шлап со рачињата, го прави! Хахаххах се сеќавам кога пишував тука дека многу сакам да шлашка, многу ми е слатко. Ете почна да прави така. Бонус: мавта за чао ама се осеќам како во продолжен скок да е, од 7миот навака. Ај за ноќното спиење арен е да речам, пу пу пу, да не се жалам... Фала шо се сетиии, ве поздравувам сите *
Во мк сум во зегин ги земам јас. @elenaklasik Не замисли кај си И јас искрено немам време за ништо, цело време сум ангажирана околу него. Не з а с т а н у в а! Се спремаме и ние за роденден полека На кој датум беше точно роден?
@RAK91 Извини што замарам, те молам кога ќе можеш, пиши колку се ако ти текнува и колку ги има во пакување. И дали големината на пример 4 е иста како и пелените со лепенки број 4.
Можам да замислам! Тоа сега моево не застанува, а сѐ уште не е пуштен за одење, замисли! Му пишав и на Антоније на фб, му ги опишав и фазите како кога сѐ направи и очекував да ми каже датум кога ќе прооди И ми враќа: надвор и глупави и паметни одат, ќе заоди сам кога ќе сака, а после ќе кукате дека ве боли грбот, оставете да прави самото што сака. А јас пак чекав поконкретно да ми каже Не за друго, апаратот да го спремам да ми е при рака да ги фатам првите чекори. yeah right Инаку на 13ти март е роден. Е арно шо отворив да проверам форум, стварно ќе ве замислев. Ама и јас си мислам на вас, туку ептен денот ми лета, навечер сум кома и некогаш не осеќам колку време поминало.