@elenaklasik никој не може да ти каже кога ке почне да оди. Конкретно синко почна да лази на 6 и пол месеци и прооди на 11. Ама, долго време, значи некаде 2 месеци одеше држејќи се за нешто. Брзо одеше ама си бараше нешто да се придржи. Премногу беше внимателен и ниту еднаш не падна. Првиот чекор од а до б без да се држи беше споро, со мерење и кроење. Да напоменам дека немам користено никакво помагало, дубак, џампер, проодувалка, ништо. Бебе на земја па како знае нека се снајде. Според дефиниција на ортопед прооди на 1 година, значи да стане и да почне да оди без да се држи за нешто. Има деца кои се држат за нешто и се пуштаат за 2 3 недели.
Да надополнам за одењето, еве мојов оди асално од година и две недели некаде, откако тргна не престана да оди. Не се плашел, не паѓал, но, не знаеше да стане сам без да се држи за нешто. Ќе лази до нешто и мора да се фати за него за да стане. На околу 14 месеци научи да станува сам. Баш секое своја политика си тера
Мајки, помош аман веќе со овие грчеви гасови само ноќно време, не сме спиени ни јас ни бебе ради нив... Значи не е од одредена храна испробав се зошто олку ги има.. Се превртува, се витка, плачи, прди ја боли стомачето.. Од бебе ептен со грчеви и сеуште, 8 и пол месеци е ја мачат. И давав био гаја па ги прекратив пред недела дена со надеж дека ќе биди подобро, но исто е. Ад и давам аптамил, од каши имаме поручек и ручек. Вода тек тук пивнува, деновиве и сок и давам на хип со надеж за подобро ама ништо не помага. Хелп, совети, искуства, се е добредојдено...
Смени пробиотик,не можам да те советувам кој др пошто кај нас Био гајата помагаше и бебе немаше грчеви. И ден денес давам ама не толку редовно. Смени му го млекото на Аптамил комфорт. Пробај!
И таква и таква би направила , само да можи да чекаме роденден . Прв . Како шо треба . Со гости , со деца луѓе, забавно ...а не се по 4 .
Мајки совет. Имаме 9+ и буквално не сака да јаде... само цица - храна ја нудам повеќе пати во денот изедува 2,3 лажички со сила и не отвара уста... Овошје никако не сака, тие 2,3 лажички се од зеленчукови каши... Што да правам не знам нерви искинав веќе. Има денови кога воопшто ни 1 лажичка не сака да касне...
Може да е интолерантно на лактоза. Во тој случај не помага никаков пробиотик, едино и помогнаа капки Бекутан за грчеви, но тоа е моментално решение. За да нема грчеви треба да не прима лактоза.Од сирење /кашкавал/к. Млеко во мали количини немаше проблем, додека од пресно млеко имаше страшни, око не склопувавме . Имаш Ад без лактоза. Може да го тестираш со избегнување на млечно.
До сега и немам дадено млечно, само еднаш кисело млеко ама тоа беше пред недела во една каша, друго млечно не сум дала
Мајки, малото ми е 9 мес. И образите му се црвенкасти како со точки. Му искачаат запчиња ,да. Што да го мачкам? Коа бевме на контрола, ништо не рече матичниот. А ја сум загрижена, не му се мазни обравчињата,туку како со бубуличиња.
Да, премногу. Ја све мислев од некое јадење да не му е ,алергија.. Ама па ваљда ако е алергија ќе се појави низ цело тело, ќе го чеша...
Ние имавме и околу уста, Јадранка од Ремедика ми препиша Афлодерм маст да ставам 3-5 дена наутро и навечер само тоа ни помогна, ставав Еуцерин атопи, на Фрези дерм за црвенило ништо немаше ефект од нив.
Да се обидеш да го оставиш бебето само да се храни да прочиташ за blw метода Отсекогаш е вака или сега вака се однесува?
Следи дали се повлекуваат. Ако е црвенило што трае, тоа може и друго да е. Вака како со ситни ме асоцира на лигавење.
Малиов 2-3 дена гледам сака да зева, а не зевнува до крај. Отвора уста, но како да не може да зевне. Ви се случило ли? Што може да е?
Ад давам да аптамил, каши со вода правам не со ад, само така ми ги јаде. А, за да е интолерантно на лактоза би имала проблем и преку ден зошто само на вечер е вака?