Да и кј мене почна да плеска ама сам ко че му текни илико че пуштам песнички обвезно си плеска .. Ама да повторува не.. Така на среќа некокку пати се има случено уз песничка.. Повеќето сам си плеска.. Или јас да запеам песничка некогаш и така плеска
Бебчево е 7м али еве цела недела е лепенка за мене значи цело време плаче или кемка ако е сам на подлога ако е кај друг во раце само кај мене сака, а да напоменам не сме во скок.. Го забележав еве три дена ушите си ги влече многу крвави ги прави од влечење што може да биде кецовите горе се потечени али не ме остава да видам дали напукнало непцето.. Дали се заби во прашање или нешто со ушината има мака вода да не му има влезено што може да биде
Кај мене малата така кога вади заби прави,ги чеша и ги тегне, и внатре во школката од чешање ги раскрварува. На сите заби така прави кога излегуваат. Не се сеќирај вади заби.
Малиов на 8 и пол почна да игра на песнички па после почна да плеска на тапши тапши и ко ќе му запеевме одма плескаше со рачињата, или да му кажиме бравоо исто плескаше..Сега вели чао и дај или дојди со рачето покажува.. Ама најинтересен ми е ако е гладен или да види некој дека јади одма оди и вика ам ам ам...
И ние сме 8 ипоч еве веќе пола месец плеска.. Повеќето тој ко че сака и на песнички плеска цело време.. Јс велам така си играа тој
Денес син ми направи 1 година! Да си прославам и тука како што си е редот форумџиски. Еееее како летна годината, пред малку прочитав за 8ми скок, пишуваше "the beginning of the end of the babyhood" па да знаев дека толку кратко се бебиња, не ќе се лигавев на почетокот Здрав жив весел да ми е, само тоа ми е најважно!
Среќен роденден на сонцето @elenaklasik Сакав да ве прашам за ад, сабајлечки кога ќе се напијат ад, после колку време јадат доручек? И навечер пред спиење кога пијат, после колку време заспиваат? Синко почна навечер да пие 170мл, еднаш му дадов и испи и сега секоја вечер си пие. Ама заспива после еден саат од млекото. Сакам да видам и сабајлечку дали ќе пие.
Пие кога ќе стане, зависи. Меѓу 6 и 6:30 му е испиено. Доручек околу 8 и пол и во 9-9:30 си дремнува. Навечер откако ќе го истушираме и ќе го пресоблечам, гасам светло, оставам пригушено и пробувам да го смирам бидејќи е многу немирен од што му се спие. Се гушкаме, мм прави млеко (170 ml). Го пие во креветче, се врти на стомак, го местам, излегувам и за 2 мин е заспан Сето тоа од пиење до заспивање трае макс 10 минути. Пробај припреми атмосфера како за спиење, потемно, потивко. Или можеби рано му го даваш кога не му се спие уште. Инаку кога обично заспиваше?
Сабајле му дадов во 8ипол испи 120мл и после во 10 слабо јадеше. Станува во осум ама од следната недела ќе почнам јас на работа и ќе станува во 7 па може да му правам млеко и накај 9 да доручкува. Иначе заспива кога како, некогаш 21, некогаш 22. Јас грешка правев ќе му дадам млеко па после го пресоблекувам за спиење. Денес ќе го средам за спиење и ќе дадам млеко па ќе видиме. Фала ти за одговорот
Моево станува и пие 170мл ад па после 2-2 и по часа му е доручекот.. Ко ќе видам дека му се спие го спремам за спиење го легнувам и му давам Ад и заспива..
Син ми наполни годинка и официјално прооди пресреќна сум, како вчера да си го родив не ми се верува колку брзо летна времето.. @elenaklasik Среќен роденден на синот