@MinnieM среќен роденден и лесни чекорчиња на синко Стварно брзо лета времето,се секавам дека беше негде пред мене во Термини за породување @0ли мојата да заспие така ке пукам со калашњиков Ок,нема да пукам,ке ја разбудам ама ке направам некоја фешта Ај сеа озбилно,мајки кои доите и ви заспиваат со цицање,имате ли искуство и трик за поинаку? Сте пробале ли? Ќерка ми заспива и во количка и кола кога и се спие,но навечер исклучиво на цицка лежејќи до мене,и строго телесен контакт да има дур зацврсти.Не дека ми е напорно или сл,но би сакала да и олеснам.Имам многу млеко,АД не верувам дека ке прифати...поима немам.
Го пие млекото и одма заспива, а сабајлево околу 6:30 стана. Наспан, весел, 12 часа без будење, а јас жива неспана, стопати се разбудив за да го видам Не можам да се пожалам за спиењето
@elenaklasik @MinnieM Среќни родендени на малишаните и лесни чекорчиња на мажето @0ли значи од генерацијава само нашиве беа и останаа спанковци Моево 12 не ама 9-10 часа ги спие без прекин и 3-4 саати преку ден тера Да не се зарекнам нека тера вака, ми одговара мене
@MinnieM среќен роденден @dunika и ние сме исто, еве сега го испи млекото и одма побара цице и заспа. И плус чим станам од кревет одма се буди и тоа ми е најмачно. Мора или јас или мм да лежиме до него и ќе спие без да се разбуди. Чим осети дека нема никој одма се буди. А зошто почна да пие адаптирано не знам, изгледа јас полека го губам млекото... Ама па секој пат кога ќе стиснам шприца....
Ќути си, нека спијат. Така барем и јас легнувам рано околу 9-10, само што се будам често и наспана вака како вампир сум во 4. Рано легнува моево и затоа толку спие. Сега саатот кога ќе се смени, ќе заспива во 19:30, а не во 18:30 како досега. Не му поместувам ништо, така и есента си продолжи кога се смена саатот. Иако не знам што да правам, уште дење ќе е во лето. Поради долгото ноќно спиење, двете денски дремки му се по саат - саат и 20 мин. @Butterfly1107 Мислам дека твоето откако е родено спие само ако некој е до него. Така како да се сеќавам. Сите по нешто специфично
Мајки, малиов често си ги трга ушињата на долниот дел а и гледам повеќе му собираат и секрет внатре. Знам дека тргањево можеби е поврзано со вадење заби, дали сте имале искуство околу ова?
Кај нас е секогаш поврзано со заби. Секретот е нормален,нека не те загрижува,само не чисти секој ден и многу внатре,целта му е да штити од инфекции.
Чао почна сега околу 10 месеци, а тапши прави од поодамна. Инаку, обожава да игра на музика, и си има неколку песни кои му се омилени па што и да прави, каде и да е, ако ја слушни неговата песна одма лази кон телевизорот за да ја види и почнува да игра напред-назад со цело тело и со главата
И уши трга, и се чеша до разранување и коса корне (бидејќи се роди со многу коса и сега и е изретчена но порасната и има убаво да фати ) и се тоа поради запчиња е. А мојава сега 2-3 дена почна да кима со главата како за "да", не знам дали фаза е, има моменти кога од нигде-никаде ќе почне така да прави, не на музика, не на зборување... Имате такво искуство?
Последниве неколку дена забележувам како ги тегне ушињата и го наведнува главчето на рамо, имаме и течна столица. Незнам дали е пролив. Горниот кец и пробива па незнам дали е од тоа или од храната . Инаку немаме ништо сменето во исхраната.
View attachment 673587 Не, Оли, немој да се жалиш. Јас се надевам дека има некоја космичка правда и наредното дете ќе ми биде како твоето оти ова душата ми ја вади со спиењето. Дневно и вечерно, све е хаос. Од трети месец наваму сме во регресија. Само првите 2 месеци спиеше убаво.
Јас мислам само кога ќе почне повеќе да разбира па некако да му кажам да се тргне од цице и да заспие сам. Инаку не знам како би можела на мирен начин да го исфрлам цицањето за заспивање. Исто и можеш да му го вадиш цице, да не чекаш да го пушти. И демек се пократки да се подоите и детето по малку се учи да заспива. Јас вадам долго време, и има нешто, се пократко му треба, некогаш само да се допре и презаспива. Ама далеку сме од заспивање сам
Среќен роденден на детенцето @elimkd , со еден ден задоцнување. Голем да расте, здрав жив радосен заедно со мама и тато *
Давајте совет... Официјално од вчера шести скок е завршен ама... Вчера и денес има по две дремки денски од по 2 саати. Прозорот на будност му се зголеми на 3 саати и заспива точно до минута. И вчера и денес втората дремка му заврши во 18h и во 21h заспива и кога го оставаме в креветче почнува да плаче. Неколку пати така и после тоа се расони и заспа дури во 00:30 и тоа во релаксатор. Во 03h стана за млеко и го преместив прво во креветче, го испи млекото и си заспа како и секогаш. Стана дури кон 9h, а секогаш станувањето му е најкасно до 8h. Спие во креветче од кога е донесен дома од 2 дена и никогаш немало ваков проблем посебно не за ноќното спиење. Еве моментално истата песна од вчера. Треба да му пробие двојката горе ама не верувам дека е од забот оти претходните 4 кога му излегуваа по 2 наеднаш имаше само вриштење во текот на ноќта неколку дена и пак презаспиваше. Некој ако имал сличен проблем да сподели искуство.
Заспива со цицање, ама во последно време неможам да се тргнам од неа никако, цела дремка би и била на града, па почнав да си држам цуцла во раката, се тргам и ја ставам цуцлата. И ми успеа неколку пати се извлеков, инаку прв пат давам цуцла, вака на полузаспана.