Таков е скокот изгледа и мојот некое време се мачи со втората. А се буди со плачење од спиење? И тоа го имаме овие недели и баш ми паѓа жал, се тресе со рацете и не се смирува додека не го гушнам во раце. И дење и ноќе ова.
Еве денес око не склопи после 11 саат. Прва дремка си истера прописно, мирно сам заспа и спиеше саат и 20 минути без будење, а втора воопшто не ни заспа. Прва половина од скоков кај громчето врескаше пред дремки, особено пред втората што велиш со тресење, липање, солзи, а сега цел ден игра ли игра, не ни плаче за спиење. Скапан е, попладне хипер од што му се спие, преактивен е. Не се буди од спиење, барем не досега. Ноќе во скоков не се разбуди ниту еднаш за да го земам, спие како и досега без будење до сабајле Умрев од грижи што не спие Се надевам ќе се врати во нормала, уште една недела е скоков
Скоро годинка сме, и со јадењето сме немале и немаме проблем, ама сега чудно се однесува ви хранилката. Ако е врзан се тегне и кенка, ако не врзан станува, се качува одозгора на масичката, седи на масичката...земи го в раце се тргне накај хранилката. Ај го оставам да му помине меракот, ама веќе 4-5 дена сме вака. Ќе не поремети
И мојата почна се тегне кога јаде, се прави само да не седи исправено. Не пуштај го да се качува на хранилка, не е безбедно. Ваљда скокот е таков
Не, него оставам сам ни секунда, ама не се додржува. Како некој октопод со раце и со нозе. Да, се' прави само да не седи исправено. Ќе земе ќе ја извади ногата па ќе ја чува горе. Па ќе ги става двете нозе во една дупка. Ги фаќа ремечињата за врзување... стварно ме ремети. Маж ми денес пред работа крена раце и вика стај го на земјата, тамо рани го, нека фрла ќе газиме ))
Здраво бебето има 4+ м од утрово има сува кашлица мислам дека нема болкс во грлото ама кашлицата е присутна цел ден како можам да му помогнам
На колку време се менуваат цуцлите на флашичките? И на колку време купувате нови чаши за пиење вода- бебе пие од магичната чаша на Нук
Уште се мачиме со вода непиење ние. Мајки колку мл вода ви пијат дневно? Јас сеуште со лажичка давам после оброк, можеби 20мл ќе се напие и потоа плука. Измеѓу варам некое овошје или чај па и од тоа нудам со лажиче. Можеби 80-90мл се собираат во денот. Малку е мислам?!
Не знам колкаво е бебето. Ама моето ни толку не пие... Нудам после јадење 20-30 мл. ако испие толку е. Од чајот бега А за сокчиња мислам дека е рано 7 месеци е Ама си цица така да мислам дека не е проблем
@Осе @Snowflake92 9 месеци е. Откако направив колекција од сите можни чашки, клунчиња, цевки... пак останав на лажичка кога ќе го види шишето се гади и го фрла веднаш. Чај давам од хипп чист анасон, се напива по малку дека и вака го сака анасонот кога му го ставам во јадење, обарен на пареа. Па и чајот проаѓа, ете можеби 20тина мл... Се тешам дека цица сеуште па така се хидрира
Мојата е е скоро 10мес,освен млеко ништо не сакаше да пие,капка вода несакаше одма се гадеше се давеше,дури од 8 ипол месеци почна вода на сила да пие и еве едвај за 24часа и се собира 30-50мл,а сок и чајче не сака воопшто штом осети вкус веќе втората голтка ја плука.
На 6 месеци на контрола спомнав , педијатарот ми рече покрај млекото не е баш многу потребна сепак нуди и после проба на вкус ,со тек на време ќе се зголеми. Ама еве уште не се зголемува. Имам приметено пример после банана пие повеќе. Ако кашичката ми била потечна пие помалку итн. А си цица 6-7 пати во денот.
Му давав ад за вечера со житарка, инаку не сака да го пие. Он и сега не цица многу ама кога ќе го одбијам ќе му давам оброци со млечни, сирење, јогурт, кисело млеко.