Ние сме 9 ++ бебе само цица.. Нажалост ми јави слергија на млеко и ад не давам иако бев решена... Купив пумпа рачна и од 30 мл повеќе неможев да измолзам.. Ова ти зборувам 2 3 месеви ко беше бебе... И викаѓ нема млеко готово бебе е гладно нз шо ќе пие... А бебе мирно не плачи... Напредуваше супер по кило и 200 300 грама на месец... Сватив декамлеко има... Бебе цуца колку сака а пумпата не е мерило и неможе да измолзи ија фрлив толку беше
Покажуваат ли лутина вашите? Еве веќе 2-3 недели ако не му е нешто по ќеф, ако не може да дофати нешто што наумил, ако му здосади во хранилка да седи, се лути ептен, не плачи ама демонстрира незадоволство.
Од кога е роден ништо не му е по ќејф али такво си е детето активно љуто, особено кога ќе го ставам во хранилка како на гилотина да е мафта со нозе и раце и ржи.
Ние сме 9 +++ , аууу како ми р'жи , ако сака нешто а ми е в раце, ако не ја додржам ќе ми падни . Протестира за саканата играчка. Цуцла многу сака а ѓерданите ,држачи за цуцла, ги обожава ги лижи. Абе се лижи . Јас до сега афти ќе се направев . И нешто што ме загрижува , моево дете не ми се радува мене онака како што му се радува на мм свекрва ми дневно по 15 мин ја ѕирнува ,очи вади по неа , и се радува и се смее и трепка со очките. Незнам , љубомора имам некоја . Мајка ми целодневно ја гледа . Ама не, свекрва ми е саканата. ќе си пукнам.
Штипе гребе,тепа.... Не дај боже во раце да ја легнам како за заспивање фаќа на мекото и претопува хахах
И ја го мислев истото, ама знаеш оти е така ? Оти не ја гледа, и наеднаш и иде друго лице, и се дешава нешто друго и затоа е така. Нека те нема тебе саат време да видиш по тебе што ќе прави
Јас искрено не ви ја разбирам љубомората, не само ти многу мајки имаат пишувано за ова. Малата има посебна љубов кон татко и од прв ден па јас се топам кога ги гледам
И ние стасавме за оваа тема Да прашам, ќе се регулираат денските дремки (велам дремки оти спие по 10-15мин.) или едноставно таква ќе биде малата? Сега сме 6+ и сеуште има 3 дремки ама многу кратки, не можам ништо да фатам. После 4от скок и се регулира ноќното спиење, сега после 5от да очекувам некаква промена и кај дневното спиење?
Баш сакав денес за ова да прашам. И мојов покажува лутина со ржење и плачење (додуша и брзо му врви). Ако не му дадам нешто или ако му земам нешто од рака- хаос е. Исто и ако јас јадам нешто, вика и гледа во тоа што јадам, посега со рачињата. Реков многу нервозен малиов од рана возраст, тоа на татко му
Сирење моцарела од Зот или Мегле, урда несолена од маркет или пазар, кашкавалот е 12+, ако сакаш порано не знам да ти кажам дали има некој без сол.
Таму многу долги постови пишувате ако почнам ќе заспијам на тел ај ќе се приклучам од компјутер и ќе пишам деновиве. Инаку добро, за сега се во ред, фала што ме помисли
Ќе седне кога ќе извежба Не го потпирај со перници ако го потпираш, не користи помагала, оставај го што повеќе на под. Дали седнува на страна потпирајќи се со едно раче? Што прави кога е на земја, во креветче?
Другарка ми почнала да му дава на детето каков што јадат а 4 дена се разлика со син ми.Ај подобро ќе почекам.Фала ти
Ајдамер и Гауда давам,ама ептен по малце,10-15 гр,еднаш два пати неделно. @macufce еве ја кремата Не сум во Мк,ја нема таму.Се чита мислам составот,прашај да ти ја направат во аптека. Снаа ми е фармацевт,исто имаше проблем внук ми,па рече ке и ја направеле.Ако има подобрување кај нив,ке ти пишам инфо што-каде. Иначе користам Веледа,жолтата линија.