Само од грб на меше се превртува и пробува да лази т.е ако има играчка пред неа сака да ја дофати ама не може. Кога ја ставам да седи или падне напред или лево десно инаку ич не сака на под на меше да е плаче..
Вежба и со самото борење додека е на меше. За на меше нека е одморена, да не е гладна, но не веднаш после јадење. Продолжи да и' ставаш играчки пред неа, со самото тегнење се зацврснува и брзо ќе научи што треба да прави за да дофати. Не ја седнувај ти, освен во количка и во хранилка. Мора да ги зацврсне мускулите сама за да оди на следна фаза. Помалку држење во раце, повеќе на земја и сама во креветче, играчки и ќе си ги постигне сите работи во свое време.
Ништо страшно и да дадеш, јас на моево му имам дадено кравји едно мало парченце зашто се тегнеше да јаде ама да не му даваш често, ете како Дуника како што пиша. Вчера му дадов пола лажица од мојата супа, големи се веќе разбираат, се интересираат за вкусови.
И јас така давам нешто по малце кога ручаме, ме гледа во очи и не можам...така мед му дадов по малце пред месец, сега јаде леб и мед 7 месеци е
Уште на 5 месеци...ако не седеше плачеше и на педијатар кога бев прашав рече ок е само ти да не го форсираш а сам ако сака во ред е. После месец сакаше да стои почна сам да се исправа, ортопедот исто рече ако сам бара ок, али не се препорачува може ноџињата да се искриват. А пр.абер нема од лазење. Муабетот ми е остави ја ако неке неке, ќе седи ехехеее не се сите дечиња исти
12ти ден како малиот не спие веќе во креветче и нема никаков начин да го спуштиш и да спие. Сме пробале милион пати и се буди во истата секунда. Спие или в релаксатор или в раце. Последниве вечери ни в релаксатор не сака. И во раце се буди на секое со хистерично плачење и одвај се смирува. Кога излегуваа кецовите вриштеше во сон неколку дена и тоа беше. Сега му излегуваат двојките горе и го мачат 2-3 недели и не знам дали на тоа да го препишам хоророт со плачењето. Од пред 3 дена не може ни да му се смени пелена. Само што ќе го легнам почнува да плаче и да не речам зајдува од плачење. До пред некој ден исто кога го му слекував бодито скокаше од радости сега и за тоа се плачи хистерично. Не знам што му се случи на детево. Трауми имам за цел живот од тоа плачење и смирување одвај и од неспиењето. ПС: Имаше и температура два дена и сега му се појави и осип. Колку дена седи осипот ако имала искуство некоја?
Јас би дала парацетамол сирупче! Ако е таков поради болки, стварно е жално да не му се даде нешто. Исто така имам купено на своја рака Калма Б сируп и тоа му давам кога е кенкав. Искрено на своја рака, но по совет од сестра ми. Има близнаци и исто правела, еве и на моето многу му помогна а мислам дека педијатар нема да ти рече да, дај му калма б или парацетамол затоа што е вознемирен или има болки пд запчињата. Пак ќе кажам, ова е мое искуство не наговарам никого само споделувам
Иста беше мојата до 6 месеци, сега кога направи 7 месеци почна да спие по 2 пати по саат, саат и пол, далеку подобро од пред тоа 3 пати по 20-30 минути
Леле немој мед,биди внимателна те молам. Медот е една од најопасните намирници за бебе под 12 мес.Може да предизвика ботулизам.
Здраво, не знам дали е прашањето за во оваа тема но... малиот има 11 месеци и постојано сува и испукана уста. Дали знаете што можам да ставам за омекнување? Лабело ми е малку страв бидејќи е мал, а од раѓање постојано му се лупи и често поради сувоста и му пука и крвави
Да не ги гризе, лиже, ако е на сув воздух вертер се може да придонесе до сушење и пукање. Ланолин можеш д амачкаш
Дали диши на уста кога спие? Дали му е чисто носето? Мојот често диши на уста и наутро му е сува устата. Му го чистам носот но нема секрет. Ми рекоја можно да е трет крајник...