пробувај ставај играчина оф страна да се врти со рачината во круг.. Ќе почне.. После ќе му текне и напред . Постојано на земја и покажувај и ти како да се учи...
Мајки помош!!!!! Поради заб издуен образ ми прњпишаа антибиотик кој оди во млекото, не е пенцилински бидејќи сум алергична. Не сакам да го одбијам детето 13 месеци има, дали ќе успеам после една недела од антибиотикот пак да почнам да ја дојам или нема смисла, ќе се изгуби млекото, ако само молзам. Не знам како психички ќе го поднесам тоа и да не добијам пак некој мастит одма да прекинам????
@mar3q Мојава седи ако ја седнам јас.. сама уште не знае да седне. Не знае да лази ,а упорна е за да стои иако сама не знае да се исправи. Кавги по дома колку сакаш. Пример седиме и до мене е седната фаќа за рамо ме влече да се исправи ,татко и одма ја фаќа и ја држи така исправена . Знам дека не е убаво за ноџињата ама ај разбери се сакало детето и готово....
Веројатно може да се одржи лактацијата ако молзеш на 2-3 саати, и навечер исто еднаш двапати. И јас имав мастит, дефинитивно неќам да се повтори. А мислиш дека ќе фати пак да цица по пауза од 7 дена? Тешка ситуација, ама види консултирај се и на ФБ во групата Поддршка за доењето (со кирилица напишано) и барај совет од советничка за доење. Ти секако мораш да се одмолзуваш, за да не ти се направи мастит.
Тоа е проблем шо нема имда сака да цица. Ај ќе ја одбијам мене не ми е проблем. Како без млеко. Дали ќе го прифати, неможам право одма да и дадам шише и пиј 200 мл.
Па не мора млеко да даваш, јас пред спиење давам житарка со јогурт или ад. И мојот не сака никакво млеко од шише.
Читав некаде дека јогурт, кисело млеко не може да се замена за ад или за мајчино. Ми текна дека помалку пие млеко твоето, не цица многу, па сакав да ти пишам. Минимум 500 ml дневно треба млеко за бебе до 1 година. Е, сега, не може да знаеш колку цица, но мислам ад да ставаш во каши штом не го пие и велиш немаш многу млеко. Со чаша си пробала ад да дадеш? Знам шише не сака.
@ddevojce баш одма ли треба да ја одбиеш? Да се измолзиш и да замрзнеш? Деликатна ситуација,да побараме помош и мислење од @Kaetana Пиши во “Доење” исто,можеби ке наидеш на искуства од мајки. @Enci201 среќен роденден на синчето,голем да расте,да ве радува вечно
Знам Оли, сум го читала истото баш затоа бев загрижена и прашував секаде. Не сака и крај, мирисот кога ќе го осети ја запечатува устата и толку. Купив пак ад, му ставам во каши ама невозможно е да стигнам до 500мл дневно. Толку бев очајна што се мислев да пробам и со кравјо тетрапак. Еве пак ќе ја тагнам @Kaetana и јас, мада мислам дека еднаш ми пиша и таа дека може да го заменам млекото со други млечни производи. Дефинитивно здравје за второто дете ќе биде комбинирано за да му остане навика и за ад и шише. Нож со две острици ама и вака не може. Да се дополнам само, знам дека детето на @ddevojce е над година затоа и така и пишав, после година не е неопходно млекото.
Девојче, прво пиши ми што антибиотик ти дале, да не испадне дека може да оди со доење, па џабе да се нервираш... *** Инаку млекото до првата година е примарна исхрана. До година се дава мајчино / формула.. А после година е веќе предмет на дискусија. Можете и со нутриционист да разговарате. Јас после година продолжив со доење, и со давање млечни производи. Кравјо млеко никогаш не дадов оти согласно моите истражувања како мајка, едноставно нема никаква потреба од тоа. Дури и не е баш препорачливо. За разлика од ферментираните производи кои се многу подобра варијанта.
А јас што да правам што моето синче едвај 250 мл пие дневно? Само навечер пред спиење едвај ги пие 250 мл и толку, преку ден не сака да помириса млеко
Мајки фала ви на сите. инаку антибиотикот е Sobelin 300 mg ( Clindamicyn е својството) На дежурен бев од 20:00 до 23:30 се изначекав за прегледот да ми трае само 5 мин и за да ми го извадат лекот и да ми кажат од таму ДА, можеш да го пиеш антибиотикот, не смета на доењето. Се јави да праша некаде се консултира со некого. И така. Рече да не го пијам сега ако нема потреба бидејќи е отворен забот да дише може и ќе се повлече отокот, па да почекам еден ден. А беба не сака да заспие без цицање, неможе да ја заспие татко и, морам и некое млекце и шишенце да воведам.
Многу често има ситуации каде што викаат дека нешто не оди со доење, за на крај да испадне дека оди. И лично искуство имам такво. И тоа не едно. Има сајтови за проверка - тебе ќе ти значи може овој оти е на германски: www.embryotox.de
Мајки, ви се случило ли некогаш детето да се врати назад со развојот? До пред две недели се вртеше во секундата сам од грб на стомак и пробуваше да лази, се вртеше околу оската на папокот, од грб на стомак и сакаше да се подава по играчки. Наеднаш прекина.9 месеци е. Не знам дали е нормално да има таков период
@0ли @Jana06 мене педијатар па ми рече максимум 500 600 мл да пие преку ден. Значи можи и помалку... Е сега мојата е на адаптирано и е еден месец поголема од вашите.