Па околу една недела беше критично, после почна подолго да спие или па се навикнавме Да не вади запче, па затоа да плаче во сон? Може ја боли.
Па доле двете паралелно и излегоа пред месец и пол. Сега горните по колку време излегуваат не знам ,а не дава ни да видам што се случува со непцата.
Хахахахаа и јас се сум заглавена во кујна , понекогаш толку ми е "загадена" кујната од што се на брзина , каде паднало каде лепнало. Што велите, па среќа јади . Нон стоп чистам . И пак е така ,не како што сакам. Девојкава лази ,се јази . Изнакупив подлоги од помеките. За ублажен пад. Едина мака ми е заспивањето особено навечер. Едно саат до саат ипол ни е потребен за да заспие .
Ние пред некој ден направивме 11 месеци. Малиов многу чудно се однесува, се' нешто само 'ржи, кратко се заигрува и одма нешто не му е погодено. На моменти дури покажува нервоза со цело тело, или главата ја удира од ламинат (ако лази во моментот). Малку ме загрижува, горе кецовите му пробијаа веќе, се познаваат. Не знам дали е скок, заби или онака....И ушињата си ги трга пак (тоа знам со забите). Многу сака по негово да е, ако му земам нешто што не треба да фаќа или ако го спречам да чепка некаде и готово, се лути леле мајко.Ептен е мал за вакво однесување, не знам... А инаку брзо му врви лутината, ама на моменти ја претерува ))
Ајде добронајдов на темава.. од пораѓај до 6 месеци додека трепнам Бебе го мачат заби, ставаме гелче и моментално као се смирува, ама краткорочно.. Последниве вечери брзо откако заспива почнува да плаче, поточно да вришти.. мижи и вришти.. се смирува со гушкање и песнички, ама за пола саат пак е исто.. неколку пати вака и после си зацврстува и спие убаво.. Можно ли е да е од што вади заби вака? Или нешто друго може да го мачи? Можеби сонува нешто и се плаши? Сте имале ваков случај?
Од кога може да се смета дека и е навика нешто ? Пример цицање палец. Цица пред да заспие и само што ќе ја поместам во креветчето го цица палецот за да дозаспие... Уствари секогаш кога заспива го цица онака преку ден ретко...
Менуваат сега на 2 дремки.. И ние сметка 9++сме...спие два пати веќе две недели еве.. Ама 2 дремка едвај се успиваме.. Спие му се а неможи... Исто идолго спиепо 2 3сатаа му е дремката
10ти месец, за мене најтешкиот, во 10 легнуваше, на секој саат стануваше, полудев, немав време ни да се изчешлам, за мене залешена.
Рано ни е нас 9 месеци сега ќе праи Ние со поголемата го изедовме стапот во 9ти скок највеќе... Со малово ќе видиме сега го завршивме 6ти скок,па и не беше лесно А ако иде се пострашно хаос...
Хахах и мојава ми 'ржеше и само кај неа го имав тоа видено ама она тоа го правеше бааајги врме, сега престана од ко и текна дека може да се треска од земја ако не и погодено.
Ми треба совет, бебе е 6месеци и почнав да ја седнувам. Може сама да седи, но приметувам дека премногу повраќа седејќи така, особено ако е пиела млеко скоро. Педијатар вели штом кашата не ми ја повраќа тогаш е до млекото и дека сеуште има рефлукс, но таа никогаш нема повраќано толку количински значи да не претерам кога останува во таа позиција обавезно бљуцне 5-6 пати со 1-2 млазови плус. Пробав да не ја седнувам тогаш ама веќе е во фаза на врескање кога ја оставам легната или во друга позиција Дали сте се соочиле со повраќање кога седат? Дали ќе престане?
Majkii, kako go cistite podot kaj shto lazat bebinjata? So shto? Imame podlogi ama bebus saka sekade samo na niv ne saka. Dezental imam na lager. So nego prebrisuvav parhet ama od kako se rodi bebe samo sp voda za da ne mi isparuva. E sega pocna da se dvizi pa mislam deka ne e dovolno samo voda.
Ние немаме рефлукс и истото се случува.Не цело време ама некогаш да порано повеќе сега не толку.Али тоа е зошто си го стискаат стомачето.И ти јади па легни на стомак ќе ти дојде да повратиш , а не пак на нив што не знаат колку им е доста
Исто гледам да го оставам во хранилка уште бар пола саат на 45ст и го занимавам дури му спадне кашата, а со млеково почнав пак да го држам да ждригне ама некогаш ќе си поврати од седењето. Ако го оставам легнат за секунда е на меше и пак бљуцка и се во круг се вртиме. Не знам чаре ни јас. Ко на батерии е ај додржи го, ни се тера ни се води.
Кај моево дете последниве два дена многу е намален апетитот и тоа одеднаш, дури и млеко одбива што не било случај претходно, здраво е не е болно, весело е, полни 7 месеци има наредна недела полни 8, нормално е ова? Некој друг со ваков проблем има, чаре?