Мајки дајте памет. Почнав со дохрана на 5,5 месеци. Од јаболко,круша,слива се исфрла бебе на лицето му се појавуваат 2 црвени точки и црвенило под очи. Напраив10 дена пауза. Почнав со дохрана пак, иста песна. Само од компир не му се појавува ништо. Значи на 3 лажица излага црвенилото. Многу се плашам има 6,5 месеци,а со храната абер немаме.
Детето е веројатно многу склоно кон алергии. Моја препорака е да најдеш добар педијатар да те упати кон ова да не направите грешка бидејќи сепак влијае на здравјето. И те молам не применувај совети како "Ништо не е, давај ќе му помине" затоа што ние така завршивме во болница.
Консултирав 4 педијатри, никој не го смета за проблем ова,а мене не ми е нормално. Зар детево од компир само ќе живее, зар е алергија на секое овошје?! Немам памет.
А какви јаболки/ овошје земаш? Да пробаш на пример печено јаболко да дадеш. И дали имаш дадено житарки? Ако не почни ориз, палента, семолина земи на хип колку да почнеш со оброци. Можеш да ги правиш со ад на почеток па после пак да пробуваш со овошјево. Кога ќе мешаш ориз јаболко може нема да се прави
Тоа е некојамоментална интолеранвија на глукозата.... Ке де навикни организмот.. Давај зеленчук.. Компир.. Морков.. Брокула.. Тиквичка.. Батат.. Тиква... И тие ги мешај. Па постепено ке почниш морков и јаболко микс.. Иќе видишкако ќе оди
И од тиквицата даде реакција. Еве ќе продолжам со зеленчук, ама и со него не е сјајно за жал. @Milkiway ќе пробам и житарки, се оди споро зошто по 3 лажички 4 дена давам една намирници.
Да споделам...мене денес прв пат ми падна од тросед...и тоа го гледав секунда беше не успеав да стигнам. Направи салто и падна на газе не ја удри главата. Ама многу се уплаши или ја повеќе не знам како ќе го допазам многу многу живо бебе.
Така и мене ме советуваа, кога испаднавме од болница беше на ориз, компир и банана. Дека е моментална рекција тоа неможе никој да ти тврде. Кога воведуваш нова намирница само 2,3 лажички и допри го со храната на образ ако даде црвенило пауза 2,3 дена пак само тоа што го јаде без реакција. И јас би те консултирала да даваш купечки сега, мојата реагира и на прскани овошје и зеленчук.
Те разбирам.. Мене ми јави црвенило од млечните амабаш од се.. И купечкикашички и ад од се.. Еве 9ипол сме јајце немам дадено од страв и нз кога ќе дадам
@dunika Среќен роденден на малата! Голема да расте, здрава жива веселаа! (Вчера ѝ беше, добро памтам?)
Фала многу,и вие да сте живи и здрави Вчера заокруживме big One. Ајде на торта,речиси цела стои,имавме дури 4ца гости,на кои малата им се намршти на влегување,па после се закачаше. Како пандемиско дете,супер дружељубива беше.За тортата не беше заинтересирана,имавме и 1ца што прска ко жижица,и таа чудно ја гледаше. Повеќе беше радост за нас,таа здравје догодина ке разбира многу и ке има желби
@dunika Една година летна, исполнета со радост и многу љубов Среќен да му е роденденот на девојчето, голема да расте! Не е веќе бебе, па сега на друго ниво оди искуството
Мајки, во ап за скоковите за 7миот стои дека бебињата помалку "брблаат" додека трае. Оние што го поминавте, ептен се осеќа разлика од претходно? И дали после скокот има напредок во "зборувањето"?
Мене денес срцето во петици ми отиде кога едната од близначките ја најдов на спална, самата се префрлила од креветче врз спална. Ги оставам да спијат во свои креветчиња и ги слушам на бевифон, додека стигнав до собата има што да видам. 10 ипол месеци има, само лази, се подига на секој еден елемент што ќе и дојде при рака.