34 недела го пишува ,јас на Др. Гуднајт на инста го видов Мојава е 33 +4 ама дали порано и почна не знам баш исто се понаша,а така и беше опишано на статусот. Дека учат сега да се движат и "вежбаат" сред ноќ
Истото е и кај нас. Ама па претходно заби кога му излегуваа не одбиваше до толку ептен. Од задутре му почнува 7ми скок, па можно е и од тоа да е кај нас
кај нас е исто.... 6ти скок. Цела нок на секој пола саат, па и на 20мин се буди,лази во креветче,се исправа а мижи и плаче. Заспива на цицка...
Каква крема користите за надвор, овие денови има многу сонце, ама и ветер. Ќе треба со заштитен фактор некој за сонце или доволни се овие за студ и ветер што се кремите?
Мајки од искуство кога избива забот има некое правило? Скроз е бело доле и отечено се гледа дека е при крај ама стварно се измачи овие денови. Ноќе плаче многу во сон на секој саат се буди за цуцла. Мачкам фризидерм, глодалки изладени не сака, не дава да го чепнам само со цуцлата се чеша и уште толку плаче Не се издржува овие денови, дома плаче, надвор во количка плаче, а не сакам во раце надвор да го учам. Педијатарот ми вика ништо да не мачкам. Ќе биде ли скоро или ќе се мачиме уште?
И ние сме исти, ама кај нас 2 наеднаш избиваат, и тоа излезени се, се гледаат како боцки и гребат. И вришти, не јаде, се буди на саат со плачење, само кога ја шетам е мирна. Така да мислам ќе потрае
Тие на прст се ставаат да го чешаш или он сам да држи? Ќе земам денес одма Офф и вие се мачите ај валда ќе избијат што поскоро
Откако ќе избие така да грепка е мааалку полесно. Негде две недели поминаа додека проби убаво... И после почнуваат сите ,така да со запчињата ќе ни потрае
На моево првото запче му проби на 11.01., сега после 3 месеци малку повеќе од пола се излезени долните кецови. Горните искачаат 2-3 месеци еве ги побелени и никако да пробијат. Душа ни излезе на сите.
Лелееее уште не излегоа горните? Од кога те прочитав дека се спремаат. Се измачи детето, сигурно е нервозен и кенкав
За некои си 15 Тина дена и беа една четвртина излезени ,мојава се брза по две вади... И само гриза ,нас , ќебиња,играчки што дофати. Цуцла не ми фати никогаш... Од рацете само палецот го гриза/цица. Не знам дали да го сметам за навика... @Jana06 викаш три месеци ? Леле неа само што и почнаа тешко мене . Кажувајте чаре ,шише и цуцла никако не фаќа ,од чашка и давам вода се правиме бањати. Млеко како давате ? Цица сега ама кога ќе почнам на работа што ќе се прави не знам ...
@0ли Уште ги нема Што инает ќе беше. Гледам на фб една мајка што става слики од бебето помало е од моето, горе веќе има 4 заби. Секое сабајле прво тоа проверувам. Ептен е нервозен, гриза секаде кај што може, мене за врат почна да ме гриза.
@Осе индивидуално е излегувањето на забите, не мора да значи дека долго ќе вади едно запче. Моето долни кецови изваде на 19 и на 23 јануари, горните на 3 и на 19 февруари. Во еден месец четири запчиња. Двојка излезе горе на 27 март, а гледам сега сака да излегува и другата.
Еве го и мојот кај да е четвртото горе ќе го извади, плус две има долу засега. Те гризе кога цица? Кецовите убаво се гледаат, како до пола се, а двојката ептен малку се гледа. Како зајаче е
Не е како порано, поретко му се случува да гризне или јас веќе не го доживувам така, брадавиците ептен отрпнати ми се
@0ли ако не се лажам ти имаше мака со шишињата ,што направивте од кое фати ? Не знам веќе што да земам