Прво успешно сркање беше од чашата на Томи Типи. Го зедов и шишето со цевка, само уште не сум го пробала. На листа за пробување ми е и шишето со цевка на Авент. Инаку, три дена еве срка и шмука, убаво голта и пие од мало шише со вода Неа Критис, од тие со вакво за цуцање.
Чашката треба да ја шмука или сама тече ? Имам една ваква на бебинова е ама сама тече ја полни устата и ја плука... Помислив на такво од Јана ,не знаев дека критис имало ,ќе пробам и со таква .
Чашкава не е некапечка, сама тече, но не тече многу и не му ја држев многу во уста за да не му се полни. Не дека не плука воопшто, но и не е дека не срка. И шишињава од купечка вода капат, не се некапечки, но изгледа формава му се погоди, не сака како клунче. И пробај помлака вода можеби ќе сака, моево не сака ладна да е, освен оваа купечкава во шишенце што е.
Водата обично е на собна температура ,пробав и од кашичките овошни водата што ја варам ,и чај од анасон ,дури ни тој од Бекутан го нејќе . Сок дадов некни баш да видам дали ќе пие исто си игра. Е немам пробано со мала цуцла како брадавица.... со таа може ќе сака/знае. Дека лажливка не фати си игра со неа ,а обична на шише ја мота низ уста .
Баш сега читав буквално тешко се успива онака додека не се преумори не заспива, ноќе често се буди и лази се исправа мижи, а плаче, една дремка имаме од 1 и 20мин све друго се кратки. И само мама, маамм и по мене во вц, во кујна сегде и само мама да е до мене. Иначе сме 35недела ние уфф има уште многу додеќа го поминеме, а видов дека ќе скрати еднаа дремка послем скоков, па ќе видиме како ќе биде.
Мојава е на 2 дремки уште од 4 скок Се надевам нема да намалува... Додуша од по 2.5 саати и се ,освен кога не и се А понашањето тоа е ... Е сега доста долг го видов мислам дека 4 недели така ?
Мајки вчера ја прими вакцината во рамо пошто немаше белег од првиот пак ја ставивме повторно. Сега на местото има црвенило, страв ми е да не собери гној.. Треба со нешто да го третирам? 9,5 месеци е
Вчера прв пат ни плачеше во сон. Во раце ја земам се смирува, ќе ја оставам писнува и така пола ноќ. Не знам што може да е. 7++
Писка и нашиов 6+++ е некогаш и морам да го разбудам за да се освести дека плаче и тогаш престанува и следи бесење на кревет,ѕиркање зскачање во 1 саат сабајле
@Jana06 ти благодарам мами. Претпоставував дека се тие бебешките акни. Веќе и е подобро лицето, почнуваат полека да се повлекуваат. Не и ставам ништо.