Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    Истото ми го напомна и ортопедот, колку покасно толку подобро.
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Како поминавте со третата доза Превенар?
     
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Бебка моја 9 месеци и неполни две недели е, лази се исправа сама, кога ќе се исправи пример на маса знае да се движи околу нејзе, знае сама да се спушти доле полека кога е исправена. Знае да каже чао со рачето и да не кара со прстето. Од зборчиња кажува ам и мам, ако се рачунаат за зборчиња :D
     
    На nadenadia, Thallia, prinstongirl2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Кога треба да ја прими?
    Мене во книшка ми запишале на 1 година и 3 месеци. И не знам до кога има фора да ја прими.
     
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    19.033
    Бебево мое е 6+ од лежење со тегнење се исправа да седи ама не е стабилен секако. Прашањето ми е од кога ги спуштате креветчињата пониско? Уште во креветчето не може да се тегне да се исправа па не знам дали е време за ниво подоле?
     
  6. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    2.236
    Јас од 7м го спуштив, зашто почна да ми се тегне на оградата и да се крева нагоре. Сега е 9+++ веќе и си искача од креветче и се враќа во неа. Али не ми се спушта уште на најдоле многу тешко ќе ми биде за вадење ставање навечер ко што ми се буди почесто ради запчињата :|
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mother_nature

    mother_nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоја на 11 месеци да појдиме за да ја прими
     
  8. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Па ми рекоја третата доза требало да биди по 6 месеци од втората. Втора прими во октомври, и сега април му се паѓа трета.
     
  9. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    3.991
    Кај нас се 4 дози превенар и 5 дози хекса.
     
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Интересна тема, баш сакам да ве читам за ова.
    11 месеци и 1 недела е, многу ми е забавен. Буквално уживам да гледам се што прави. Лази брзо, се исправа секаде, прави по 5-6 чекори. Не се пушта секогаш туку само ако процени дека има безбедно место да се фати кога ќе стигне до целта. Става се во уста буквално, лиже ногарки, радијатори, папучи итн.
    Кажува браво - плеска со рачиња, кажува чао, дава пољупче, прави high five, на прашање колку е голем - крева раце нагоре, кога сака нешто да добие покажува кон тоа со прст и вика а, а, а :D, покажува каде е окото на плишани играчки, кога му се јаде прави њам, њам или го прашувам Сакаш да јадеш? - Ми мљацка со уста. Свири со свирче (вежбаме да дува за роденденот) :D, слуша наредби како Дојди ако му подадам раце, дај ми ја топката, дај ми го даљинското, дај ми го алото (телефонот), тие предмети засега ги знае. Ги соблака често чорапите, па го прашувам кај му се и ги наоѓа. Си игра со фиксниот, го става на уво и вика Ао (ало). Сакаш надвор? - збеснува, се радува, седи мирен да го облечам и чека да го однесам надвор. Сакаш лепче? - мљацка со уста зашто лепче може да јаде и кога е прејаден. Ако го прашам Кој иде? - гледа накај влезна врата. Од зборови кажува мама, тата, баба и најново нана што и да му значи ама мислам дека само мама знае која е, инаку вака по негово многу збори. Си има многу слогови што си ги кажува ама не се вистински зборови.
    Обожава бркање, со тетка му многу си играат така, таа му се крие позади гарнитура и нагло му скока и почнува да го брка. Се смее на глас и бега. Тогаш заборава дека му е страв и бега одејќи, колку пати падна не знам да ви кажам (facepalm)

    Ајде пишете за вашите бебушки, ќе ми дадете идеи за играње и учење и нови работи.
     
    На Izzy_0504, kukla21, MissBreezy и 11 други им се допаѓа ова.
  11. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Ние сме за 4 дена 10 месеци....
    Има јака меморија ако еднаш му кажм нешто и го памти...
    Лази, се испрва на што стигне.. Оди само по кревето.. Чекори немаме сеуште... За седење не седи многу сака да си лази само... Сакаме многу сликовници да разгледуваме и да му кажувам што има на нив... Сака исто многу надвор, се радува... Лиже и јаде се исто од ногарки до папучи.. Знае каде е џиш одма покажува со прстето и вика те.. Знае каде е лола кравта покажув н тв.. Знае богородичк ( икона) и едно украсче ( слонче) доста му се информации ке се збрка.. Цело време покажув со прстето кон нешто и вика те, те.. И јас кажувам што е тоа... Сак ѕе дсе играме... Кога патка или вози дубаче ако му речам само ако те фатам одм бега, трча и се смее.... Знае бравос д направи, чао уште не знаеѓе го учам ам само ме гледа и се смее н тоа... Имитира кашлање.. Дури и н други кашла и ги гледљ и чека и тие да прокашлаат.... Исто го учев клку голем че порсниш правеше едно време прекинав сњг не сум го прашала.. Мислам дек сите раб треба д се повторуват секој ден да нњ ги забораваат... Брмчи со устата.. И исто дав пољупче ам јас мислм дека тогаш сак сокче кога така ми прави демек жеден е нз... Знае си ј чинијата знае кога че јади.. Знае каде е цицето на ммаама.. Од баблинг кажува се по негово кое кога ќе му дојди тоа кжува... И тоа е од нас
     
    На Izzy_0504, nadenadia, elcezelce и 3 други им се допаѓа ова.
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Моето е скоро 11 месеци и 1 недела.
    Лази како на струја, се исправа на сè, врти наоколу. Нема чекори самостојни, засега стои во место без држење. Ногарки не става во уста, само се држи на нив за да се исправи, особено во последно време сака да игра со транспортерот, го ниша и му се дере, кружи околу него, ме гледа и вика. Пробува да поткрева ноџе за да влезе во него. Можеби знае дека се вози во него, а во кола е ептен мирен и си ужива.
    Прави браво, чао, буц (му пуштам кажипрст и се буцкаме со прстите), нагоре крева раце, игра со газот. Секогаш кога кашлам, кашла со мене. Обожава да игра ,,ѕе", со двете раце зема што и да е, тетра, блуза, тренерки, ги става на очи и отсечно ги трга за да играме ,,ѕе". Со прстето игра со сè, ги врти работите во раце и ги набљудува, зема во секоја рака по нешто и ги треска едни од други. Има играчки чаши и многу сака да лупа со нив, трепка пред да ги мавне, очекува звук. Кога ќе седи и ако на нешто позади на главче го допре, се трга и после пробува пак, но трепка со очите предвреме.
    Многу сака кабли, фаќа и ги треска од земја, па татко му му дава кабли што не се во струја за да игра. Го научи од порано на ,,отвори-затвори", има едно детско шарено плакарче и вратничките го научи да ги отвора и затвора, па сега се тегне по сите врати и вратничиња во кујна за да отвора и затвора. А кога ќе му спомнам отвори-затвори, веднаш гледа во шареното плакарче. Сака да го фаќа прочистувачот, лупа на него со рачиња од горе како на тапани, го пали и гаси. Обично седам или јас или мм на местото каде што не сакам да оди и само што ќе мрднеме, на пример одам да земам нешто, што и да прави, каде и да е, баш таму со лазење како струја оди таму и пресреќен е.
    Музика кога ќе пушти со некое копче на играчка, веднаш нè погледнува и се смее, имитира звуци од музиката на играчките.
    Знае кога му давам Д3 и Омега се мести и бидејќи на смока од Лино му капнувам Д, ме потсетува со ам ам дека е време за витамини. Потоа легнува за да му дадам Омега од оние твист капсулите.
    Доаѓа ако го викнам, а обожава да ми ги тегне рамките од маицата и да пука, гледа што повеќе да ги истегне. Па ќе земе двете ги тегне, се смее и скока на земја како коњ за узди да држи :D
    На телефон не му пуштам да гледа, но го обожава и трча да го земе ако сум го оставила каде што може да го земе. Му пуштам камера на селфи и се гледа самиот, се смее и тропа.
    Многу сака откако ќе испие млеко или после пресоблекување да се исправи на креветот и да буричка во кутијата каде што ми стои козметиката за него, па едно по едно вади, седнува и го набљудува, нешто само така ќе го фрли, па ѕирка дали сè извадил. Ако му ги вратам назад, вика и се буни.
    Инаку, за облекување е единствено мирен после бањање или ако му пеам дека ќе оди чао. Само тогаш не се тегне, не ми се влече и не кенка.
    Кога ќе му ставам лигавче и почнувам хранилката да ја местам, збеснува и како во место да цупка, кенка и вика.
    Си игра со масичката, ги врти и чачка работите, стега копчиња за музика, игра и со пирамидата која има милион копчиња и со едно прсте ги чачка, лупа со чеканче, додуша со сите играчки си игра. Ако нешто има исправено, како шише или ако му наредам коцки, обавезно доаѓа за да истурка сè. Му ги редам чашите една врз друга и во истиот момент сè остава и доаѓа да ги шутне да паднат или со раче ги турка. И седи мирен, чека да наредам за да ги турне. Тоа му е омилено.
    Ми дава ако нешто му речам да даде, но некогаш се буни, вика и не дава. Ако му земам нешто од рака, му давам нешто друго.
    Знае кога ќе речам ,,не" да не оди некаде или да не фаќа. Застанува, става прсте во уста и ме гледа. Кога ќе се свртам, пак истото и така забавно ни е :D
    Сака да пали и гаси светло, да гребе по мрежата од креветчето, сака да скока и динамичен е.
    Кога му ги четкам забите после јадење, кога ќе ме види со напрстокот, сам зинува и седи мирен додека му ги чистам.
    Обожава ушите да ни ги тегне, ми ја врти главата со рачето за да ми го фати. На мм дури и му вика на уво, му се качува и му се дере баш на уво :D И кога го држам, се посега целиот за да оди кај него, па ќе го гушне, ќе му најде жила на врат и му ја брца со палецот, а кога ќе се вратам во соба, се посега по мене и ми легнува на рамо, па ќе ме гушне и со обравчето ќе се потпре на мојот.
    Навечер пред спиење, борба водиме додека го тушираме, жива вода прави со нозете, па конечно мм гаси светло, јас му пеам и се гушкаме, а тој седи мирен како бајче припиено на мене и слуша како му пеам.
    Тоа ми текнува во моментов :inlove:
     
    Последна измена: 14 април 2021
    На Izzy_0504, Thallia, SkarletOHara и 7 други им се допаѓа ова.
  13. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    И синко е 10. Цело време лази или стои, не е такво бебе да се заседне и да игра со играчки. Нон стоп е во движење. Јас не очекував дека ќе пролази, бидејќи ја немаше онаа фаза на влечење туку директно почна на 7м.
    Само гледа на нешто да се дофати и да стои, од 9м почна да оди по мебел. Знае да се пушти и да постои така неколку секунди, но паѓа. Внимателно се спушта кога стои потпрен на нешто, не се фрла како на почетокот:sweat:
    Разборен е, си брбла бебешки, има зборчиња како мама, дада, ајде, баба... ама се сомневам дека се со значење. Кога го викнам се врти и чека да види што ќе му кажам или ќе го прашам. Сака да го прашувам: "каде е?" Па се врти кон предметот да покаже. Отприлика 10тина предмети знае како се викаат. Не покажува сеуште со прст, но "оди земи си ја топката", оди и ја зема.
    Не мавта, ниту прави браво, додуша не сум му ги многу покажувала овие работи. Сака да листа сликовници, сака да му имитирам како прават животните. Ме чека да си играме "ѕе" ако сум во друга просторија.
     
    На Izzy_0504, Thallia, SkarletOHara и 3 други им се допаѓа ова.
  14. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Изгледа го разбираат тоа прашање каде е? И одм бара нешто... Значи има фокус и меморија.. З чао нз и јас го учам ама не сака се смее само.. Исто му правам и не со главаржт ј мафтам деемек да ме имитира ама се смее.. А ко че речам не го разбира прекинува тоа што прави не го прави..
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Да, и ние сме фасцинирани од пластика, пластични чшки, лажички, телефон, даљинско ( тие две ако ги земи и ако му ги земм плачи, рони солзи оти сум ги зела) со игрчките мн не сак да игра, ги треск од земја, или една со една... Повеќе сака некои пластики, тањирчиња, шишина... Сега почна и см д турка со рацете пример му двм нешто за вуста и ак не сак ме држи з раце и ме турка... Тегни з коса, цела рака влакна,
    Патем имаме 4 заби засега.. Па ме интересира како и со што му ги миеш? И кога почна? Друго ние сѓе 10 мес корегирано 9... Па мислам дека 11 месец доста промени би требало да има развојно?
     
    На 0ли и WonderGuurl им се допаѓа ова.
  16. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека после 7ми скок има воочливи разлики во развојот, ете нека кажат @0ли и @Jana06
    Мојот 3 месеци паузира со вадење заби, има 9, само една четворка излезе, кај и да е ќе почнат останатите. Ги мијам со нук паста и силиконски напрсток, некогаш само со вода
    @0ли описов:D ме изнасмеа и буквално го пронајдов синко во повеќето ситуации. Абе само штом види дека кулата е наредена или прстените наместени што и да прави, остава и оди да ги турне. Сака да се гледа на предна камера, си збори сам на себе. Или тргнал кон корпите со овошја да претура таму, јас го кревам и го носам во другата соба, а тој веднаш се враќа назад дури уште позасилен и пак се пушта во акција кај овошјето :rofl:
     
    Последна измена: 14 април 2021
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Пет заби има во моментов, кај да е ќе излезе и 6-то.
    Почнав да му ги четкам уште првото кога малку почна да грепка, секој ден после секој оброк. И секогаш има храна што ја фаќа четката, ич не сакам да му стојат наслаги. Навика му е веќе.
    Почнав со силиконски напрсток, во ДМ го зедов во комплет со паста без флуор, но досега само со вода му ги чистам, паста не сум употребила.
    Сега купив бебешка четка, ќе го учам со неа, да ја држи во рака и да четка сам.
    Почни, се препорачува со првото запче да се четкаат веќе, ќе создаде навика.
     
    На Izzy_0504 и prinstongirl2 им се допаѓа ова.
  18. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Оомашалаа.. Ние извадовме прво запче на 9 месеви.. И за 20 дена иџваде сите 4.. Сега нз кој ќе е на ред не е нервозен не одбива храна.. Значи нема друго на повидок..и јад мислм 7 скок има рзвоен скок голем колку што имам читано.... А какоб напрсток користиш.. И од каде е купен
     
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Јас најголема разлика приметив после 5тиот скок. Од 7ми скок навака има напредок ама некако многу постепено се одвиваат работите, после 5тиот како нагло да порасна. Инаку, сега да, многу е свесен, многу ме разбира, ме слуша внимателно, ме гледа во уста кога му раскажувам нешто и се труди да ме имитира во зборење (само ја отвара устата). Ми се чини да знае да збори и муабет ќе си направиме :D
    Исто и многу почна да покажува емоции како Оли што пиша, се гушка, се допира образ до образ, јас што викам 'ме бацува' ме допира со устата на образ, се срами од непознати, ги анализира внимателно и не се дава лесно.
    Маж ми го вика преварант зашто кога прави нешто што не смее (на пример фаќа во штекер), му викам остро Не! и се трга, седнува да си игра. И ќе почека 5 минути и полека пак се враќа до штекерот. Као 'чекај малку ќе седнам да си играм и кога нема да ме гледаат ќе одам пак да брцнам' :D
     
    На Izzy_0504, Осе, WonderGuurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    Па видов во дм имаше, заедно се продаваат пастата нук и напрстокот. Кај бебешките работи стоеја
     
    На prinstongirl2 му/ѝ се допаѓа ова.