@prinstongirl2 Има и во Бебе хоум : https://bebehome.mk/product/бебе-конфорт-дентал-сет/ https://bebehome.mk/product/safety-1st-grown-with-me-сет-за-орална-нега/ Ги имам и двете ама вториот напрсток ми е поубав. Последните недели не ми дава да го четкам зашто го боли и ми плаче. Да никнат и горните заби и ќе почнам со четката и паста.
И јас како читав го пронајдов и него.. Исто во штекери оди и че речам не че го тргнам и по некое време пак таму.. Мн сака да се крија исто под кебе, тетра, крпа, капата ако носи на него и чека да речам каде е ведранче и одм се подава и вика ееее... Мн се интересни сега... После 6 скол јас видов голема разлика кј ведран, бравос прави, со прстето покажува некоја имагинција има.. Посче 7от нз че видиме како ќе е
Овој од ДМ е изгледа добар, никогаш не ми затворил уста за четкање. Да не е помек од други, тоа не знам. Како чешкање на непца, ми изгледа дека убаво му доаѓа.
И јас мислам директ четка пошто имаме сите 4 ние.. И многу кас сега.. Чкирпи сам.. Сам грицка соленки ххахха маж ми вика паметен е знае малку да грицни и џвака со предните чека.. Голта па пак зинува
Да, од Зегин ја зедов, ултра мека, со глодалка е од едната страна, а од другата е со четка. Не сум ја пробала, но ми изгледа мека и нежна.
Баш че земам.. Можиш да ми ја сликаш? И паста каква зеде? Исто се мислам и кремче за лице со фактор да му земам сег н сонцево ептен го печи.. Саботата се вцрви ептен... Се мислам на фрези да земам.. Цела козметика имаме од неа крем з пеленска регија, талк пудра, купка, шампонче, гелче од се сме задоволни п се мислам фа земам од таа фирма исто и кремчето
Паста ја имам таа од Нук што беше во комплет со напрстокот. Паста треба без флуор да земеш бидејќи не знаат да ја плукаат, не треба да голта флуор. Во темата Детска козметика ѕирни, вчера и завчера се пишуваше за крем со фактор. Четката е вака нешто
Според ова што ми запишале, 8 месеци. Во декември мислам дека прими 2 доза, а ја пишале во август третата.
Ние стигнавме веќе скоро 7 месеци за два дена. Веќе му го спуштивме најдоле душекот,а најгоре оградата веќе сам се исправа на креветчето и оди по оградата па вака е најсигурен . За седењето и нашиов се тегнеше само на една страна и наеднаш си почна сам да си седи.Ако гледаш дека се мачи покажи му како треба да седнува и ќе научи за брзо
Мајки предложете ми некоја убава о Играчка со која се заигруваат вашите бебиња. Интерактивна масичка има. Свеки сака да му купи за празникот некоја поскапа ама немам идеа каква да му земам.
Ѕирни во енци менци зависи за што е заинтересирано дали за музички или логички.Имаат интересен избор.
Мисиркино месо свежо неможам да најдам никаде.. Најдов замрнато мелено дали е ок за 10 месеци? Знам дека замрнато не е баш нај ама нема свежо..
Презадоволна сум од пирамидата од Бебе Хоум. Ми стоеше од пред Нова година спакувана, мал беше кога му ја купив, па после месец-два му ја дадов. Прво играше само со едно копче како ѕвонче, но после почна со сите тракатанци што се на неа, ја обожава. Има милион опции, копчиња, музики, многу е интересна. Кога ја купив, си реков голема ќе е ептен, но не е голема за да се исправува на неа, не знам колкава бараш.
На кутијата пишува дека е 18+, а му ја купив кога имаше 7 месеци. Од околу 9 месеци си игра со неа, и како поминува време, сè позаинтересиран е за неа, подетално ја набљудува и си игра со сите тракатанци.
На синко му порасна многу косата, веќе шишките му пречат во очите. Цело време си ги трие очињата зашто му влагаат влакна. Мм вика ние да го шишаме ама не сакам да го зезне сега пред прв роденден. Кај да го носам во Скопје? Како ќе го шишаат кога една секунда не е мирен. Да спие и да го шишаат нема шанса, мува да помине се буди
Ние еднаш му ги скративме шишките сами, смешен беше ама малку му пораснаа и баш убаво изгледаше. Не би требало да ги зезнеш. Еве ѕирни го ова.