Јас и маж ми сами му ги скративме пред прв роденден, смешни му беа ама нам ни беше пресладок. Малку беа кратки, малку грицкани, маана најдоа бабите и дедовците. За роденден му ги наместив со гел ама и пораснати му беа.
Од Стокомак зедов јас свежи мисиркини медалјони пред некое време. Од овие, мислам @Jana06 ја имам прочитано тука дека зема на Виндија
Мали ѕвезди, се шишавме пак деновиве, ново дете . И мојов не е ич мирен ама во количка ќе го седнат, му зборат, го занимаваат, таблет му пуштаат. Минатиот пат без машинка топ поминавме, сега малку поплака со машинка. Ако му е прв пат без машинка гајле нема. Не ги ни виде ножичките првиот пат, ни се погоди таква дадичка повнимателна да го шиша.
И јас веднаш ги замрзнав, денес планирам да почнам со мисиркино. Со што обично го комбинирате? Како го припремате?
И синко истиот проблем го има Планирав да се охрабрам и прв пат јас да го шишам, па понатаму да го носам на фризер. Ама да, ризик е, се плашам дека смешно ќе го ишишам. Значи најсигурно само шишките да ги скратам?
Здраво мајки ако може некоја да ме просветли во врска за месо колку треба бебе 10м да јаде неделно.. Имам телешко, пилешко и мисиркино.. Па не знам како да ги комбинирам и по колку пати неделно. Количински ми се по 50гр паковани за еден оброк.
Давам по 40-50 гр дневно, 5 пати неделно јаде месо, 1 ден јајце (иако ми рекоа јајце независно да давам од месото и може во ден и кога има месо) и еден безмесен ден.
5 пати неделно, гледај тешеко да е барем 2 пати. Еден ден жолтка, еден само зеленчук. Белка по 1 година, ако мислиш на цела варена да ја јаде.
Јас го имам шишано моето 2 3 пати пред година, пред прв роденден го однесов на фризер. Искрено пресмешно изгледаше како шлемче кога јас ќе го окастрев, особено кога ќе му подпораснеше косата, катастрофа беше. Ама дека е бебе и слатко изгледа . Едно од шишањата па беше со фризерски ножици, мм набави. Џабе, кога не знаеш да шишаш не знаеш..
@mother_nature Заборавив да кажам дека засега од месо јаде телешко четири пати и пилешко еднаш неделно. Мисиркино и риба уште не сум дала, па затоа само овие две се засега.
Мајки, дали некоја од вас знае колку дена најмногу може да е стар извештајот со кој специјалистот ти дава боледување за на основ на него матичниот да ти отвори боледување?
За запек што да му дадам? Кака 2 дена по едно топче денес дури од што напнуваше и крвче малку имаше а му дадов денес слива кајсија и ориз да јаде, и чај дадов повеќе друго нешто има ли за полесно да се искака?