Веројатно пошто 2 дена со ред давам ориз, ама ќе да ми беа и погусти кашите. Инаку чај од анасон му дадов 40мл испи и се искака ете на некоја мајка ако има исто мака пошто слива и круша вчера исто јадеше не помогна
Мајки сакам да ппрачам од бодина на tiny shop 7 на број што се.. Моментално сме 10 месеци... Сакам з влето да му се пошто на кратки.. Ние сме подолги.. ( не сум го мерела во цм долго време) ама облека му земам 12-18... Од обичен бутик... Сега з бодината пошто англиски бренд нз каква му е кројката дали да земам 12-18... Д не се мали/големи.. Некој што земал да кажи каква е големината?
Јас имам три пати нарачано од тие бодиња и бројчињата одговараат на месеците, така да мислам дека 12-18 ќе му бидат таман за летово (јас уште зимоска им зедов од тие бројчиња за летово). Бодињата се ок, но шпикозните од George ептен се погодени, ги користиме како пижами, топ се.
Мене малку како да ми се стеснуваат во машина. И ние сме 10м, ама од 12-18 боди по крати од George носи веќе 2 месеци, и таман му се...
Јас да ви ги пофалам од Картерс бодињата, убав памук, не се собираат во машина, убави дезени. Досега од зара и хм ми беа најпогодени, еве и картерс ми се покажаа исти. Да се едитирам, сакав да ви кажам се наканив на мали маџун да му давам, еден месец му ставав во утринските каши по едно малечко лажиче и крвната слика никогаш не била подобра.
Картерс ми се најомилени и бодиња облека се буквално. Јас почнав во понеделникот со маџун на врвот на лажицето да и ставам.
Јас да се пофалам две недели работам од дома, конечно почна да јади парчиња, се раниме пола саат ама најбитно ми е што жвака. Никако не сака сама да јади и оставам се на хранилка не става во уста само јас кога и давам . Како се снаоѓате околу бебето вие што работите од дома? мене ми е многу потешко отколку во канцеларија, помош имам ама пак сжбара да цицаа плаче по мене
Spoiler Овие ги добив од Америка ама гледам и тука ги има сега околу 30 евра. А вака горе доле 300-500 е боди.
Со закаснување Ама да послужам кафе и колачиња за 1во запче. Живи радости што конечно изби се измачи и бебе, а и ние поред него Барам вакви колачиња да порачам во форма на запче знам дека ги прават Cookie factory, Бајка... тие ги имам на инстаграм. Предлог за некои други низ Скопјево?
Мајки малата ќе почне во понеделник во градинка,неполни 11мес, дали смеам нешто за имунитет да давам превентивно?
Здраво мајки Ние денеска требаше да ја примиме мрп вакцината . Но како за беља од вчера малово стана кенкаво и плачливо. Денеска на контролата пред вакцина не и беше ништо сепак ја одложивме но кога се вратиме дома после откако стана од спиење пак плачки и крена температура околу 38 незнам ни дали точно измерив ,не дава . Еве ја сега заспа и пак е топла, докторот рече да се воздржам да не давам одма сируп. Имам само Далерон дома. Многу ми е страв, досега настинуваше но без температура . Носето скоро и да не тече. Се лигави многу и пика прсти во уста. Дслј е можно од забите или закачила вирус ? Совет некој за намалување температура?
Ajдее да се редат бели како бисери Колачиња од sweetthings.mk на инста побарај ги, ај што се лични и превкусни се, ја коа бев трудна пробав на роденденот на внучето, така ми се сладија што ми идеше целата чинија да ја изедам
Како е денеска? И кај нас е иста ситуацијата ама кај нас се погоди прво да ги прими вакцините, па утредента качи 37.8. Едниот кец горе проби, сега пробива вториот и што да ти кажам викање, плачење, нервози. Плус во 8ми скок е и веќе не знам од што плаче.