Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.279
    Пол:
    Женски
    Сега сме добри.
    Температурата траеше една вечер само и помина. Беше малаксана и бараше често да цица, најверојатно заради хидратација.
    Еднаш дадов далерон и тоа ептен малку.
    Но откако помина температурата се исфрли по телото. Докторката вели дека осишот е од вирусот,само ќе помине.
    Имаме проблем до јадењето ,ништо не јаде деновиве.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Babyboy2020

    Babyboy2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2021
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Од 6 месеци му давам од тој германскиот од Кам и ништо не му е.Глупости трескаат само
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    474
    Мајки помош. Малата ми е 8++ и вечер кога ја ставам да спие на грб после некое време се врти на стомак. Јас ја ставам на грб а таа пак се врти. Мн пати вечер кога се разбудам таа е на стомак легната. Знам дека не треба така да спие и мн ми е страв, совет што да правам?
     
  4. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Од моментот кога се способни сами да се доведат до таа позиција, сосема е безбедно да ги оставиш така.
    Ризикот од сидс е најголем до 3ти месец, кога не можат да ја кренат главата и затоа не се препорачува да спијат во било која друга положба освен на грб додека сами не почнат да се вртат.
     
    На mar3q и Milkiway им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    Ја знам дека ние не треба да ги вртиме, а сами ако се вртат е во ред само битно да го ѕиркаш главчето дали го врти настрана за да дише
     
    На Brpbrp, mar3q и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  6. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Бебе од 8м се врти како му одговара има бебиња на таа возраст почнуваат да се исправаат.
    Малата од коа почна да се превртува ми спиеше на меше.
     
    На Bella*, 0ли и mar3q им се допаѓа ова.
  7. Maja92@

    Maja92@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Мајки,
    По колку грама им се оброците на вашите бебиња на 10-11 месеци ?
    Ние имаме 3 оброци и една ужина
    Да не е малку ?
    И еднаш до два пати цицање сабајле и пред спиење обично
     
    На Silvi00 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Babyboy2020

    Babyboy2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2021
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    250 грама 3 каши на ден, 2 ужинки и 250 мл млеко пред спиење навечер и понекогаш сокче од овошје 120 мл на ден
     
    На Maja92@ и Silvi00 им се допаѓа ова.
  9. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Здр мајки.. Бебе е 10 ++.. Имаме 5 запчина.. Оваа недел одбив д јади, ништо не сака.. Со сила, солажење е се да касни некоја лажичка.. Не се буни ама го чува вп уста.. Мислам дек е од заби.. Плус почна д се удира на ушето исамо го фаќ, го трга го плеска... Некое искуство?
     
  10. Maja92@

    Maja92@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Сокче обавезно пие или чај 150 мл на ден
    Значи може уште една ужина да и давам
    Оброците ни се најчесто од 250 гр до 300 , многу ретко 220-230 гр
     
  11. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е малку ако качува килажа и ако не покажува дека е гладно со јадењето што го јаде.

    На моето оброците му се по 200-230 гр
    Има 3 оброци и една ужина ако не ја преспие.
    Пие млеко кога ќе стане, во 11 и пред спиење.
     
  12. Maja92@

    Maja92@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Не ја имав мерено цел месец
    И вчера ја мерев уште нема 9 кила , а последниот пат беше 8800
    Некако се замислив мислев ќе има 9кила и нешто ама не.
    И си викам да не и е малку јадење , да не треба уште една ужина
    Она е стрвна , ќе се наручка и со нас после пак штрпка и отвара уста цело време ако некој друг види дека јаде , ако не и дадеме се лути хаха
    Мислев од што е стрвна и си сака да јаде ,а оно може и се мали оброците па гладно е детето.
    Стварно незнам што да мислам
    Ќе пробам со уште една ужина ќе видам само временски кога да и ја вметнам
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    А по колку грама и' се кашите?
    Ставаш ли житарки во некој од оброците?
     
  14. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Моево ужина нема секој ден . Нема кога да ја дадам ако се подолги дремките. Или пак ќе и го расипам оброкот. И незнам што да правам. Може грешам незнам.
    Инаку 3 оброци по 200 до 250 гр. Млеко по 150мл 4 пати во едно деноноќие.
     
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Не грешиш според мене, ете слично е и кај моето.
    Некогаш заспива покасно и ја прескокнува ужинката (таа попладне што е меѓу ручек и вечера).
    До 1 година сосема е ок да немаат ужинки, млекото е исто така важно.
     
    На Lady Leona и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  16. Maja92@

    Maja92@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Да , обавезно житарка за доручек
    Ручек ако нема месо , знам ориз да и ставам со зеленчук
    Вечерата ми е чоколино , кексолино со овошје , бисквити со овошје , тарана со урда павлака , лепче со кисело млеко
    Оброците зависи кога колку ќе излезр , најчесто се 250 до 300 гр
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Maja92@

    Maja92@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Е , мојава еднаш до два пати цица
    Колку количински цица појма немам
    Да купам млеко да и давам тогаш
    Вие цицате или?
     
  18. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Три месеци веќе не цица, само ад користам оттогаш.
    Ако си цица, нека си цица, може ако сакаш во оброк да ставиш ад. Може да не ти го прифати да пие, а може и во каша да не го бендисува. Шише не знам дали да дадеш, тоа е твоја одлука, само знаеш дека постои можност да се одбие од цицање ако пие од шише.
     
    На Maja92@ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Babyboy2020

    Babyboy2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2021
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Како што кажа Оли зависи од детето.Другарка ми кажа 170 до 200 било нормално за од 9 до 12 месеци така и кажала педијатарот ама нема врска секое дете си е различно, битно е да биде здраво и да качува нормално на килажа.Нека се живи и здрави
     
    На Maja92@ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Babyboy2020

    Babyboy2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2021
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    И ова заборавив да ти кажам, на година треба да ја триплира родилната тежина.Моето е 3650 гр родено сега има 10450 гр 11 месеци е
     
    На Maja92@ му/ѝ се допаѓа ова.