Мислиш само да се постави во седечка положба, или се клати на седнување со твоја помош? Како што знам, до 9 најдоцна треба без клатење, а потоа, за сам да седне без помош може дури и на 12 месеци и е сосема во ред од моторички аспект. Еве синко е 9++ и се уште нема седнато сам, од лежечка во седечка, но стабилно седи ако го оставам да седи. И мојов е височок. Туку, деновиве го чешка увцето постојано, какви ви се искуствата? Забите се во прашање, или треба да се грижам за инфекција или слично? Се уште сме со 2 долни запчиња, не пукнаа тие горните, мислам дека ќе му излезат едно по друго.
На секое избивање се чеша и се тегне за уши. Од инфекција плачат интезивно мислам би приметила да е инфекција во прашање, бар така ми кажувале .
9 и пол месеци нокеска ми качи температура цело време 37,5-37,8 еднаш само 38,2. Сабајле ја однесовме на лекар имаше 37,8 крвна слика супер нема ништо,грло чисто,не кашла. Ни рекоа по потреба чепче ако има 38. Весела е ама топла цело време мерам 37,4 има па оди до 37,8-9. првп дете и прва температура не сум свесна што да правам... Хелп мајки,секој совет е добредојден
https://www.facebook.com/slatkarnicanewyork/ Јас ја платив 1500денари пред нова година претпоставувам иста им е цената. Тука пишуваа баш дека крвна слика три дена после температура се прави за да се види дали има нешто зошто одма ако направиш може да не појави ништо.
Го седнувам јас и уште се клати и паѓа, седи неколку секунди и се плеска. Првото дете како го седнав на газ така си заседа, овој се клати како топола Уши тегнат влечат поради забите и најчесто кога им се спие. Инфекции се страшни плачки, не се секирај.
Од La creme Лептокарија сум презадоволна и внатре беше многу убава, 1400ден/20 парчиња. Пола гости ми рекоа поубава била од роденденската Роденденската ја нарачав од Романса, предобро беше украсена, а вкусот убав ама не wow.
Мајки сега сме во 9ти месец, еве веќе недела дена малиов се буди на сат време синоќа дури на половина час. Јаде 3 пати на ден и ноќе цица на секое будење не знам да не е до млеко нешто да не е само да спие во раце не знам. Инаку не прифаќа шише за да пробам со АД. Некој совет ве молам или што може да е мака?
Мајки се искака бебла ама како на возрасен и беше столицата. Не беше многу обилно. Првпат вака се дешава откако пробуваме вкусови. Тоа запек е, така?
@Chuchanov Може и сама да направиш од три круга пандишпан, измеѓу и на крај целата со шлаг без шеќер и украсувај горе со што сакаш. Моево партал ја направи од гмечење и цел се прешлака, пискаше од среќа, се изнаигра со неа и директно на капење отиде Таа не беше за јадење, само за сликање и сосема успешно излезе замислата.
Мајки сте имале ли проблем со чкрипење на забите. 10 месеци сме, имаме горе четири и доле два заба, од пред некој ден ги чкрипи. Мене ме наежува тоа страшно а неа и е смешно. Си мислам ако продолжи така може да почнат да и се ронат.
Моето, 8 месеци, има 2 долу, и сега кога излезе горното забче цело време чкрипи и си го струга горното со долните, забавно и е изгледа а мене ме нервира.
Добро е што го прочитав ова дека е поради заби, јас почнав да се грижам бидејќи веќе една недела син ми како се тегне за уши и се кубе за коса па се чудев зошто, мислев да не му е досадно и од тоа така да прави.
Здраво. Би сакала да ве прашам за совет како да му се врати апетитот на бебето. Од лаком јадач кога пробувавме вкусови што сам брцкаше и земаше да јаде и кога и да јадевме и тој бараше, премина во бебе што треба со лажги 4,5 лажици да изеде. Инаку има 9 месеци и излезе прво забче. Се сомневам дека од тоа има мака, ама па и криво ми е што не јаде . На контрола го мереа не е мн поправен, само 280г за 1 месец. Докторот вика супер е, ама мене душава ми се нервира кога го гледам дека уста не му се отвара да јаде. Спомна некои витамини педијатарот, па се премисли, не е за хемија вика нема потреба. Млеко пие без проблем.
@emits Напредокот е сосема ок, цел килограм не очекувај да се поправи за еден месец, големи сте веќе Убедена сум дека протестот се должи на забите. Го имавме истиот проблем и траеше 3 недели нуди му повеќе пати во денот и обиди се со фингер фуд, кај нас и тоа имаше улога. Дечково сакаше да ми каже дека е подготвен сам да јаде
Фала ти. Се надевам исто ќе биде и кај нас. Еве веќе 2 недели е таков. Инаку прво напредуваше 1кг, па 800г, па 500г неколку месеци, сега малку ми се виде. Мн се движи, троши, а не јаде. Ме фати паника да не заслабне. Искрено смоки да му дадам јаде сам, за др порано ко имаше апетит позаинтересиран беше. Сега не застанува за да јаде, ептен е жилав. Дај Боже само период да биде.