Со патичиња нека почне да оди надвор најубаво. Сандали ако сакаш веќе, нека се затворени и напред и назад. Во Ситимол на трет спрат спороти Spor Vision Kinds има една подавница Не знам името искрено, таму видов сандалчиња, во Кеги исто има.
Има најк убави сандали. Ама додека да прооди убаво патики, најк танјун, револушн или стар ранер. Сандаливе не се затворени позади со тврда пета а такви треба да се обувки за штотуку проодено дете.
Патики му купив од кеги ама здравје ќе одиме на одмор летово па си мислев какви да му земам за таму.Инаку има поклон добиено од напред затворени позади полуотворени од страните со ремчиња и не знаев дали може да ги носи
Прво имав плетенка ама од кога почна да се исправува и гази на неа ја тргнав, сега имаме заштитна ограда, имаш рааазни на Фв и на Инста побарај.
Не знам како да го натерам мојот мрзливко да прооди веќе. 11 ипол месеци е. Ама мрзливко е.. Лежи на под веќе, станува сам, стои сам ако се придржува за нешто ама чекор не дава. Ако го држам за рачињата оди. Некогаш кога стои подолго време ќе загледа нешто и тргнува да го земе и паѓа веднаш и си плаче.. Целиот е модрици. Не го форсирам ниту го брзам, ама жал ми е само плачки и модрици секој ден. Инаку кажав 11 ипол месеци е. Откако ќе наполни годинка во која тема треба да се префрлам?
Мајки ние за некој ден полниме 9 месеци. Ноќе се будиме на секои 20мин постојано цица не знам се мислам да не е веќе слабо млеко и намалело бидејќи гледами графите ми се олабавени неккао слаби и забчиња двојки се појдени и гору и долу но и претходно кога вадеше немаше волку будење. Сакам да пробам со Ад па ве молам за некој совет кое е најдобро и кпја бројка ни треба читам тука имало со број наквероватно по месеци? Имајте убав ден
А оти го натераш? Ко ќе е спремен ќе се пушти сам, притоа 11 и пол месеци е, повеќето се пуштаат на 13-14 месеци. Нека паѓа, тоа му е работа додека уцврсти, гледај само масичка мала немав во дневна, а на земја нека паѓа нишо не му е, така се учи да имам рефлекс за паѓање и ќе ги пружи први рачињата, а не директ со глава. Не го брзај и сама кажа, кога ќе може ќе пооди. Мојава 3 месеци шеташе со поддршка н гарнитурата и тоа трчаше, па не се пушти тогаш иако можеше, ги пушти рачињата кога се осети сама спремна. Те чекаме во група Дете
Не знам. Наназад паѓа и се главата си ја удира. И жал ми е ептен. Никако сам не можам да го оставам. Тргнав дубак, тргнав секакви глупости. Се фаќа за табуретка и станува, па ќе го дофати столот, ќе оди таму ќе стои, ако не ме гледа ќе почне да се врти да ме бара и ќе падне..
Ти бил во дубаак долго време. Дубачетп го штитело од удари не ја знае добро околината и затоа и него му е страв, а и го мрзи секако во дубак малце ќе тргне и тој се тркала. И сега треба да сфати дека нема помагало Ја сум користела дубак, сум била дебело бебе и мрзливо сум проодела на 14месеци отприлика
Паѓањето назад на глава е последица од дубакот, претпоставувам. Не ти преостанува ништо освен да бидеш до него да го пазиш додека не научи да седне на газе или ако паѓа напред да се задржи на раце кога ќе изгуби рамнотежа. Кога ќе стои дај му нешто да држи во раце, топка на пример, така се осеќаат послободно како да се држат за нешто. Не го држи за раце или паткање што викаат. Пробај да му покажеш да си седне на газе. И обавезно бос зашто така имаат повеќе рамнотежа.
Таа фаза е таква, мора да си до него. Дубакот само ти ја отежнува работата. Паткање е уште една огромна грешка на штета на детето. Кога ке е спремен ке прооди. До 18 месеци треба да прооди, а дури потоа ортопед ке каже што да правите, во случај да не прооди.
Мојата не лазеше со газот потскокнува, ама еве недела дена лази 11 ипол месеци е. Секаде се исправа оди кај што може да се држи од петтоседот се симнува, само во нејзе гледам цела е модрици ,. Нема од никое улично куче страв по сите писка да ги фати.
Па мал е и за сам да го оставиш, и да прооди сега нема да е стабилен пак мора да си до него, каде брзате? Мојата прооди на 16 месеци, повеќе од што беше плашлива и претпазлива, дибалка не сме користиле.
Е мојот на мачките им ги корне мустаќите. Се плашам да не биде изгребан или гризнат од мачка и затоа не му давам веќе да се доближува. Дубак користевме, веќе месец дена а и повеќе не го користиме. Знам дека некои подоцна проодуваат. Но ете не можам постојано да го држам во раце или да седам до него додека си игра бидејќи само се исправа и тргнува да оди..
Мајки што давате на бебенце на природа база за сува кашлица значи носето ок темп нема а кашла суво беше на педијатар не препиша нисто немал ништо на гради и грло.. Ама се нервирам кога кашла