@Fallen.Angel Да не те замараат околу тебе што не оди детето, па ти се секираш? Моево скоро направи година и не се пуштил, па не се замарам. Засега во место стои без да се држи, си тропа со играчки, но не направил чекор. Гледам дека сака сигурност да осеќа и се движи само држејќи се на мебел, на ограда и сл. Но навистина не паднал ниту еднаш нешто опасно, а ако падне нешто изгубил баланс, како на страна да паѓа и се дочекува како да го укочува телото или на газе паѓа, но верувам тоа е затоа што фазите ги поминува сам. Рака ако му пушам, ми ја турка, се буни и вика, смешен ми е, а ако му фатам раче, го извлекува од мојата и седнува, не сака помош и врска нема што значи да оди за раче Нема зошто да го тераш нешто, не е спремен сега и тоа е тоа, ќе прооди кога ќе биде.
А зошто очекувате на 11 месеци да оди? Моето прооде на 13 месеци и проодување не значи ај чао мама сам одам ехеее додека почнат стабилно да одат ке пројдат уште 3 4 месеци. Има деца претпазливи и си одат полека а има такви само право и пајѓаат како секири. Не вреди да се секирате кога ке прооди се додека гледате дека дете се развива психомоторички за возраста како што треба. Може се мрзеливи може плашливи но од годинка па натака ке прават чекори дали сами дали за рака си зависи од дете има и на 10 месеци прооделе и на 16 исто е и со зборување итн итн...
Леле,ние сме рочно 10м. Иато... ае буди на пола саат, 20 мин цела нок, и на цицка... А убаво и руча и вечера и ке се нацица пред спиење и пак станува 100пати... Пробувам ко ке стане со нишкање да го презаспијам, вришти,тепа,се бутка во гради за цице. Што ке се прави вака не знам.
Тој во 10месец нас ни беше најтешкиот скок, исто се будеше секој саат и беше залепена за мене, издржи и давај цице.
Ох, до кога да издржам...од бебе е таков. Се будеше пред скоков на секој саат ипол до два максимум, а сеа со скоков на пола саат. Мислам дека е повеке до навика за цицка(ја третира ко цуцла) сакам да почнам да намалувам на нокни подпи постепено, ама вриштиии бреее
Мајки бебето ми е на доење и 1 оброк и ужинка, 6 месеци е. Последнава недела дена има многу тврда столица, буквално топчиња кака. Давам и вода ама слабо пие, шише не фаќа. Што да и дадам да ја омекне? Слива давав од купечките кашички 2 дена за ужинка нема промена. Да сменам нешто јас во исхрана? Капки некои има ли за ова? Давам Ваја пробиотик.
Вода со лажичка да пробаш или почесто цицање? Круша можеш, просо, ручек пример батат со уште нешто и со адаптирано направи и да си внесе повеќе течност. Или пример некоја готова инстант ноќна каша имаш јаболко и просо ..
Во прво време и не пијат многу вода, само неколку голтки, ад или мајчино млеко им е доволно. Имаш приметено од што му се ствара запек? Или од сѐ?
Ние на 7 мес неможевме да седиме... 7 и пол почна повеќе да седи ама секакп паѓаше.. Едн недела пред да направи 9 седна самостојнпп во смисла и од лежење и од лазење сам да си седни без да паѓа..
Ние сме 11 месеци.. Јади3 пати по 250 300 грама.. Плус две ужинки.. Измеѓу смоки, нешто лепчњ, геврече што и да види ам ам и шлапка и му давам.. И цица колку сака.. И пак навечер станува Х пати....
@Milkiway просо уште немам воведено.. и брокула сакав да воведам, и да пробам само со овие намирници што делуваат лаксативно неколку дена па да видам.. @PurpleMind не сум приметила но изминатиов месец откако почнав со вкусови прво имаше нормална ама нередовна столица, на 2-3 дена какаше. Потоа 1 недела не беше какана и од тогаш наваму кака 2-3 пати дневно ама тврда и е столицата. Мешето не и е тврдо на допир. Педијатарот кога му кажав не ми искоментира нешто посебно, ми рече као се навикнувал организмот на цврста храна, ама мене некако долго ми се глеа. Крвната слика пред неколку дена беше супер, вака си е весела... Јас периодов се погоди не внесував мн течности и јадев посува храна, дали е до тоа не знам..Инаку на неа и давам се комбинирам што имам воведено но сега нема да давам еден период храна што прави запек, па ќе видам..Се мислам и биогаја да земам, таков користев од новороденче, сега второ шишенце од Ваја трошам, па ќе видам...
И јас прво помислив дека можеби е ради тоа што организмот се навикнува. Ако детето си е весело и нема мака, а и педијатарот не изреагирал, веројатно нема место за паника.
@Lovebug01 баш сабајле моево го приметив дека се мачи да се искака, кога земав да сменам пелена, имаше само две брбувчиња. Кај нас делуваше доење+формула, значи зголемен внес на течности, гледам после си се искакал нормално.