Да о ние сме такљ... И цел ден е како на моторче уклучен.. Нема стопзначи.. Лази се качува се исправа.. Па че дојди во мене че се беси на нозе и пишти да го крена демек ќе оди.. И пак да лази и се така во круг.. Нке се пуштивме дљ оди ама страв голем има и клекнува да лази.. Ме го форсирам за тоа ко че биди спремен тогаш ке се пушти сам
Мајки, малата имаше папочна кила, неколку месеци веќе папот и е повлечен ама и остана нешто темно внатре. Можно е да се нечистотии? Пробав со хидроген и чепкалка за уши, извадив мал ден од едната страна и оставив, страв ми беше да не и направам нешто. Да чистам или да оставам?
Ништо нема да и направиш од хидрогенот. Стави неколку пати ќе се исчисти. Гледај да ставаш после бањање за да биде убаво раскиснето папочето во вода,полесно ќе се исчисти.
Мајки ми треба совет околу фазиве Син ми не седи самостојно се уште, 8м е. До мене кога го седнувам седи како кифла не се исправа, во игрална одма на стомак легнува, лази веќе нешто се обидува да седи божем ама на кук. Крупен е 9500кг 71цм висок претпоставувам ради тоа е.. Е сега проблемот е што кога ќе легне во игрална плаче многу, му подавам раце да седне ама он одма се крева да се исправи и само тогаш е весел. Се пушта инстантно од мене и се држи за игралната ја го враќам доле на под и пак плачки. Он сака да стои да се држи сам ама се уште не може. Прашањето ми е зошто ми ја скокнува фазава на седење што да правам за да седи и да не ми бара да стои? Играчки, коцки се има ама џабе убаво седи само во релаксатор сам се исправа нанапред или во количка ама вака на под паѓа одма и удира со главата директно во играчките чаре?
Мене ортопедот ми рече нема фаза седнување. Во ред е и да не седне, некои деца од лазење се исправале и проодувале. Само не те сфатив, стои исправен и паѓа назад со главата? Ако така, избрзал малку и не се извежбал. Ќе бидеш на нога некое време да го пазиш додека зацврсти.
Аа не знаев не ми спомна антоније за седење, а педијатаров инсистира дека мора да седне и тоа било фаза и немало да прооди ако ја скокне фазата... Иначе за паѓањето од седење паѓа цел на страна,ако го седнам ќе поседи некоја минута и толку или сам се пушта на стомак или паѓа со главата се удира директно. А кога стои многу цврсто се држи за оградата со рацете и како да игра со нозете прај па полека ср спушта доле и продолжува на стомак... штом не треба да седи валда е ова ок? Гледајќи го ја мислам нема да седне он
Имаше Антоније во една од емисиите за ова... Од лазење да седне па да се исправии ама може детето и да ја прескокне таа фаза и да почне да стои. Знам дека идеш кај него и дека детето ти е цело време на под така да ништо погрешно не правиш. Мојата е постара од твоето, седи ако ја седнам, инаку сама не, се исправа кога седи посегнува по играчки ама пак знае да падне наназад. Муабетот ми е, абер нема од стоење, не се исправа во креветче, така да мислам секое дете е различно. Уживај си
Штом не паѓа од стоење супер. Ако ти е мисла јави му се на Антоније консултирај се ама мене тоа ми го кажа.
Моево бебе во рок од 7 дена пак крена тт . . Овој пат 38.2 . А забче нема на повидок. Крвна слика направив изутринава се е во ред. Педијатар ни вели или забче или вироза. Или...или
Не се грижи. Истите бевме. Еве тек на 9 и пол почна да седнува од легната во седечка позиција, ако има за што да се задржи. А дури накај 9 ко ке го седнев почна стабилно да седи. Моево е 76 цм со од прилика 9 кг. Жилав е, како што кажуваш си лазеше уште од 5 војнички, црло време на под, се исправа стои, пробува сега веќе странично да се движи ама седењето потешко ни одеше. Мислам дека нема простор за грижа
Мајки, можно ли е растечен нос и кашлање да е поврзано со излегување на заби, гледам двојките доле почнуваат да излегуваат. Нема температура само растечен нос и кашла.
Кога вадат заби им паѓа имунитет и може да закачат некое вирусче бактерија и од тоа да имаат растечен нос и кашлица моето со првиот заб бепе така.
Мојот е 11кг и 200 Исто јас го седнувам тој одма се фрла на меше и лази т.е се влече војнички. Нејќе да седи. Па мене ме утепаа мисли и видеа гледав и слики првото стабилно си седеше уште на 7месеци. Прашав ортопед ми вика твое е да го оставаш на под негово е што го интересира. Пајѓа секира дирекно на глава но тоа и го знам од брат му Ке пајѓаат па затоа ставам перници позади. Форсирам седење но ете сака да лази да се влечи се во уста да става гризи како куче попратно со вриштење и пиштење Но мислам за недела две ке седат стабилно. А кога се пушта во акција да лази барем му текнува да испружи раце да не мава со нос.
Чаре? Да го носам на лекар? За сега само капки за нос ставам, синомарин, полни 9 месеци има, за 2 недели 10 ќе прави.
Јас спреј му ставав аква марис и влечев со такво аспираторче зА нос со уста што се влече за неколку дена му помина носето. Мислам дека доколку нема темперстура и си се однесува нормално нем потреб ада одиш на лекар,ставај редовно капки спреј ќе помине. Најверојатно од секретот му се спушта во грлото и го дразни да кашла. Ако сепак си загрижена јави се на матичната кажи и што како па ќе ти каже дали да одиш.