Кажете ми некоја идеја да ја залажам да јаде бебка. За 10 дена 1 год прави. Веќе 2 недели ништо не јаде, се фрлам. Блендирано одамна не јаде,сега ни парчиња не сака, само ги фрла. Ептен среќа што цица и пие вода.. Се мислам дека не и се допаѓа храната, а гладна е
Обиди се да и дадеш од тоа што јадете вие, или ако појадувала овошје давај и кисело млеко, палента, или купечки каши, направи некоја промена иако мислам дека е само период ќе помине, моето бебе имаше таква криза траеше повеќе од 2 недели ама помина, не се секирај ништо нема да биде пак ќе јаде.
Штом не јаде блендирано претпоставувам јаде се соодветно за нејзина возраст така да не е до тоа. Ќерка ми е одличен јадач ама е така околу годинката имаше период кога фрлаше се од хранилка. Од 8м јаде сама и тогаш прв пат ми направи проблем, се нервирав ама јас дете со сила не ранам или да изигравам кловн за да и бутам јадење во уста. Фазата беше како шо кажав фрлање се од хранилка на шо јас не реагирав никако, сакаш да фрлаш ок, самото тоа шо не и обрнувавме внимание она престана. Период е ке помине плус цица шо кај многу деца и тоа има врска шо одбиваат храна.
Да знам дека не и се јаде полесно ќе ми е. А ваму си мислам гладна е, ама не и се допаѓа подготвеното и затоа не јаде @Зак од Андромеда
Сега прочитав што сум пишала Мислам дека не јаде затоа што не е гладна. Туку можеби е гладна, а зготвеното не и се допаѓа па затоа не јаде.. И скоро секогаш и правам по 1,2 јадења ,некогаш јаде од вториот избор, некогаш не и така. Едвај чекам да прозбори. Да знам кога не и се јаде и кога не и се допаѓа јадењето
Секој со свои маки, мојава јаде се, ништо не прибира за јадење, од сабајле доручкува, ама после мора и на сите друштво да прави за јадење, ако не, вреска, мора да јаде нешто и таа додека другите јадат , а пак млеко, веќе не знае колку да испие од жештиниве, плачење за млеко - no comment ,а вода многу малку пие, мајки предложете некој чај, некој сок што може да пие, купивме некои чаеви, ама не ги сака да ги пие, па ајде ќе чекам мерење на следна контрола и уште месец време ќе полни годинка нека ни се здрави и живи, некои јадат повеќе, некои помалку.
И да знаеш дека е полесно си кажуваат шо сакаат шо не Но секогаш си го бараат омиленото ако ги прашаш малата иако јаде се шо е до неа би јадела јогурт и макарони цело време
Блазесити И мојава едно време јадеше се. Ние сега додека јадеме ја седнуваме со нас, таа во хранилка. И ставам пред неа да јаде, таа фрла све на земја и не гледа нас како јадеме. Инаку за вода, да пробаш водичка од овошјето што се вари, на собна темп нека е. Може ќе се излаже да пие.
Мајки ај вака еден совет. Ќерка е 7++ имаме 2 оброци, доручек и ручек. Станува во 7 и ѝ давам да цица. Е сега прва дремка некогаш и доаѓа за 2 саати некогаш за 3. Доручекот и го нудам пред првата дремка околу 2часа после утринското доење ама ако и се спие ќе изеде неколку лажички и плачи вришти. Спие отприлика 1-1,5 часа, но некогаш се случува и помалку. Како е подобро да ѝ го давам доручекот, пред или после дремката?
Секогаш различно го давам појадокот, ако гледам дека почнува да му доаѓа дремка пред поминати 2 саати од млеко, појадокот му го давам после дремката. Во случај ако гледам дека нема наскоро да заспие го давам пред дремка.
Не гледај два часа по доење ,гледај минимум пола саат пред деремката ,иста беше и мојава ама така го средив , затоа што спиеше до 1-1:30 и ако тогаш беше доручек ,ручекот би немало кога одноано ќе беше многу касно
После дремка му давам еве денес 6ипол млеко спиеше од 8ипол до 9ипол па доручек. Води се по неа ако е гладна толку нема да заспие и дај и доручек..така правам
Мое мислење е дека сака тоа што вие јадете затоа се бунтува, давај и да проба секако не паштета и сувомеснато, кога јадеш паштета понуди путер и кашкавал. Јас на мојот му давам од се да проба, само пробува не се најадува ама му е битно да проба. Немој да се секираш ќе јаде.
Мајки ве молам за помош, бебето овие неколку дена слабо ми мокри дури на сабајле скоро сув е памперсот, а претходно ни беше полн да напоменам дека само еднаш пие млеко во текот на ноќта.