Моето е 10м еве неколку дена по ред наутро кога се буди сува пелената млеко пие пред спиење последно во тек на ноќта не пие. Преку ден нормално ди мокри. Мислам дека е од жешкото се потат им испарува преку кожата повеќе... Се загрижив и јас ама преку ден е ок и мислам нема простор за паника. Зависи колкаво е твоето можеш во текот на денот повеќе вода ако веќе јаде и кашички инаку не се препорачува ништо др освен млеко ако сеуште сте само на млеко
Моето и преку ден слабо мокри. Иначе си пие пред да заспие и еднаш во текот на ноќта. Ние сме 3 три месеци. Моја грешка место од 0-6 јас тука пишав.
И кај нас е истиот проблем.Ама веќе ќе давам после првата дремка.Денес бидејќи апна неколку лажички и одма и се приспа не сакаше да цица..не спиеше ич баткото ја разбуди.После понудив пак овошна...Денес се и е испореметено Ќе пробам после прва дремка да давам..така и повеќе ми цица
@Lovebug01 и јас после прва дремка давам се фаќа околу 10ч До 13:30 најкасно млеко и околу 16ч ручек знам дека е касно ама неможам да склопам друг распоред, ако евентуално не го ни проба а камоли да го изеде ( последниве неколку дена уста не отвара) млеко правам
Малиот е 7м. Од вчера воведов ручек. Колку да му дадам да јаде толку ќе изеде, нема мерка, па ме интересира по колку гр оброк им давате на вашите бебиња на оваа возраст? @Krofna* @kanella @Lovebug01 @firequeenn ве тагнувам, знам тука ни се некаде бебињата па ако може и вие да споделите инфо.
Кај нас воведувањето врор оброк не иде и не Кашичињата гледам да се над 120гр. Некогаш 150, 170 но овие никогаш не ги јаде цели. Мерам тањирчето пред јадење и после јадење и рачунам колку изела, иако почесто се само неколку лажичиња изедени. Ама упорна сум, секој ден спремам и нудам, мора да пројаде некогаш. Нели си јаде супер, но не знам што да ти одговорам, ние имаме проблем со нејадење @Kolache na mama
Супер е што си јаде мојот, ич не се жалам за тоа, него педијатарот ме тера и вечера да му воведам дека многу качува на килажа, а ние вчера почнавме со ручек, вечера планирам на 8м. До вчера му ги правев 120-140гр., денес викам ај повеќе, 173гр. испадна, уште бараше. Само упорност кај тебе.
Точно 7м. Затоа и прашувам, колку гр. оброк можам да му дадам на таа возраст. Не сакам вечера да му дадам.
Тој период 150-170гр му давав отприлика. Ама сега ако ти е таква ситуација да многу накачува наместо вечера би дала по 200гр. Вечера почнав од 8м и давав прво по 100гр па покачував
Ние сме 6+ месеци. Веќе неколку дена бебе преку ден слабо ми цица 3,4 пати ама многу кратко, плус има веќе два оброка. Ме интересира дали е нормално и како е кај другите бебиња?
@Kolache na mama Кај нас воведување на втор оброк претешко оди Првиот пат топ пројдовме и пресреќна од утредента толку беше добива нагони на повраќање и несака уста да отвори искрено јас некад со сила бутам бар 2/3 лажичиња зашо вкус нов воведувам па да не ми е узалуд а некад сам ќе отвори уста исто 2/3 лажичиња и толку и млеко пие Не го форсирам колку сака толку мене ми е криво дека ептен со мерак му ги правам и на крај фрлам
A истите каши за доручек ги јаде ли? Може не сака зеленчук ако даваш зеленчук за ручек... Моето беше така
Упорно и ти како Канела. Може му треба време да се навикне дека и втор оброк е. Колку гр. оброк ти е доручекот?
@Kolache na mama Со 2 оброци сме засега. Доручекот му е пообилен,околу 250 гр. јаде. За ручек нешто помалце бидејќи има и месо и потешко му доаѓа, до 200 гр максимум јаде за ручек. Вечера не сме даче се уште, ќе чекам уште една недела да направиме 8 месеци па после. Пак нов распоред ќе треба да му правам со дремките Сега со жешково време потешко ми заспива и гледам полесна храна да му давам. Со млечните до кај сте? Јас досега само јогурт имам дадено.. @Lovebug01 јас после првата дремка давам доручек. Нервозен е за спиење претходно и не можам никако.Вака раат ќе си изеде се, па пред втората дремка со млеко се успиваме накај 13. И му доаѓа ручекот во 16 часот. Малце касно ама тоа е. Кога ќе воведиме трет оброк-вечера ќе менувам распоред.
Zdravo sirup zA podobruvanje na imunitet na bebe od 8m ili kapki bilo sto od sto ste zadovolni vi blagodaram
На сум почнала со млечни, таму накај 7++ ќе почнам да ги воведувам. Имам сега многу овошје од двор па нив ги воведувам дур се фрешки. Мајки фала на сите за советите, дефинитивно ќе зголемам гр. на оброк.
Мами , како избегнувате да ги водите за раце да одат, значи само што ќе ме види стојам до него се дига по мене ме фаќа за раце и сака да оди да му помагам ако не го направам тоа плаче вришти не се трпи ? Инаку сам се подига по мебел по се и стои и веќе дава чекори се движи кево десно