Може да ми предложите некоја чашка, шишенце што би било интересно за да пие вода. Некако со цел ден молење пие од 30 до 60мл вода, температурите се многу високи 45-46 па би сакала малку повеќе да пие вода.
Јас имам вакво сам го држи и само тогаш ми пие 40-50мл едвајј некогаш ни толку. Купувам хип сокчиња ставаж 10-15мл и уште 120мл вода па тогаш ги пие сите 120мл...ама не може сок секој ден. Ако најдеш чаре за пропивање вода кажи. Се пробав и со лажиче и од чашка не сака. Кога имаше 4м убаво си пиеше и прекинав демек штетно...
Ќе земам вакво да пробам може ќе и биде интересно. Јас цел ден и нудам вода и и го давам шишето да го држи сама и тоа завршува така што она си игра, го мота низ уста.
@macka91 На мам мене ми се покажаа најарни. На чашкава меко е клунчето и кога го гризе и капнува водиче во усте па понекогаш знае и да се зашмука. Исто и на мам шишето ми се покажа добро, со цуцла 6+. Купив и на твистшејк некапечка чаша но на таа и е цврсто клунчето и само го глода, не и текнува да шмука
Здраво на сите . Незнам каде да го поставам прашањето па одлучив тука. Вака се работи за мојата ќерка од годинка и нрколку дена еве веќе една недела уназад пред да си легне ставам пелена икога ќе стане насабаље пелената е сува и после некое време одма ја полни со урина. Преку ден е супер се полни пелени нормално со каки и урина сега ова ме загрижува . Ако нркој се соочил со истото мозе да сподели искуство секако и деновиве ќе се консултирам и со педијатар ја чекам да се врати од одмор . Благодарам на сите
И ние мака мачевме со пиење вода, капка не ставваше во уста, и сега почнав да му давам вода и во нејзе стискам малце лимон па почна да ја пие вака.
Се наполнивме со чашки и шишиња Пријтелка моја со шприц му дава на нејзиното бебе, понекогаш јас и со мало чашиче давам, интересно и е.
Имам еден куп шишиња, имаше некоја акција на Томи и за 600 ден купив 9 шишенциња. Пред тоа имав купено други 5 исто од Томи
Леле добро, вие сте на ад така? Не пие од тие шишенца? Ај можеби со чашкиве ќе имаш среќа. Моево дои и шише никако не фати, само ги џвака цуцлите.
Јас различни користам за ад авент натурал за вода нук што е од 0-6 и пие вода по цело шинце негово на ден
Дали некој од вас забележал кај бебето како стапалата да се повнатре? Нормално ли е ова? Малце сум од памет извадена
Фала ти многу на брзиот одговор денес го забележав, ама не бев сигурна дали е од што е буцко или крива е ногата
Ако е проодено знаеш дека треба на ортопед кога ќе оди поцврсто месец два по проодување. Ако сте биле и рекол се ок немаш мака, а ако не е проодено лога ќе прооди ќе го однесеш и ќе прегледа докторот.
Блазеси ти, мислам дека добро е, нема да ти се помочкува навечер, си спие убаво, нема потреба за грижа. Мојата е 11месеци, кога се буди често, потешко заспива, повеќе ја полни, ако се буди поретко, малку ја полни, ама кога ќе стане сабајле одма ја полни убаво. Се надевам дека и кај мојата ќе биде сува пелената навечер после годинка и да се учи на нокширче. Јас до годинка сум била со пелени, после годинка со навика за нокшир.