Јас дадов кај 7м ама гледам му смета па после на почеток на 8м пак му дадов ама грчеви има од него пробај да видиш со 2 3 зрна па втор ден 10тина да не му напрак грчеви
Вода малку, нејќе повеќе. Ја нудам почесто да цица да компензирам. Пробиотик не. Од старт тоа и направи запек па го прекинавме . Склона си е изгледа
Водата понуди ја од овошјето што го вариш. Најдобро од јаболко и нека пие ќе се среди. Мојот фала богу почна вода да пие инаку имаше проблем со каката, а на ад е внесуваше 600мл течност па пак имаше проблем со вицање не верувам 600мл да цицаат на ден?
Грашак и на возрасен прави проблем мене стомакот ми го дуе, сигурно и него ќе му е тешко Ќе почнам со неколку зрна
Пробајте со друг пробиотик и повеќе течности. Штом јаде цврста храна мора да пие вода и давај почесто слива круша тиквичка
Педијатаров мој некако не поддржува пробиотик, веќе сите различно ... Вода нудам нон стоп. Плус и шишето и го оставам ама ќе голтне еднаш и после ја гриза цуцлата само. Сега паралелно со ова почна да одбива јадење, веројатно стомачето дека неможе да го испразни. А што убаво си ручкаше да ти е мерак да ја раниш
Што давате за затнато носе? 10 месецо има, го шприцам со физ.раствор ама тоа не му го одзатнува носето. Се мачи да заспие, ми се буди цела ноќ плаче...
Синомарин спреј и влечев во аспиратор пред спиење обавезно плус исецкан кромид блиску до главата на бебето
Ако е многу затнатo можеш и инхалација со физиолошки раствор 2ml, а има и синомарин раствор за инхалација прашај во аптека.
Синомарин спрејот не ми го одзатнуе, само го влажни носето, искачаат мрсули ама останува затнат. Побарав оперил за деца ама не ми дадоа во аптека пошо за од 2год биле а он 10 месеци. И ми го дадоа ова. Сеа му шприцнав па баш ќе видам дали делува. За од раѓање е
Исечкај кромид на тањирче и стави го во близина каде што спие. Јас мислам само мирисот од кромид го отпушуваше малото. А покрај него сите во соба бевме со олеснато дишење. Ке ти мириса цела соба но брзо се ветрее. А од спреј само синомарин ставам но моментално се отпушува и за некое време пак....
Луѓе помагајте од 8 сатот маки мачам, бебче заспа и се превртува лево десно цело време никако цврсто да заспие... Многу сум уморна и јас сакам да одморам, само нишкам во седиштето, ај заспи ај префрли го на кревет на кревет пАк исто лево десно... Нервоза почна да ме фаќа готово..
Колку е големо? Мојов исто почна пред 6ти месец така да прави во сон, тоа е период кога почнуваат да учат да се превртуваат напред назад лево десно и во сон почнуваат да вежбат А ако сте околу 6ти месец можно е и да е регресијата во спиење Ние сме 7+ уште се превртува па кенка иста сум ко тебе седам до креветче и само го местам