Штом убаво ја мести главата на страна остави го, немаш простор за грижи. Ќерка ми е 7+++ и повеќе и помирно спие кога е на меше, исто сама се мести. Знае само да закенка ако неможе да се отпреврти потоа, но поголем дел од ноќта спие на меше.
Фала на одговорите девојки Јас така вчера си играв па ја разбудив 4 пати враќајки ја на грбче ама памет за следно спиење како и е убаво така ....
Тука е проблемот, мк сум на одмор и преку ден шетам и ноќе сум преуморна и ми се спие, а тоа не спие и тука живците попуштаат од умор,ама денес не одам никаде дома ќе седам да одморам..
Здраво, консултација со вас мајки. Малото ми е 6 месеци и десет дена. Почнавме со каши на 5 месеци, но тешко оди ептен. Затвора уста и нејќе да отвори. Почна неколку дена да јаде комбинации од овошја, а зеленчуковите нејќе да ги смисли, освен тиква и морков. Последниве три дена ништо, две-три лажици и плаче. Совет некој, ваши искуства. Се обесхрабрувам.
Бебе е 6+, со вкусови почнавме од 4+++. Овошје мава, од зеленчук вришти. Сега за сега додавам или тиква или јаболко во зеленчуковите каши. Денес пробав без тиква/јаболко - кратка хорор приказна... Додадов во кашата тиква на хип и почна да јаде...
Ај ќе пробам и јас така со тиквата. Компир нејќе да види. Пробав и со мелен ориз од Зегин со млеко што се прави почна да плука, не го сака.
Мајки кажете ми сакам да го одбивам од цицање кое млеко од тетрапак е најдобро за замена и како го растварате инаку имаме полни 10месеци?
Пробај никакво да не му даваш или 3ка АД ако е за еднаш на ден, другарка го одби на 8 месеци зошто се будеше навечер само за тоа иако беше прејадено детето преку ден 3 дена само со гушкање кога ќе се разбудеше и толку сега мирно си спие . Пробај да ги маскираш зеленчуковите пример стави јаболко и види како ќе биде. Таков период ти се погодил за твоја несреќа . Еден ден одмори рехабилитирај се и после пак шетај
@Brpbrp леле еве пак и вечерва, што му е бе не знам, преку ден по два сати ми спие сега навечер врти се преврти се аууу што ќе прам...
Го ставив на перница моја да спие, се заврте лево ама не му дава на стомак да се заврте и си спие мирно. Не знам дали да го оставам така цела вечер со мене на спална, маж ми не спие со мене вечерва..
Остави го и моето со нас спиеше еден период па после сам во креветче и дневните дремки се подобрија кога лежев и јас до него . Не може цело време едно исто темпо да имаат, ретки се тие бебиња што се како по книга.
Мајка те читам вчера и денес.. Ако му е удовно со тебе оставиго нека спие со тебе и ти барем ќе поспиеш ќе одмориш.. И син ми има период кога спие со нас и тоа некогаш по цела недела, па потоа ќе го вратам во кревече.. Најчесто е тоа кога сме во скок и се буди на 30мин да го нишкам или за во раце и си го земам до мене барем така и тој наспан и јас.
Не е тоа проблемот, тоа спие со мене цела недела еве кај мајка ми сме маж ми не е тука. Проблем е што ми се буди, викам перница му ставив и спиеше добро, ама сега пак ми се разбуди И ја тргнав перницата и спие на стомак сега мирно, ако го свртам на страна или на грб ќе се разбуди.. Не знам дали да го оставам да спие на стомак или да го свртам да се разбуди и одново се..
6+, знае да се сврти од грб на стомак и си седи на стомак понекогаш пола сат си игра и се врти во круг, ама потешко му е од стомаче на грб малку се плаши, го имам видено неколку пати се врти така ама многу ретко страв му е некако.
Ама главчето го врти лево десно додека е на стомаче ? Мојава на 5.5 месеци како твоето правеше,две ноќи и јас врти ја превртувај ја ама кога видов двете неспани и нервозни почнав да ја оставам ,главата си ја вртеше кога ќе и дојдеше тешко на едната страна. Од 7 месец почна цела спална да ја "шета" во спиење еве ја сега спие и така и така и на страна и врз перници наши и врз нас
Zdravo, nekoj da ima iskustvo so Dr Goodnight, dali vredi i dali dokolku se izdrzi treningot se sreduva skros spienjeto