Игралната повеќе би ја искористила. И јас земав како тепих и сегде беше освен на тепихот. Сега веќе не го ни користи на 9+++ зошто сегде може сам да отиде и не ни седи на тоа само се засопнува
Сегде беше освем на подлога, еве еден месец скоро ја прибрав. Така да по мое не ти е потребна подлога
Малку off topic сум знам ама не успеав да најдам тема за одмор, има ли некој што бил во скоро време во Грција да даде препорака за сместување и да сподели општа состојба таму и дали е безбедно да се оди со мало дете, ако има ваква тема слободно префрлете ме.
Зависи од бебе. Јас имам такво монтажно и се до сега 9+ додека не почна во него да се исправува и да се движи држејќи се, не сакаше да го види. Го ставав од 6м плачеше да го извадам и се на подлога беше. Ако ти трга во градинка на 9-10м размисли колку ти е исплатливо да го земеш. А ако сте дома или некој ти го чува од 9м тогаш вреди. Ја претпоставувам додека да прооди ќе сака во него да се движи. Кај нас користењево се на се ќе биде 2-3месеци...
Нас сега баш не фати… Или тешко заспива или се буди на сред ноќ и не може да презаспие.. Се мачиме по 3 часа Она е во фаза да седнува сама или се исправува на колена и тоа го прави кога ќе се разбуди и плаче плус. Заби нема на повидок. Намалува од 3 на 2 дремки дење. Мислам дека рацете ќе ми отпаднат од нишкање а за грбот да не праам муабет. Се мењаме со мм ама џабе пак само со мене заспива. Тоа е ќе се истрпи…
Мојата имаше до 13,14м грчеви од интолеранција на млеко ,редовно давав капки за грчеви и го намалив внесот на млечно.Може да пробаш чисто да знаеш.
А колку често даваше млеко? Помислив и на тоа ама од млечни работи давам само кисело млеко и тоа е еднаш неделно некогаш а кога ќе му дадам не е ништо поразлично.. На кој начин потврдивте дека е до тоа?
Да ,мојата имаше грчеви и кога јас конзумирав млечно .Пробај види дали ќе се подобре . После годинка се намалија,еве сега 2.5г многу ретко се жали на мешето .
Има ли мајки на бебиња со многу коса? моето вришти од фенот веќе некое време, а морам со фен значи многу коса има, прибував со крпа ама џабе пак е премногу мокра и долга е Почнав денски да ја бањам за да не спие со мокра коса… како да ја навикнам на фенот, ајде сега лето океј е ама за натаму? Хелп
Ама не сакам да ја шишам, ептен ми е љубов со косата, права мома уште сега е со две долги прцки и шишки, плус почнаа локни
Како се справувате со ТВ? По цел ден ми е искл и веќе мислам оглувев дека и сама со бебе дома, ТВ пушта мм кога ќе дојде од работа и бебе нормално знае да се загледа иако со сите напори правам да негледа Што правите вие?
Ништо си гледа го оставам. Морам да работам па после јадење релаксатор и Биби и Боби на тв. Штом му спадне тогаш си игра во монтажна игрална. Не бранам, не сум против. Како седиш во тишина не знам ама чим си издржуваш терај си до 18м е најдобро ништо да не гледа според експрети што сум читала
Јаооо ќе скренам до 18м Па затоа ништо нефаќам по дома немам време едвај ручек само И машини да пуштам толку! А биби ептен сака да ја гледа ама се занесува по ТВ и така многу се нервирам и гасам. Добро да немам грижа на совест ако погледне и ти му даваш на твоето
Мене ме нервира кога ќе се хипнотизира и само да блее без ништо. Ама го гледам дека се смее , вика, прај фацки некои и интересно му е. Дора посебно ја сака уште кога почнува плеска со рачиња и вика. И ја со него гледам Дора и кога прашува нешто ја му одговарам. Па добро во лошо учиме малце,му бројам, му зборам објаснувам бои, животни...не оти сфаќа ама си викам може ќе намалам штета