Може затоа и се загледува, дека ново му е. Кај мене од прв ден е пуштен, искрено како што сум сама ќе скренам без тв. Ретко го погледнува, најчесто на некоја реклама и песна реагира, ама нема ни што да му е интересно, си гледам работи кои мене ми се интересни, цртани нема. Музика од тел. е пуштена и се радува на неа. Може па дека е навикнат и затоа и нема некој посебен интерес. Го издегустирал.
Еј да сабајле пуштам ТВ и оп Дора викам чекај да видам што ќе прави се смееше цело време првпат ја виде незнам му беше нешто ептен интересно
Исто на песни само се врти И кога ќе фатиме Биби и Боби само песничките му се интересни и ги слуша без да трепне кога ќе завршат готово не го и тересира одма почнува некоја активност
Ќерка ми (11мес) до пред 1 месец јадеше се (200-250гр секаков зеленчук). Сега освен овошје на парчиња, лепче, к.млеко и млеко не сака ништо. Прво мислев од запчињата е (и никнаа 4 од еднаш) но уште не сака да јаде. Дали е од топлото не знам. Секој ден правам и фрлам. Некој да има иста мака како мене да сподели совет?
Пробај и зеленчукот дај и го во парчиња. Или пак седни со нејзе на маса и даввај и од твојот тањир . И топлото ги мачи искрено, мојов не јаде јас што ќе му направам, а од мој тањир све јаде и евентуално зеленчуковите каши на бејби лов ги обожава, а предходно се давеше во домашно приготвено после наеднаш не сакаше да јаде. Пушти си од блутут звучниче песни и ќе нема да ти биде досадно. Кај мене од сам старт бебе кога се роди пуштен е ТВ може на поминување да ѕирне да види што се случува иначе не е запнат за ТВ има побитни работи низ дома, на пример по цел ден трча по мачето и растура низ дома
Исто се случува со син ми, исто 11 месеци, овошјето сабајле го јаде, зеленчукот на сила до кај 15 лажичиња, кисело млеко, палента, двопек јаде, пробувам и од нашето јадење да му дадам пробува ама многу малку, за сега немам идеја го оставам да јаде колку сака и наредно кога ќе огладне млеко, исто се што ќе направам фрлам.
Добро утро. Искуство барам од мајките на кои дечињата веќе имаат запчиња. Не се оптеретувам зошто моето бебе за некој ден полни 10м и нема ниту едно запче. Но последниве денови забележувам како повремено ги става двете рачиња на глава, како старо човече, како да ги затвара ушињата. Не плачи тоа кога го прави. Како мислиш глава ја боли Не реагира на ушна болка, ок си е. Само дали ова е нормално или си правам јас некои филмови? Прво смешно ми беше, ама веќе се замислувам Искуство вакво на некои од вашите дечиња?
И моето е 10 месеци нема ниту еден заб али треба 4 доле да му пробијат и знае повремено да си ја фати главата и ушињата па некогаш и косичката си ја чепка., го однесов на лекар супер си е ништо не му е само го мачат забите го чешаат и нервоза му ствара.
Истото го правеше и моето ги тегнеше ушињата пред да искочи забчето ете сеа пак тегне и другото изгледа ќе искочи
И јас мака мачам со јадење со Ника морам секој ден нови работи да и давам да јаде инаку многу слабо и споро напредува у килажа. Ника во вторник прави 7 месеци а тешка е 6400 грама и 67 цм а родена е 3310 со 49 цм
Ако не сака домашни пробај со купечки, искрено мојов зеленчуковите ги сака на бејбилов, а на хип не бидејќи скоро сите се на база на пченка и му мирисаат.
Колку дневни дремки имаат/имале вашите бебиња на 7+++м? Моите спијат наутро од 9 до10 и поручек од 14-15 до 17-18часот. Се мислам дали е доволно тоа спиење на таа возраст. Ако пробам да ги успијам трети пат, плачат не сакаат никако да спијат а и не покажуваат знаци дека им се спие.
Па вториот пат спијат три часа затоа и не им треба повеќе. На таа возраст со 3 ама преминувавме накај 2. Кога беше со 3 имаше 2 по час, час и нешто и една од 30-40мин
@Krofna* пуштен ми е тв од прв ден, но не покажува интерес воопшто. За да јадам, пијам кафе или сработам нешто набрзина и пуштам цртан филм и едвај 5 минути трае, потоа и здосадува и или игра со играчки или шетаме низ дома од соба у соба. @sun995 и ќерка ми 7+++ ништо не сакаше да јаде последниве две недели, бев радосна ако и подметнев неколку лажичиња, што каши исфрлив.... зеленчукови посебно, само морков сака, друго ништо. Запче и никна пред некој ден верувам затоа одбиваше јадење, од вчера пак почна да јаде нормално. Период е ваљда, ќе помине, нуди ја упорно секој ден. @Saraaa9 ќерка ми има 3 дремки, нешто слично како @Katerina94 , 7+++ e.
Да, ноќе спијат без будење, заспиваат во 9 до 6:30 се будат понекогш кога се во скок ам тоа е многу ретко.
Чим спијат ноќе не би ги чепкала дење ништо да им менувам значи наспани се одморени најадени...ова по моја логика
Па да ти кажам сакаат да ручкаат Навечер не стануваат за млеко си спијат и јас мислам дека и е добро вака ама сакав чисто да видам како се другите
Исто сме генерацијо ,сабајле и правев гриз ,15 лажички и пафта со главата лево десно. Пола саат потоа јас јадев летна манџа почна да ме бутка за да и дадам...изеде една средина од лепче . После 20 Тина мин едно ракиено чавче јогурт... Цицање и кревет. Само изгубен е редот сосема не се знае ни доручек ни ручек ни ништо. Ама пошто не сака да јаде тоа што е за неа нашите ги правиме со епттен малку сол ,знам дека ќе и дадам и не пазам никаков ред... Мојава се скубе и си ги влече ушите кога вади заби. Од 7 месеци две по 2-2.5 часа... Ако нешто случајно спие на некоја од дремките помалку од два часа спие трета ама тоа е ретко ептен. Е сега мене ме мачи што ги чеша внатре ушињата ,ова трае веќе скоро две недели ,ја пипкам од надвор не плаче... Значи пика прсте внетре и чеша силно и ќе закенка тогаш прво мислев дека е од забче ама проби а таа уште прави така. Има некој искуство ?