И моите си ги чешаат ушињата кога ќе ги видам им ги чистам со стапче се додека се мирни го вртам стапчето во ушето, потоа се врти за другото да го чешкам со стапчето
@Saraaa9 знаеш зошто те прашав? бидејќи на 7м и мојата си спиеше до 8 и нешто месеци. Е потоа пивторно почна да бара да цица навечер и сега има сеуште 2 подои навечер. Мн менуваат
Исти сме и ние. Јаде малку лепче, па диња, па кајсија, па бисквита, па некогаш од нашето јадење и така по цел ден и се си е гладна бидејќи малку јаде. Секој ден готвам зеленчук со месо и фрлам не го сака. Инаку и мојата си брка во ушињата и си ги чеша
Може ќе сменат не викам не ама до сега никогаш не побарале така се од два месеци. Еден период машкото се будеше по 1-2 пати навечер, мислев дека е гладен му давам млеко не сака да го пие врти глава не сака да ја виде цуцлта.
Скроз исто бевме, од 2 месеци мерак, цела вечер најадена и не бара. И потоа почна ова, од скоро. Можеби нема кај вас да биде вака, сите си се различни. Јас мислам дека иако таа вечера, потоа цица, не ја држи доволно моето млеко, на почеток и помали потреби имаше и беше сита, сега и кога спие шиза и е живец и троше
Хахаха и кај мене машкото е исто и кога спие не е мирен, а па кога е буден да не зборам...водата стое тој не!! се сме во покрет нема одмор Нека се живи и здрави ќе пораснат после ќе ги бараме и овие денови кога нема да ни даваат ни да ги гушнеме
Мамички едно прашање. Ќерка ми е 8 месеци и добро напредува и е полничка но таман на граница со тежината. Сакав да прашам дали има простор за загрижување бидејќи уште не се врти на ниту една страна
Генерација сме Почна и мојот пред два дена со две дремки слично како твоите само втората му е пократка. Чим не покажуваат знаци на умор значи таман им се.
Како себеси да се читам, значи има и друго бебе кое не сака вртење. Мојот е 7+++, 10.500кг, што значи буцко си е. Го носев на два прегледи кај различни педијатри ми рекоа се си е во ред, дека е полничок затоа не се врти често. Не дека се нема свртено ич, ама далеку од тоа како што има бебиња активни за таа возраст. Сепак тркни до педијатар за да ти биде мирна совеста.
И нас истоот ни го рекоа дека ептен е на граница со килажа и затоа може потешко да му иде совладување на моторичките вештини но нема место за паника порано покасно сите ќе совладаат
Така е....сигурно има и бебиња со таа килажа кои се потемпераментни, но мојот е кроток, таква сум била и јас, само уште по крупна . Битно е дека е се е во ред, наше е да се секираме и да прашуваме.
@Rina1992 @Kolache na mama @Krofna* и јас се придружувам со моето бебе што одбива да се превртува. 6м и сѐ ќе направи само да не се преврти, ѝ редам играчки над глава и ќе се оптегне некако, со спротивната рака и колк скроз свртена на страна и ќе успее да си ги дофати, па си се враќа на грб наместо да финишира превртување. а од стомак на грб боже сачувај, еден период околу 5ти месец се опседнав да ја научам и креваше рака по играчката што ѝ ја тресев ко луда над глава и таман да ја повлече гравитација, таа пак си наоѓаше баланс да се врати цврсто со двете раце на земја. ко да се плаши, си ја чува главата изгледа. му спомнав на антоније на втората контрола, тој ми ја прошиша загриженоста со коментар “видете се вие витки, кому би му било полесно да се истркала, мене или вам?” и стандардното негово “бебе само на под и сѐ ќе си направи кога ќе биде спремно” ај барем си немаме мака со вртење за време на ноќно спиење, па незнаење да се превртат назад на грб.
А на која возраст се исправаат за сами да седнат? Мојава е нон стоп на под, касно почна да се превраќа, некаде после 6ти месец а слабичка е. За недела дена полни 8 месеци и абер нема од седнување. Треба да и помагам нешто со вежби, или сама да ја оставам? Крај на 6ти почна да се влечи по земја војнички и сеа не допира, многу е активна.
За седнување и мојот неседи Само ако го држам кќе седи глават уште му е ко на желка Не го форсирам кога ќе е спремен ќе седне, викаат дека и тогаш ќе почне да лази Сеа во сон секоја вечер вежба клечење на коленици
Моево сака да лази ама наместо напред оди на назад и кога ќе се замори од лазењето на назад знае да си легне на под  иначе 9+ ми е синчето кај ваас мајки како оди лазењето.?
@Kolache na mama @Krofna* Фала ви мамички. Јас ја однесов еднаш кај мајката на матичниот педијтар на ќерка ми и таа стара ми вика што е ова си претерала со хранење, прејадено ти е детето и само што не заплакав. Потоа продолжив кај синот нејзин кој е многу добар и ми рече уживај си супер е детето, чим е здраво јаде пие да си немаш гајле. И за тежината рече кога ќе почнит да одит ќе ослабнит. Немало простор за грижа, некои деца ниту се вртет до 10 месеци или повеќе, некои не лазат туку стануваат да одат итн. Поздрав мамички