Моето и се плаши да се преврти. Првпат кога се преврте толку силно си ја удри главата, зајде од плачење, потоа на спална проба пак, океј беше, па го симнав на под се преврти и пак плачење. Од тогаш само со рацете балансира да не се преврти да не го боли главата и ептен ако се доведе странично па тогаш ќе се преврти. Од грб на стомак само еднаш се преврте и тоа толку беше среќен тој ден, несвесно го направи. Антоније го обожавам, многу директен д-р, сите гостувања му ги имам изгледано, ние сме кај Тони, одличен е и он, баш ни го потенцираше ова кога бевме на 5м. кај него, дека буцко мој повеке ќе балансира, ама добро е тоа ќе ги јакне страничните мускули.
Maјки на 8м бебиња. Дали сабајле доите веднаш кога ќе станете? Јас и давам да цица кога ќе стане но после не сака да доручкува. Станува во 7 во 9 прва дремка до 11 и после тоа доручкува. Некако ми е касно зошто после ручекот го јаде во 16 часот. Во 20 часот ја легнувам и треба да и воведам вечера а со вакво темпо нема да ја сака. Како да правам, да ја дојам сабајле или дирекно доручек?
Дај и прво доручек па после нека цица. Треба да има Доручек, ужинка, ручек,ужинка,вечера.Доручек не е во 13:00 туку дирекно на ручек сте вие.
Каков е вашиот распоред и ние сме слични како @Lovebug01 Имам доручек до 8, па млеко 12, ручек 16, млеко 20 и ноќно млеко Мислам дека ни е рано за ужинки на нас
8или9 доручек во 11 ужинка во 13-14 ручек во 17 ужинка во 20-21 вечера зависи и како спие преку ден некогаш кога многу му се спие може и ќе утнеме една ужинка ама ретко се случува.
Млечни ги правам кашите од сабајле и навечер а ужинките овошје му се што е сезонско тоа давам и ставам овес внатре или просо зависи. Ако пие само млеко бара на 2 саати и плус се дере кога ќе снема и липа целиот.
Единт:Он и прооден е од 9 месеци и цел ден шета навака натака млеко само секако нема ни да го додржи.
Браво бе за баткото како се пушти да оди толку брзо. Ептен си е напреден му треба храна. Малиот на 2 шишиња ад ми е и некогаш место ужинка ад му давам полесно ми е ако немам време. Ама млекцето за заспивање не го мења со ништо
Абе и јас му давам ако некој ен не јаде воопшто и скиснат е ако треба иа ручекот ќе му дадам млеко амо гладен да не ми остане. А се пушти зошто не се плаши од ништо таков е бестрашен на 8 и пол се пушти на 9 веќе сам одеше сега дури и поддтрчнува штом мачето дома го стига брз е . И сега не качува толку на килажа иако количински доста јаде. Мојот сега со масажа на грб заспива зошто млеко ако снема толку ќе биде
Исти сме буквално е бестрашен, по комоди се качува, на кревет, качи слези сам, почна да трча исто кога ќе му речиме ќе те фатам трча низ цел стан. И кај нас почна многу слабо да качува на килажа, а јади значи јади количински, а и млекото полна да не го држи, само 1час е сит а зголеми да пие на 180мл преку ден. Се мислам дали да преминам на ад 3 порано две недели, и ужинката да му ја дадам храна, џабе го пие млекото кога не е најаден
На колку месеци ви сменија бебушите на 1 дремка и како беше преоѓањето од 1 на 2 дремки дали со плачки или не? Деновиве кога и да стане дали порано или покасно не сака да заспие до 4 часа прозор на будност едноставно не му се спие обично кога му се спиеше прво очињата му се зацрвенуваа и уши чешаше сега ништо од тоа.
Од 10 месеци некаде почна да спие по еднаш 2:30 мин и легнува накај 21:30 максимум 22. Тој месец знаеше да спие некогаш еднаш некогаш 2 пати веќе од 11 месеци сврте на една дремка 2:30 мин не осетив плачки најнормално премина без драма. Можеш да споделиш идеи за млечна каша?
Мојата е 6+ седи веќе сама и пробува да се исправи. Кога има каде да се држи знае да стане сама, ама ми кажаја да не дозволувам уште да станува.
А сама си седнува или вие ја седнувате? Кога ја наседнувам не е стабилна, навалена или потпрена на кревет седи но не долго, почнува да мрда да дофаќа играчиња и слично. Наредна недела сме на контрола и ќе го адресирам проблемов, но за сеа не сум добила никакви насоки или совети во поглед на ова...
Сама седнува, провери до стручно лице иако секое дете е различно. На пријателка знам и дадоја вежби да прави со малата. Јас барам некој да ми каже од искуство што препораки се кога од 6 месеци станува. Од едно дтручно лице добув коментар да одложувам да не и дозволувам да станува до 8 месеци поради кукчињата. @Brpbrp гледам твоето рано почнало да оди. Кога почна да станува?
Јас кога телефонскибсум се консултирала со Антоније ортопедот загрижена дека на 5-6м беше цело време ама буквално сажо на стомак и се влечеше со рацете ми кажа се што само прави бебе да не се спречува. Кај тебе ете побрзо, другарка девојчето 12мес уште не се исправа, нема правила. Ама не можеш да ја сопираш во развој...да консултираш уште едно мислење преглед да и направат. Само да се едитирам ова со куковите знам дека важи ти да не ја форсираш да ја паткаш или исправаш, а само детето може