Овде нема прегледи редовни на ортопед. Ја однесов еднаш и ме прашаја што не е во ред со неа. Мојата исто на 5 ипол почна да лази, на 6 си седнува и сега се исправа. Во игралиште кога ќе ја ставам не може да се фати за ограда затоа што и е високо, па со едното ноџе пробува да стане. Ќе прашам како и да е.
Ако имаш некој во МК може да ти заѕвони кај анотније за консултација не дека ќе те прашаат дали си била на преглед. Ја 2 пати се имам јавувано чисто ако не се снајдеш
Ми даде идеја со постот млекото да го дадам порано а да завршам со вечера. 3 часа го држи ад и има некогаш ужинка некогаш ми е полесно ад да му направам. Сакав да те прашам кој сооднос ги правиш кашите колку млеко ставаш на некои 200г каша ставам 60мл млеко и течно е пола тече... И за шмукалчињата домашни со што му ги правиш имаш купено такво што се полни или друго нешто?
Имам купено на Твистшејк 5 шмукалчиња од 220мл 806денари беа мислам али се мијат и во машина за садови. Во нутри булет ставам праска, јаболко и банана(зависи колкава е гледам да се помали за да не фрлам) ги правам во големата чаша од 700мл и полнам 2 шмукалчиња да не правам на 2 пати. Ако правиш од лино кашите јас ставам колку што пие млеко 180-210мл готов оброк и од кашата истурам одприлика додека да дојде средно густо(да не е за боцкање). И јас исто некогаш ако не е јаден ручек асално или изместен му е редот или мн рано да е станат му доаѓа и плус навечер само млеко за спиење да има како 6ти оброк али претежно се 5 и му одговара тој редослед. Денеска сабајле му дадов гриз со млеко правен, банана и неколку кекси и си се најаде
Фала ти не сум оравела на лино туку готвено овес со банана малку какао и ад или гриз со бисквита и ад ама ќе ги ѕирнам и на лино На хип ноќната бисквита или другите ич не го држат затоа гледам да му готвам
Луѓе помагајте, маж ми спиеше со безжичните слушалки од ајфон синоќа и јас бебче го ставив ма спална кај нас. Сабајлево стана и ја бара едната слушалка и ја нема и вика бебче ја голтнало, викам нема шанси бебче да ја голтне бе што ти е. Цел кревет го раскомоди да ја бара и ја нема и убеден е дека бебче ја има готлнатно. Гледам бебче нормално си седи си игра и мислам дека нема шанси да ја голтне нели? Сега одиме во болница убеден дека бебе голтнало слушалка.
Абе му викав нема шанси бе и умрев од смеење, ама ајде се спремив за на болница и таман да тргниме ја виде под стол во куња падната. Му олеснало, го замислувал на бебче операција како му прават. Остај тоа и работа ми отвори раскомодено е се ццц...
Јас така од памет се извадив за свирче од една од играчките ,знаете тие гумените. И го најдов внатре во играчката уствари пропаднало.
Абе на тие што се издадени по малку и јас ги вадам ,на ова беше навнатре скроз,затоа и пропаднало уствари. Ама не знаеш која паника ми се створи. Мм вика види колкаво е кој може да го голтне ова хаха
Мајки ќерка ми 8м е целата набабрена на горната вилица, овие гелчињата не ни помагаат па најдовме Останит гранули и гел. Упатството е цело на германски, некој што ги користел да ми каже како се даваат, по колку гранули и колку пати на ден?
Колку пати на ден ви какаат бебињата? Моето е 9++ се случува по 3 пати на ден да е искакан ...како 3 пати по малце кака. Претходно не памтам до кога ама си какаше по 1 на ден. Нормално ли е ова?
Кака некогаш и по 5 пати зависи колку јадел во текот на денот, некогаш кога не знае за доста повеќе пати кака . Нормално е особено ако внесува течности полесно си се олеснува.
Мојава е 3 месеци помала. Какаше 1 на ден во почетокот, кога воведував доручек. Па почна 2 пати. Сега еве со ручек плус, и до 3 пати знае да отиде, по малце. Некако логично ми е со бројов на оброци и какани пелени...
Мајки бебка ми е 6+, неколку дена мака мачиме со дремкиве како преку ден така и навечер. Писка, плаче, кењка таман ќе задрема ете ја будна плаче. Ако претходно беше будна 2часа па заспиваше и убаво си играше разгледуваше се, сега си седи дури и 4часа и повеќе ама и цело време кењка, приплачува, неможам да и угодам. Легната ќе поигра, се врти цело време на спална и 2мин и поседува плаче. Период ли е,што ли е ќе помине или ќе потрае ??
Да не е во 5ти скок? Мојата е 6+++ така правеше на почетокот од скокот а и сеуште знае еднаш у недела, недела ипол да направи така...
Па според апликацијата скокот заврши ама несетно, а изгледа како сега да почнал. Ми кењка и кога е во раце, а башка не сака ни да јаде, цврсто ја затвара устичката.. А може и забче е во прашање уште нема ниедно а се и е набабрено и бело доле кај единиците... еве незнам, ама ме исцрпи..