Кај мене така е 3 месеци веќе. Пред еден месец малку од малку имаше некој ред си заспиваше на секои 2 или 2,5 часа. Ама еве веќе 2 недели пак исто баш како што опишуваш ти. Кенка цело време а ако пробам да ја успијам нема шанси. На иста возраст се. Незнам можеби пак скок.
Денес ме полуде, значи немам душа веќе. Толку и се спие а кога ќе пробам ( заспиваше легната со цицање ) вреска како да се удрела со нешто. И ајде од почеток иста песна, дремна одвај со плачки 20мин и после кенка плаче трла очиња и се спие а неможе да заспие. Сега едвај со возење во автомобил задрема.. Некој совет кажете како да заспие без овие плачки не сака во количка не сака со цицање, друг начин има ли..? Освен ова возењево
Кога се смета дете за проодено и кога се прават стапалки? Моево бебе се пушта само да оди само уште не ровари по цела куќа оди неколку чекори па ќе седне или ќе тресне, да сметам дека е проодено или да почекам?
Според ортопед треба само да може да оди од еден крај на собата и да се врати тогаш е официјално проодено. Али ти можеш и сега да направиш стапалки. Моево само што се пушти направив стапалки.
Даа сега цел стан го шета, и кога сме во парк ме пушта од рака за да оди сам Кога проди послем две недели не сакаше да оди само лазеше 4-5дена и реков лее јас направив подтапалки го сликав све овој се откажа па послем тоа уште подтабилен беше и посигурен во себе
Здраво. Имам и погоре пишано на темата нејадење, за месец и пол не многу се смени. Бебето утре ми прави 7 месеци. Од 5 почнавме со кашички, на почетокот овошните ги сакаше повеќе, па веќе ги нејќе, житарки не може да смисли, а зеленчуковите некад ги јаде некад не. Значи борба е. Педијатарката ме искара дека често цицал, да не му давам да цица за да јаде. Пробав и тоа, вришти пишти ама нејќе да јаде. Да напоменам дека не пие ни вода. Едно време подобар беше деновиве е катастрофа. Кажете некое искуство, совет, многу се нервирам, само готвам и фрлам...
Сите сме поминале низ тоа, не се нервирај ќе јаде, ако сака млеко нека пие млеко, не готви еден период, пробај со купечко, вода ќе пие и мојот ич не пиеше, сите ме критикуваа дека јас не сум го научила па сам си почна да пие и да бара. Без нервоза полека, може вади заби па не сака да јаде
Сакам фотеља некоја детска да купам имате ли предлози? Гледам ви бебе хоум се по 1700 не знам како се движат цените? Сакам да е мека да не е пластична
Дека цицал затоа не јадел. Го оставам и по пет саати гладен и пак нејќе да јаде, плука и плаче се губи дури. тогаш попуштам јас и му давам да цица, може грешам, но колку саати да го оставам така....жал ми е и страв истовремено да не дехидрира на пеколов. И јас си велам заби да не се зашто претходните денови ручекот си го јадеше 150 гр. А нема ниту едно запче излезено
Давај му да си цица кога сака и колку сака пушти што ти кажуваат докторите гледај што ти бара детето, не велам да се откажеш од храна ама еден период не напињај , не знам кои намирници ги имаш воведено па затоа не можам да ти дадам предлог и ние имавме ваква криза одеднаш престана да јаде, фрлав се што ќе зготвев, по некое време престанав и јас да готвам, го оставив еден период на млеко па постепено почнав со купечки каши, па пак се вративме на готвено. Мој совет следи го детето што бара, игнор на околината, ќе се врати ќе си јаде, и не го оставај гладно да ти пишти, ако бара млеко дај му млеко, па постепено овошна кашичка ќе се излаже ќе јаде.
Ако напредува со килажа не се замарај, ако ти стагнира или намалува тогаш ќе мпра нешто да превземеш. Секако во скок кога се бараат повеќе да цицаат и одбиваат храна или ако се заби.
Малата почна од сабајле да повраќа два пати,ја однесовме на лекар иѓавѓе закажано за контрола немашњ ништо. Дома и дадов лебче и јогурт и го поврати,после малку јогурт и тоа поврати сега се напи вода и заспа. Нема тем. Прв пат вака и е и сум исплашена за некој ден една годинка ке прави. Оризова вода и направив ама дека заспа не сум и дала. Што можам друго
Има стомачен вирус, моето имаше дијареаа и неколку пати поврати. Јави се на матичната за што да дадеш. Јас давав ентерофурил орс и пробиотик
Давај електролити да не ти дехидрира. Во меѓувреме ти пишала и членката јави се на лекар што да правите понатака.
@Snowflake92 се јавив алвоген орс давам и пробиотик ама после еден саат ми ги поврати за јадење не знам што да и дадам страв ми е. А вака си е весела цело време