Немаат температура, супер и јас така ќе пробам нема да им давам ќе ги мачкам. Вчера и дадов на девојчето не знаев веќе како да ја смирам цел ден плачеше
Моето нема температура, ама ова мн ни помогна за спиење и за смирување на болка, се мачка на непцата. Во Зегин го има околу 200 ден. е.
Дали сте правеле масажа со алкохол за намалување на температура, мислам на медицински алкохол не ракија. Како треба да се раствори? Се масира раце,нозе,грб?
Се разредува со вода ама не знам сооднос да ти кажам, пред некој месец мислам дека за ова се пишуваше во темата за здравје
Кога преминавте на 1 дремка. Ќерка ми за 1 недела полни 1 година и има 2 дремки. Втората и е доцна (заспива 17-17:30 и спие 1/1,5 час). Вечер до 23,24 не сака да заспие. Пробав да и ја тргнам втората дремка но исто заспивс доцна. Не знам што да правам, секоја вечер со пискање и тегнење заспиваме.
Јас мешав обична ракија, не знаев дека може и медицински алкохол. Сооднос 50-50. Малку стоплено. Мачкам раце нозе грб пазуви и чело. Една мајка кажа дека памук натопен во оваа мешавина под пазуви давала ефект кај детето нејзино. Такви се примините од две дремки на една. Пробај да го будиш порано наутро. Пример будење во 9, дремка од 12 1 до 2 3 и вечер 9 во кревет.
Таа си се буди во 9-9:30. Заспива околу 12-13ч и спие 2 часа. После во 17 пак и се спие. Еден ден пробав да не ја успивам и ми заспа во 19:30 до 20:00.
Тоа е, кај некои бебиња е потежок тој премин. Синко сам почна да си спие кога му одговара, доста лесно поминав, во однос на други работи.
Кај нас се подобри ситуација со јадењето (бебе од 7 месеци), но почна да вади заби и не јаде ништо пак, не ни цица саглам, цицни пушти. Некој со вакво искуство?
Да не се урочам син ми 8 заби извади ама не одбил јадење фала богу. Ама секако ги боли не сакаат да јадат ама лошо е на жешково што не ти ни цица. Го мачкаш ли со крема некоја, земи некои шмукалчиња, сок, има едни во еурофарм како шмукалче мрежа ги полниш со овошје и да шмука и така ќе се лади
Еден ден не јаде, па еден ден јаде, вчера на пример јадеше убаво, еве утрово не сака, плаче кога ќе ја види лажицата. Ќе пробам и со тие од еурофарм, му давам и водичка, се надевам ќе се среди брзо. Крема не сум му ставила на непцата, ама мора изгледа да пробам и тоа. Мнооогу се нервирам и грижам кога не јаде.
Моево скоро 11 месеци веќе со истото се мачиме скоро месец дена. Сабајле порано мора да го разбудиш да стане. Или пак првата дремка да биде саат време до саат и пол, а втората или пола саат до саат максимум. За да легне порано. Навечер како спие?
За некој ден малата ќе прави 8 месеци. Е сега вака, беше на мајчино млеко ама пред извесно време почна да ми намалува млекото па зедов адаптирано ама не го сака, пие само кога е во длабок сон. Исто така почна да не ги сака кашите а бара да јаде. Незнам веќе што да и дадам. Ве молам за совет .
Добро до кога трае фазата да фрла сѐ од хранилка? Бебе е 9 месеци.Секој ден пред да ѝ дадам да јаде каша ѝ сервирам парченца за да зема да јаде сама а она веднаш бутка сѐ долу со раката Ќе јаде ли само некогаш ова мое дете?