Istata maka nie uste 1 nedela 9 meseci ke sme ama sve frla turka se bori kako golem covek ne prifaka ni sise ni kasicka nisto samo turka so racete golema maka...
Мислам дека ни џампер не се препорачува. Јас не користам ни тоа ни дубак.Ортопедот ми препорача само на земја и да прави што сака Сега има 9 месеци и веќе се исправа оди фатена за гарнитура
Не сум ги ставала ниту во џампер ниту во дубак.не се препорачуваат иако олеснуваат за родителите да си завршат некоја работа по дома. Децата си лазеа се факаа за столици и гарнитури и кога им дојде време се пуштија сами..
Дали им давате да ја дојадат кашата после дремка? Многу често не го дојадува доручекот, ич не сака овошјно-житни каши, изигравам кловн за да јаде. Ќе изеде 100грама па ќе ја легнам да спие и после дремката незнам дали да ѝ го давам остатокот..Како правите?
Ја знам дека ни едното ни другото не се препорачува и решив ништо да не користам. Од тоа што читав на форумов, има ортопеди кои викаат од 8м дека е ок по малку у дубак.
Моево 8++ и цело време се исправа сам на масичка, гарнитура.. од кога почна твоето незнам дали е во ред вака да прави
Ако ми изел малце знам после дремка да понудам некад прифаќа некад не, инаку не ја фрлам одма се надевам дека ќе сака
И јас истото прашував пред некое време затоа што мојата почна од 6+ да станува. Многу различни ставови и мислења има на оваа тема, но пишува дека ако не е форсирано не е проблем.
Девојки,имате ли исуство со афти на уста кај дете,на син ми од температура му се појави афта надворешна на горната усна, педијатарот ми рече да ставам дентинокс гел ама не прашав колку пати на ден има ли нешто поефикасно?
Пред некој ден и јас бев прашувала на форумов, ние имавме внатрешно на јазичето, 6++ сме, и ставав од гелот на Фрејзидерм за забчиња што е па гледам дека и се повлекло.
Какво форсирање тој во сред ноќ станува и сам се исправа во креветче, вчера срце ми застана го бутна шишето за вода седи на комода до креветчето абеее ми се скрати животот он станал спррмен за играње
На неполни 8 почна да се исправа сама а веќе сега има полни 9 и има 2-3 недели како оди потпрена за гарнитурата
Ми треба совет. Бебе почна да се исправа на колена. Ќе ја ставам во креветче и кога ќе заврши со дремка се фаќа за оградата (дрвено креветче) и иде со главата напред и се удира. Имам ставено камера за кога ќе стане одма да влезам во соба ама често е побрза од мене. Се мислам да ја обложам оградата со нешто ама веќе ставив од трите страни оградица иако ич не сакав летно време. Ако ставам и од предната страна нешто ќе нема никаков проток на воздух а ако ги тргнам сите ќе биде целата со џумки Како се справивте вие со ова?
Никако цел е со модрици. Ќе научи дека боли и ќе внимава. И плус ќе сфати како да се крева на нозе и нема да си ја удира толку главата. Мојот обавезно се мава во глава, вилицата си ја удира...гледам да не се притресувам. Плаче ли многу кога се удира? Ако ептен плаче едино со нешто да ја обложиш за да ублажи...
Моето е цело со џумки, што од креветче, што од кога лази и се чука насекаде со главата. Кога почна да се исправа на коленици и неколку пати си ја удри вилицата, го спуштив на најдолно ниво. Немам ставено оградици.