Грлото кашла и темп ми дадоа алгифор јуниор по 2.5мл 3х да давам. Ако не е подобро викендов во болница да одам. Не знам како ќе спие гладно, плачам готово, ништо не сака се му направив.
А му даваш електролити. Ако немаш земи и дабај му има на хип сигурно кај тебе и на некои други марки има. Нормално е да не сака и ние кога сме болни не ни се јаде ништо. Пробај кисело млеко јогурт нешто такво, сокче некое ...
Не му давам, што е тоа? Еве од сабајле стана плачеше плачеше и млеко мне сакаше ми го туркаше со раката, сокче од јаболко исто. Сега спие гладно цело време, не знам што да му дам.
Да ги надополни течностите изгубени добро од вчера цел ден нема 1 залак и 1 голтка млеко? Ако така носи го на лекар ќе ти дехидрира
Изеде сега ванила гриз како јогуртче е од хипп. Валда со тоа ќе живее сега за сега и му давам со сила да пие многу малку пие.
Знам како ти е, јас се убивав од плачење секогаш кога качуваше тт, еден период многу често ми качуваше скоро на секои две недели, и нормално омалаксан, само ја виснуваше главата, и одбиваше да јаде. Те гушкам, нека мине со лесно. Ама пробувај само јогурт или кисело млеко да му даваш, тие денови кога ми качуваше тт така преживуваше само на кисело млеко или павлака, некогаш и леб му ставав да го држи да не е гладен, и вода со лимон давај му во лажичка зошто од шише нема да сака да пие. За температурата да му паѓа и да не гори многу, ставај му оцет на чорапчињата, туширај го со млака вода, и чепчиња најбрзо паѓа од чепчето.
Мајки девојчево мое (9+++) има ептен коса ко за нејзина возраст, кикици ѝ врзувам Ама после капење никако не можам со пешкир да ѝ ја досушам, па ме интересира од кога можам фен да користам? Навечер пред легнување ја бањам ми е страв така со полу водена коса да ја оставам.
Исто од 5 месеци е со репчиња. Кога имаше два месеци можев со крпа ама веќе накај 4ти морав со фен, зима беше и многу и остануваше мокра и после бришење со крпа. Користам фен после секое бањање од далеку на средна топлина и дувањето на најјако
Синоќа добро поминавме иако легна да спие со 50гр гриз, се разбуди во 3 за млеко, ама пиеше само 50мл млеко со затворени очи и толку. Сега станавме во 7 и испи само 40мл и не сака. Ми е страв да не ми се одбие од млекото. Вака гледам подобро му е, ќе видам како ќе јаде доручек, ама за млекото ептен сум загрижена.
Знам и јас од тоа се плашев, дури мислев дека и шишето не му одговара веќе, од очај 5 нови шишиња купив, млеко сменив, буквално се, ама не било до тоа, од што не му било добро затоа одбивал, после кога беше подобар пак почна да си пие нормално како што пиеше. Ќе се среди и кај тебе, кога ќе му биде и него подобро ќе си пие пак како претходно, чим по малце пие не е страшно.
Мајки детево ми е 9+ Почна често да покажува нервоза, на пример ако сака нешто да направи а неможе, да се исправи од количката а не го зимам, стиска заби се нервира, незнам рандом од смеење па нервозен... Дали му е зошто заби горе сите 4 му искачаат? Или е период? Незнам дали е нормална реакција
Да ве прашам, ви чкрипаат ли бебињата со забите? Откако избија горните кецови нонстоп ги струга со долните. Имаме закажано педијатар во вторник, баш ќе прашам ама ме интересираат искуства
Не знам веќе што да направам за детето да си јаде како што си јадеше...да ти е мерак да ја ранеш. Беше болна од стомачен вирус еден ден повракаше два дена имаше пролив и еден ден температура. Сега никако не отвара уста на кашички само млеко и тоа со сила го пие се плашам дека ќе почне да намалува килажа и не знам како да постап... се консултирав со педијатар ми рече нормално е после повраќање постепено ќе се врати во нормала... ама таа два дена уста не отвара. Дали некоја имала вакво искуство? Многу сум загрижена
Јас.Бевме во Албанија, среде одмор закачи стомачен, една ноќ цела повраќање, наредната ноќ цела со температура ја помина, третата ноќ со дијареа цела вечер. 4тиот ден и 5 тиот се уште ништо не јадеше,само така по малце, е од 6 тиот ден па наваму како е зимата, абе мислам не пукна, на секој пола саат бара да јаде. Не му се мисли, уште и е тешко, ќе биде
Исто сакав да прашам и јас, мојата така ги струга забите, ние имаме 4 горе и 4 долу, да се надеваме дека е период, ако добиеш одговор од педијатар те молам сподели.
На бебче му е подобро, ама млекото сеуште ми го одбива. Да пробам тетрапак, колку да видам дали ќе пие. 8м сме..
Ако не сака млеко да пие не го форсирај. Давај му каши и ќе си тера. Можеш само за спиење или од сабајле да му даваш млеко. Или пробај смени му друго млеко и види дали ќе го сака.
Ама како тоа бебе без млеко??? Не сака ете ни кашички, може сеуште го боли грлото. Со 6 лажички е денес.. не знам... Сок од јаболко му давам и чајче.