Да да, мислев да ја седнам и да може сама да седи стабилно. Ако е нанапред малку може на кревет ако е седната јас да сум во близина инаку не седи.
Рано и' е уште, има време ќе се стабилизира и тоа одеднаш. Во два дена имаше огромна разлика кај мојов. Го возевме во автомобилче на акумулатор, првиот пат го држев за рака зашто се одвалуваше. Вториот ден сам се држеше за волан, а после третиот веќе исправен седи и чепка да дофати се' покрај што ќе помине. Можеш и на граничникот од количката да закачиш некоја играчка што ја сака. Па количката на 60 степени и сама ќе се исправа за да игра.
Да секако таа на сите страни се врти се сака да дофати. Се тегне секаде се да види и многу е активна ама многу си сака во раце да ја држам. Не сака долго време да е на под за да игра. Фала ти мила, така ке правам и ке ја следам
Zdr majki da prasam za decata od sosetka gi fati sipanica si razgovaravme po tel I mi kaza deka gi mackala so poxClin I tecna pudra ama gi gledam decata na dvorot se so luzni na liceto im ostanalo se nekoj da ne znae nekoja krema za da ne I ostanat na lice da I prenesam posto ke gi fati I moite ako se blizat I igraat
На 5+++ почна самостојно да седи сега за една недела прави 8 месеци секое дете е различно така да не форсирај само ќе си седне кога ќе биде стабилно.
Јас вака да си се пожалам. 9 месеци сме и бебче многу се промени има четири дена како се буди навечер со плачење по два пати пие млеко и заспива ајде лесно му е да се врати да спие, ама се буди во 6 и никако не сака да се врати да спие до 9. Жива не наспиена сум навечер се будам станувам во 6, добро тоа ама и не сака да го спуштам никаде одма плаче по мене нонстоп ммм ммм ммм значи толку ми е тешко не можам ни една обврска да ја завршам, нонстоп морам со него да се занимавам. Ќе го оставам во дневна кај играчките за 5 минути ќе почне ммм ммм мммм и мене ме бара кога ќе ме виде ме трга за нозе да го земам во раце. Значи цел ден така. Слободна сум само 2 сати во денот ако спие и тоа е тоа. Се друго со него правам ако седи, повеќето сака во раце да го земам и да го шетам и многу надвор сака да оди. Многу сум исцрпена, не знам како и сто што да му го одземам вниманието.
Нема да те утешам може ама да знаеш дека не си единствена, со мене спие од првиот ден, не фати цуцла никако, постојано спие со цице во уста, дневни дремки само со мене, ноќе се буди постојано, се врти на сите страни, по цел ден сум со неа на земја ја играм дека ако мрднам веднаш плаче.Мислев ќе помине период е ама ова трае веќе 8 месеци. Искрено прифатив дека такво ми е детето и знам дека се додека ја дојам ќе биде вака, дома завршувам по нешто со неа во раце или кога си доаѓа мм од работа(дури и со него кога е плаче по мене) .
Ве фатил 7 скок најверојатно. И кај нас така беше на почетокот и деновите околу громчето не се издржуваше од што само кенкаше по мене и да е во раце. Со ништо не сакаше да си игра. Стисни заби, ќе помине. Легнувај навечер со него.
Мајки, жени, малиот од ад му сменивме со битолско со витамини, но од страв да не не го прифати купивме уште едно ад бебелан 2, е сега тоа си го прифати најнормално, а ние фрливме уште 600 ден што се вика. Фискалната ја изгубив, може ли да го сменам во Зегин без фискална? Не верувам. Или да најдам од некој што купил исто па да ми ја даде да сменам,барем друго нешто да купам. Не сме толку при пари, инаку не би било проблем.
Еј моево е 5++ ама кога ке го седнам и со глава оди нанапред дирек на под ке падне ако не го фатам Абе дембелче се бавно бавно прави
Јас пак не го давам, мое си е ами. Абе не сакаат ни сами да го земат сега рацете ќе ги заболат. Мојот жив е многу и не можат ги боли кичмата Еве и сабајлево многу плачеше значи станот го оставив бомба и излегов со колицата и одма се смири. Не сакаше да јаде, му дадов кифла ајде надвор полека ја изеде..
Нормално е да се смени ритамот во овој период. Без разлика што спиело до 9 претходно, станувањето во 6 е сосема нормално. Како растат постепено ќе им се намалуваат саатите поминати во спиење, а повеќе саати ќе поминува во активност, игра. На тој начин ќе учи, ќе искусува, ќе се развива. Сега можеби само седи, подоцна ќе учи и да оди, па ќе мора да си цело време покрај него. Мораш да се прилагодуваш на него. Иако не сме мајките на копче, сепак, кога тоа спие, остави ги обврските и обиди се да спиеш и ти со него. Ќе ти треба екстра енергија и мораш да дадеш приоритет на себе и детето, односно на вашата добросостојба. Во периодов сега, и оној што ќе дојде, најверојатно нема да стигнуваш да си ги завршиш планираните обврски и ќе мора да го прифатиш тоа. Обврските ќе одат во втор план, дури не се осамостои малку детето. Ќе мора да направиш реорганизација, па и прераспределба на обврските на други. Ако се осеќаш премногу изморена, не се воздржувај да побараш помош. Замоли некој (маж ти, родителите и сл) да го почуваат кога ќе осетиш дека не можеш физички (а и психички) понатаму. Некогаш малку сон или мала прошетка сама надвор е доволно да си ги наполниш батериите. Сосема е ок во овој период да ти останат несредени дома некои работи или да купиш пица ако не си зготвила ручек дента. А за носењето во раце, бидејќи веќе не се лесни, мораш да внимаваш. Од оптеретувањето цело време во раце, може да си направиш проблеми. Јас си го зезнав рамото за цел живот со првото дете, со второто веќе знаев како да се поштедувам, зошто и да сакав неможев да го носам. Обавезно во количка/кенгур за надвор. Дома кога е будно, играње заедно. Му се посветував на детето, а обврските ги правев подоцна, кога маж ми ќе беше дома, или ќе имаше некој друг дома да ме одмени. Не му давав да ме тегне многу за нозе да го дигнам. Ќе му речев мама ја боли раката, прво приплакуваше, ама после некој ден се научи дека нема дигање. Кога веќе порасна и одеше сам користев ниски столчиња да се поткачи сам на нив, само со придржување, да седне на шоља или да влезе во када и сл.
На малата и приметив ова на јазичето. Бело е со кругчиња.. Кандида? Смеам ли сама да посегнам по нистатин или морам кај педијатарот?
Инхалатор на своја рака да не користам, така? 9 месеци бебе, затнато носе, не може да спие, дише низ уста, не знам како да и помогнам. Пробувам со физиолошки раствор директно во носе, не помага. Кај се стрефи продужен викенд