Слободно можеш да го инхалираш само со физиолошки и влечи од нос ако има до понеделник па ако не е подобро,тогаш обрати се на педијатар.
Само со физиолошки можеш слободно кога ќе сетиш дека настинува да го инхалираш, а за лек тоа мора со педијатар никако на своја рака
Мајки бебче е 6++, не ми јаде незнам зошто...на ад сме ни млеко саканда пие, каша многу малце јаде скоро па ич да не речам а вака си е супер расположен дента, ноќе почна почесто да се буди со плачење...имала некоја вакво искуство овој период??? Педијатар го провери вика супер си е, може да ти одбива млеко да нудам каши како оброк незнам што да правам... Можно лине заби да не му никнуваат незнам просветлете ме ве молам...
Не би се согласила , макар и физиолошки да е. Дете прво треба да се слушне па ако има потреба инхалации. Многу погрешно е што инхалаторот се користе како секојдневно помагало по дома , посебно па за носе затнато само. За затнато носе ќе пробаш прво со спрејче ( имаш еден куп ) кромид , лепенки и сл. @Bicka77 @Annath помагај објасни поубаво за инхалатор , по стручно ќе кажиш ти.
Ете, знам за кромидов, и јас другарка имам советувано така а за моево не ми текна Идам да сецнам сега, фала мајка!
Многу пати е кажано, инхалации не се прават за било што, само кога има индикација за нив (опструкции) со препорака стриктно од лекар, дури и за физиолошки. При обично затнато носе не се инхалира на своја рака, оти ако има бактерија во носот, може да се разнесе кај што не треба (надолу кон грло), па да се направи поголем проблем од затнат нос. Кој како сака нека прави. Јас лично никогаш не инхалирам за затнат нос, само физиолошки прскам постојано и повремено и диво оригано. @Bicka77 ако бебето е поголемо од 6 месеци има спреј од диво оригано за таа возраст. Ќе му олесни на носето многу.
Инхалатор купив ама ништо не направив од страв. Ќе го побарам денеска спрејот. Ноќеска беше за нијанса, две полесно со кромидот @Poppins
Синомарин хипертоничен растбор спреј за бебе валда добро го пишав. Во зегин го купив една членка овде го пиша нас највеќе ни помогна. Диво оригано не помогна. Ако и тебе не ти помогне земај ги одма овие
Добро си постапила . Инхалаторот да доста е корисен , али кога е стварно потребен и насочен од лекар после преглед да се користе. Па за носе затнато најлесно може да делуваме , сега во период на грејна сезона па ептен се затнуват , моите и двете оти со клима греам периодов , се се будеа со затнат нос. Спрејче јас користам изотоничен од зегин на special kid многу ми се свиѓа одма делува . Исто и кромидот за спање е погодок , спрејче од диво оригано исто доста добро.
Кога воведовте втор оброк кој период од денот му го давате? Јас моментално едниов оброк му го давам накај 12 ч. Па се мислам за втор кој период да го давам.
@IChika Кога воведував, давав доручек, млеко, ручек, млеко, млеко за спиење. Кога воведов вечера распоредот беше доручек, млеко, ручек, вечера, млеко за спиење. Сега веќе иде во градинка, јаде доручек и ручек таму па распоредот е сменет на доручек, ручек, млеко, вечера, млеко за спиење. Инаку јас порано го давам доручекот, пола саат, до 45мин откако ќе стане ама тоа се си зависи од бебето, кога е расположено... моето ете спремно е да јаде кога ќе стане (имаше денови кога и покасно стануваше па доручекот и беше околу 11) Треба и да размислиш дали вториот оброк сакаш да биде ручек или вечера. Советувај се и со педијатар околу ова. Вака кога ќе се препочитам ништо не ти помогнав ама сметам дека е индивидуално, води си се по бебето, види кој распоред најлесно ќе ти го прифати.
Мајки бебе е преладено кашла и има затнат нос еве веќе 4 дена не сака да јаде ништо преку сила една кашичка на ден ја однесов и на педијатар вика дека не каде затоа што е преладена под стрес сум многу
Мене ми помогна канестен заедно афлодерм, маст за потпарено не ми помогна мене а за јекодерм немам искуство.