Малиот е 11++. Неделно давам 4 дена месо, 2 дена јајце и 1 ден риба. Е сега ме буни ова со мафиниве со јајце што се прават. Тие ги давам во тој ден што е чисто јајце или може и во друг ден? Прашањето ми е да не му дојде многу внес на јајце??
Бебето има црвенило на пеленската регија поточно кај дундата и кај препоните кај што де поклопува кожата. Совет? Ќе земам на веледа за пеленска регија ќе исфрлам влажни марамици друго нз да ја одмивам ли со камилица?
Мајки до кога дабате пробиотик , јас до скоро давав секојдневно 10 месеци сме , сега мислам да направам подолга пауза , дали и некој друг дава пробиотик така
Мој совет само со вода да ја одмиваш на секое какањр, без камилици и чуда. Мојот беше исто потпарен и со ранички по препорака на педијатар првин еден слој канестен тенок да се исуши минутка два па афлодерм, посабајле и навечер, и да исклучам павловичева, со бекутан со цинк оксид да мачкам исто со тенок слој. Баш рече дека правиме голема грешка што ние мајките ставаме дебели слоеви крем на газот бидејќи така кожата не може да дише.
Не знам дали е баш за тука прашањево, ако има некој искуство - корисни ли се масичките за исправање и пред се, дали се стабилни? Има ли поента да се купи такво нешто?
Јас купив, повеќе ја игра на земја без ногарки отколку станата. Инаку интересна и е, најмногу ја игра од сите играчки.
А вака стабилна е, кога стои исправена на неа, не може да се лизне? Можеш ли да ми кажеш кој модел го имате? Бидејќи ќе нарачувам онлине, па нема да можам во живо да видам колку и дали е стабилна.
И јас ја зедов онлајн. Не е многу стабилна, до неа сум кога игра исправена.ама на земја сама игра, гајле нема. Ефтина беше од амазон ја нарачав.
Никакви помагала нема потреба за проодување кога ќе му се развијат мускулите ќе си се исправи и без да има нешто.
Моево се исправа веќе некое време, на се што ќе најде, повеќе ја мислев масичката како играчка, бидејќи со ништо не се заигрува од кога почна фазава на исправање, мислев може ќе му биде интересна така стоечки да ја игра Фала на совет
Ние имаме таква, искрено да ти кажам најмногу од се на неа се заигрува, на неа научи сама да се исправа и сега ја врти цела во круг и од неа се испушта на стол маса или што има околу, не се стабилни дека се пластика и лесни, но јас си најдов начин така што ја ставив на подлогата што ја имаме за играње и масичката ја прицврстив одоздола со силикон па не е мрдната досега и нема потреба да ја држам кога бебе се исправа и заигрува.
Maфини, палачинки и слични оброци со јајце можеш и во друг ден, не се сметаат ко варено јајце или кајгана. Не му е многу на 11+.
Со што да и помогнам да и се пушти носето освен што ставам синомарин (по препорака од педијатар, друго немало што мали биле) нз што друго би и помогнало? 11++ сме.
Брокулата како ја чувате,свежа во замрзнувач или проварена претходно? Купив една топка и незнам како да ја чувам