Прво мислев има некоја мака ради атопичниот, ама нема никакви промени на кожа. Сфатив дека некоја навика му е, ама зошто само со едното раче се думав. Сега кога знам дека е нормално, нека дешава раат. Цитирај ме, ти си поискусна мама, секогаш сакам да прочитам и твое мислење.
Дајте совет ве молам, нема што не пробав веќе и нема фајде. Пеленска регија е исипана со бубуљички кои моментално се само на надворешни усни. Судокрем, Џин-џира,флого, не помага. Канестем со Белогент (по совет на педијатар секако)три ден мачкав и се смири, ама после два дена пак се вратија.Мислев од малини и мандарина е,па не давав неколку денови, друго ново ништо не сум дала.Сменив пелени на две фирми и тоа, не, си стои така. Што би можело да е?!
Да пробаш со маста за потпарено? На син ми ептен му помогна. Само пеленска регија е? Да не има атопичен дерматит?
Измивај ја на секое какање, исфрли павловичева и земи бекутан со цинк оксид. Иначе син ми имаше ко ранички на газот со канестен и афлодерм му помина посабајле и навечер тенок слој а измеѓу со кремата од цинк оксид. И задржи се на едни пелени, не ги менувај еден куп може иритација и од тоа да добие.
Никогаш не сум користела павловичева. Судокремот е со цинк.. На памперс премиум беше од раѓање, па актив земав пред два месеца. Овој месец две сорти сменив и не и одговараат еве. Само пеленска. Порано само на газе имаше сеа ги снема таму напред се раширија. Ко рани некогаш се, се гледа нелагодност и ствараат
И јас како girl_20 би ти советувала veleda за пеленска , на моево исто имаше ранички направено ама не ги снема да речеме магично од едно мачкање него од неколку дена ама веќе не се појавија. И би те советувала исто многу малку да мачкаш за да дише кожата, педијатарот ме советуваше колку повеќе мачкаме толку повеќе проблеми им правиме.
И јас земав веледа од болница се мачевме со такви ранички беше жална за гледање али од неа уште полошо стана, мачкав антофунгол и белогент помешано и помина, сега скоро пак и се појавија и само маст за потпарено не спаси. Пробај може веледа ќе има ефект кај вас.
Мислам дека ќе ви помогне, ама скрос да биде размачкано да не стои во слој, за да може цинкот да ги исуши раничките.
Од кога почнаа вашите малечки да јадат парченца? Мојата е 9+, 4 забчиња има и двојките и искачаат. Кашички ми плука, а еве на доручек изеде повеќе сирење и леб туку брат и Дали може ова да го рачунам како оброк? Чудно ми е дека син ми до година ипол беше на блендирано..
Поголемава до година и пол јадеше блендирано,малава од 7-8 месеци парчиња.Плачеше кога и давав кашички и викаше "како даде". На година и пол сама јади со вилушка и лажичка
Мојата за некој ден 9м, ама јас од 8м почнав со парченца.Купечките каши исто од 8+ се веќе со парченца.Ама давам и каши.Има само 2 заба. Мојава ќе почне од 12 м на градинка и до тогаш мора да јаде веќе од истот јадење како нас и мора веќе сама да јаде со лажица.Вака е овде , исто беше и големата.Пред година јадеше што и ние само без сол или со ептен малку сол и без зачини.
Денеска приметив кога лежи почесто набрзина ја мрда главата лево десно,што може да е? Ми е чудно не правела вака до сега