Мајки како му помагате на бебче со затнато носе, неможе да спие мрсули до земја, влечам, ставам аква марис бебе, ставив и кромид дури во една тацна близу него...нешто друго совет...
Педиjатар мене ми кажа пред спиење инхалациjа сo ф.раствoр за да му oлесни, нo препoрака самo сo дoзвoла oд матичен.
Пред неполн месец бевме и ние со мрсоли многу ни помогна павле пакси маста, и ставав на носето одма и попушташе и по малку на гради и грбче мачкав.
И ја така се мачев што не пробав и на крај испадна бактерија во нос да има. Со пиење антибиотик му помина
Мајки ви пишувам тука се надевам ќе наидам на некоја со искуство во доење а потребно да прима антибиотици поради инфекција во заб. Што ви даваа, она што педијатар препорачува стоматолог не поради тоа што е многу слаб. Она што стоматолог дава пак педијатарот не одобрува паралелно со доење. Ве молам за искуство
Мајки на бебиња со затнати носиња, ѕирнете го ова, може ќе помогне. https://www.instagram.com/reel/CV8d9XRD0GN/?utm_medium=copy_link
Клиндамицин/климицин, јас пиев во бременост. На е lactancia пишува дека е безбедно и за време на доење.
Мајки ние за две недели роденден имаме, дури не ми се верува Не сум активна на форумов ама ова почнување на работа и дома доста хаотично Инаку потребна ми е консултација Детево навечер ми се буди за млеко нема шанси да презаспие без него Кажувајте како давате редослед јадење со ужинки, дали имате воведено ужинки и што давате? Ние имаме ваков редослед: Доручек во 7 Млеко во 10 Ручек во 13 Вечера во 17 Млеко во 20 И ноќе станува. Што да променам?
Не е до оброците. Секако ќе станува како и да правиш. Од искуство. Дали некоја навика или близина си бараат не знам. Битно големата беше така се додека не ја одбив. Цица или на ад сте?
Колку грамски ви се оброците? Кај нас распоредот е следен: Млеко 200мл во 6 Доручек околу 8 Ужина околу 10 Ручек во 13-14 Вечера околу 17 Млеко во 19-19:30 За ужина обично давам некоја овошка, шмукалче или мафин/американски палачинки. Другите оброци се 180-230гр., но како што е стрвен мислам дека да му дадам и 300гр ќе ги изеде.
Наздравје да му е, прво проблем јаде само блендано, второ количински знае и 150ка да изеде ретко над 200 Убаво што наутре откако ќе стане млеко пие мојов уста несака да отвори и сам си го исфрли првото млеко одма сме на доручек
Баш сакав да те прашам зошто не почнуваш со млеко наутро. Малку млеко пие, ништо не се 2 шишиња, претпоставувам по 180мл. се (готов оброк 210мл.) Ужина планирам да воведам после година. Добро јаде оброци, исто како Тини и 300г. да му дадам ќе ги изеде. Може и период е. Давај му шише навечер, нека не е гладно.
И моето се буди но некогаш место млеко успевам со чај да го заспијам , пробај чај водичка или сокче доколку сакаш да го одбегнеш млекцео
Со година секој ден, после годината од септември до крај на април, до 4 полни години. Препорака од педијатар.
Не е само на две шишиња на 3 е заедно со ноќното. Јас може и премногу му давам мора во некој од оброцитр да има кисело млеко или јогурт или пак ад со бисквити Пие 180ка, давам сеа за сеа и навечер ама многу се буди неспие ич мирно Сеа искочивме од скок, заби искочија, мислев уште едната двојка и ќе одмориме ама покрај неа почињаат изгледа и 4ки све наназад пика во уста @no name5 пробувам со вода тој ноќе пие поише вода од дење Немам пробано со чај може ќе го засити
Големата е скоро 4 ипол години, уште давам. Има некоја мајка што дава Молерс на 7 месечно бебе, наместо бејбитол омега? Како дозирате? За дадата користам, се мислам да почнам и за бебуш зошто бејбитол не ги можам. Ептен ми се разлеваат. Секако би давала и чист Д3 како и до сега. Педијатарот вика не знам, како сакаш. Видоевски вика види со педијатарот, јас мислам после година ипол Молерс.(што не ми е ич логично, зошто во упатството пишува после 6 месеци). И не знам што да правам..