Фала мама на одговор Се искомбинира се, заби изгледа и други ќе искачаат, носот, пролив... ај само нека поминува.
Абе цела недела не јаде, се лом прави со храната и себе и мене, различни текстури пробав, поладно, потопло... само правам, нудам, фрлам и чистам и така у круг.. се мрднав мислам, ...а не е нешто болна, носето малку и што имаше пролив, весела е баш, ама уста не отвара. Може уште заби ќе никнат, или е фаза,.. ништо ќе си цицаат и ќе оздрават, секако не можеме да ги натераме да јадат
Мамички бебушка не е настината ниту има мрсулчиња ама два дена веќе прави како да и смета нешто во грлото како да поткашлува ама малу не знам од што може така да прави,дали и е нешто ново интересно или што може да е?
Леле истото, и увек ама увек кога ќе се исправи одма има коментар абе рано му е не го форсирај ќе се деформира. И цело време го гледам по нозе по ‘рбет немој нешто да се случи. Што да му правам само си се исправа и си цупка у место, зарем треба да го седнувам или легнувам кога ќе се исправи
Аха така мислев и јас ама малиов ми е 6 месеци, почна многу да ми плаче на впзење во кола, и затоа што е голем некако мн како стуткан беше во таа позиција во кола. Го свртев вчера напред и се и се врати на старо, не плачеше што се вози, си заспа. Ме фати страв да не напраам некој проблем што е свртен, а инаку вака е прилично цврст, седи сам, се исправа да стои.
Јас му цедам лимон, мандарина, портокал, најубаво е така да прима. Престанав да му давам хип сокчиња и крвната слика му е супер сега.