Морбили има 5 случаи. Вакцината е за морбили. Не за сипаници кои ги прележуваме сите. Децава не биле вакцинирани сите. Не знам од кај се појавиле...
Мене само од таа ми е страв. Па нели порано сите беа вакцинирани, од каде сега се појавија ? А каде се тие 5 случаеви, не сум прочитала ништо?
3 во Гази Баба 2 во Кондово. Од 2014 немало ниеден случај. Како и да е, како да ги заштитиме децата? Сега кога болниците се преполни од вируси настинка како да знам дека детето кое е до моето у редот нема морбили? Си паничам ко секоаш.
Таа паника е нормална кај секој родител. А вие уште сте мали или нема да ја ставате воопшто? Јас прво мислев да ја ставам само таа од страв за морбилите, ама читајќи толку негативни искуства за таа вакцина се решив да не ја ставам.
Нема потреба од паники. Ќе си ги вакцинирате децата кога вие сакате. Овие случаи со морбили се деца кои живеат во субстандардни услови, и не би менувало многу дали децата се вакцинирани или не. А сметам дека ова е само еден начин да се исплашат оние кои не вакцинираат, дека наводно болеста се шири. Впрочем, низ цела Европа се прави ова оти опаѓа стапката на вакцинација, фармакомафијата работи, не спие. Јас денес во школото и пратив известување на учителката на синко дека не дозволувам боцкање без моја дозвола, без разлика дали се работи за редовен календар или вонредна имунизација. Малово не ми е вакцинирано воопшто. И да беше, ќе требаше сега по календар да ја прима ММР. Кога зборувавме за вакцини, за или против, матичниот педијатар ми кажа дека кај родители кои вакцинираат нејзина препорака е да се почека со ММР до кај три полни години, т.е детето да прооди и да прозбори убаво, па после тоа да се боцка.
Мислиш вирусот од нечистотиите го добиле? Коа ќе ми текне дека пред 1 недела едното е однесено на клиника а истиот ден и ние бевме у чекална ми се повраќа од страв.
Колку и да сакаме, неможеме 100% да ги заштитиме децата. Од каде да знаеме дали некое дете го носи вирусот во него , пред да се исфрли. А неможеме да го изолираме од секаде. Само ќе кажам, Господ нека ги чува.
Немаат основни услови за живот, живеат во картонски кутии, немаат основна хигиена. Многу нормално е да закачат нешто, па и морбили. Јас иначе живеам во општина Гази Баба, ама не во тој дел каде што живеат тие. И не се плашам, тоа е, немам моќ да сменам нешто. Јас не сум вакцинирана, така што и јас сум во опасност да заболам. Како што пиша @iloveyou29, не можеш 100% да го заштитиш детето, ниту себеси. Немаш таква моќ. Не знаеме кој што носи во себе, ама па не можеме и тотално да се изолираме. Јас од работа којзнае што носам дома, ама затоа пред да го земам малото во раце, темелно се мијам. Тоа е она што можам да го направам, другото е во Господови раце. Реално, и да е вакцинирано детето, нема 100% заштита, ниту од болеста, ниту од, не дај Боже, компликации.
Големата ќерка до сега ги има редовно примено сите вакцини, сега е второ одд малава до годинка сите и тука прекинавме, за ММР многу се мислам, иако знам дека кога тогаш и таа ќе ја прими, сега е веќе скоро две ипол години, би почекала до 3, така и рекоа дека може да се одложува И мене ме загрижи веста за морбиливе.
Моето е 18месеци,сабахле пред работа бев да ј одложам ММР, бидејќи добивме покана за утре да се вкцинира. Но сеуште синко не зборува испушта по некое зборче, но на негов јазик И јас нема да ја ставам барем не додека не прозбори убаво. Ама и стравот во мене е голем
@joy1 сакам да те прашам дали даваш некои суплементи на малата во исхраната, нешто за поддршка на имунитетот? Моево е 15месеци, пие витамини но за апетит бидејки слабо јаде, но ме советуваат бидејки е невакцинирано да давам имуностимулатори ,јас лично сметам дека нема потреба бидејки со самото тоа што не е вакцинирано има супер имунитет, ниту една настинка до сега, а многу пати бил во опкружување на настинати лица. Не го чувам дома шетаме секаде, има контакт со луге... можеби и грешам, не знам, зашто допрва му се гради имунитетот, но како и да е до сега да не подречам е супер. Во одност на темата и она што го спомна и џој, не можам да поверувам колку мали деца се со малигни болести, постојано фрчат на фб , тв ,апели за помош
не давам.Имам баш пишувано и во другите теми дека не давав никогаш ништо.Сега скоро беше пробав со витамин ц и со матичен млеч ама ги плука .Искрено немам живци за да ја молам и залажувам за да ги пие. големата пие пробиотик со цинк јас мн ги шетам моите.Ке лажам ако кажам дека сме се на чист воздух.Не сме.Ги носам и двете и во кафичи,и во молови сме често,буквално секаде се со мене.И стварно неможам да се пожалам со малото дека било болежливо.Еден стомачен вирус ја фати и толку.Се останато било настинки,течење нос кои поминувале за неколку дена без терапии.
Имам едно прашање до поискусните што не вакцинирале (вакцинираат) Мои блиски роднини не ги вакцинирале двете ќерки од вакцината "ХПВ" После толку години пред некој ден им стигнала казна од 500€ со услов или да платат или да вакцинираат. За помалата ќерка се работи, за поголемата ништо не им стигнало иако не е вакцинирана. Е Сега прашањето ми е : дали некој(а) знае како може да се избегне вакцинирањето без да се плати казна? И дали тоа одбегнување би било долга процедура и влечкање по судови? Се надевам убаво објаснив.
зошто казна кога вакцината не е задолжителна туку беше право на избор?Јас како што знам хпв не е никаде во календар за имунизација освен ако не смениле нешто.Невидена глупост. инаку @augustd е правник ке ти објасни подобро. имаше скоро клип (незнам од која држава).Снимени беа девојчињата во школо после примена хпв вакцина .Сите добија страшни грчеви(конвулзии) на телото и тресење без контрола.
Епа тоа е работата, зошто казна за помалата, кога и поголемата не е вакцинирана од Хпв? Или заборавиле па ајде сега ќе пуштаме казни после 10 години, кај кој ќе им се фати таму. Баш поради истава причина што ја наведе не ги вакцинирале.
И нас ни стигна уште една покана за Ммр и пишува вака: "за нејавување на оваа покана се казнува парично согласно Законот за заштита на населението од заразни болести кои ја загрозуваат Република Македонија." И тоа со црвено ми го имаат подвлечено и напишале ИТНО!
Многу е строго овде во Битола. Знам и во други градови другарки што не вакцинираат не добиле покани воопшто, а немаат ни една примено децата. Мене и за првите три поливалентни што ги прими со задоцнување ме притискаа константно. Да се надополнам плус со ова, јас неколку пати им имам соопштено по телефон дека детето мое повраќаше од жолчка и не давам јајце. Запнале за алерго тест да однесам како доказ, а со педијатар од Скопје што се консултирав ми кажа дека може се работи и за интолеранција што не секогаш ќе покаже на алерго тест. И го одложувам тестот дури не можам да сметам на точни резултати, нели сите не ги признаваат до 3 години. А во случај да е интолерантен, никој нема да гарантира дека нема да предизвика некој проблем вакцината поради составот.